Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Бељаковце

Координати: 42°6′2.6″N 21°56′25″E / 42.100722° СГШ; 21.94028° ИГД / 42.100722; 21.94028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Воздушен поглед на селската црква во Бељаковце

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Клечовска
Местоположба

Карта

Координати 42°6′2.6″N 21°56′25″E / 42.100722° СГШ; 21.94028° ИГД / 42.100722; 21.94028
Место Бељаковце
Општина Куманово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1605-1606
Ктитор презвитер Ѓурка
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Свети Никола (или Света Петка) — главна селска црква во кумановското село Бељаковце, Македонија.[1][2]

Црквата се наоѓа во исклучително лоша состојба, целосно обрасната и покриена од вегетација.[3]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во Чифлачкото Маало, во стариот дел на Бељаковце, сместено на левиот брег на Крива Река. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта, како и зградата на училиштето, кое било подигнато пред крајот на отоманскиот период.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Според зачуваниот натпис, црквата е изградена и живописана во 1605 – 1606 г. од ктиторот, презвитер Ѓурка.[5][6]

Црквата била подновена во 1901 година.[3]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Храмот претставува еднокорабна гробишна црква.[2] Истата била изградена од камен, а нејзиниот покрив бил од плочи.[4]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]
Натпис од подновата во 1901 г.

Дел од живописот е прекриен со подоцнежни слоеви.[2]

При обновувањето на црквата во 1901 година, бил нацртан и нов живопис, кој бил дел на Атанас Николов од Велес.

За ова сведочи натписот:

Въ 1901. го се понови овои хра-
мъ ст҃ый Николае съ пожертвованіето
на цѣлото село Белаковци. Епитропъ беше
Младенъ Стоилковъ. Свѣщеникъ Алексїе Младеновъ
Јулїи 10 Зографъ Атанасъ Николовъ изъ Велесъ

Иконостас

[уреди | уреди извор]

Имала ѕидан и веројатно �� живописан иконостас.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 56. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1311. ISBN 978-608-203-024-1.
  3. 3,0 3,1 Brko (2015-04-05). „Beljakovce (Beljakovtse) - St. Nicholas“. Journey Macedonia (англиски). Посетено на 2023-11-11.
  4. 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 186.
  5. Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 72.
  6. Крстиќ, Славица (2009). Црквата Св. Никола во Бељаковце, Музејски гласник, 10. Куманово: Музеј - Куманово.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]