Прејди на содржината

Црква „Св. Константин и Елена“ - Разловци

Координати: 41°50′32″N 22°46′4″E / 41.84222° СГШ; 22.76778° ИГД / 41.84222; 22.76778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Константин и Елена

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Делчевско
Парохија Тработивишка
Местоположба

Карта

Координати 41°50′32″N 22°46′4″E / 41.84222° СГШ; 22.76778° ИГД / 41.84222; 22.76778
Место Разловци
Општина Делчево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Константин и Елена
Изградба 1850
Живопис 1859
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Свети Константин и Елена — главна селска црква во пијанечкото село Разловци.[1][2]

Црквата се наоѓа во самото село, вкопана во земја, но сепак нејзината препознатлива камбанарија ја оддава положбата на црквата.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1850 година. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.[2]

Според мештаните, црквата е уште постара. Започнува да се гради по иницијатива на Поп Стојан, заедно со блиските соработници Цоне Спасев, Стоил Ѓорѓов и Стоил Ковач. Нивните ликови се фрескоживописани на западната страна на црквата, наречени „ктитори сосе доми“, односно ктиторите со семејствата.[3]

Црквата ја градело целото село, но Турците ја стопирале градбата бидејќи немало дозвола и на тоа место немало стара црква. Селаните го донеле стариот камен крст од црквата „Св. Никола“ од Горно Поле, го закопале на местото каде се градела новата црква и продолжиле со работата. Интересно е што за портата на црквата биле изработени два големи клуча од Стоил Ковач, а со едниот од нив и ден-денес се отвора оваа црква.[3]

Кога Поп Стојан ја започнал својата револуционерна дејност, фреската со својот лик ја премачкал со пепел и вар. Така премачкана стоела уште сто години и била повторно откриена во 1976 година, на стогодишнината од востанието.[3]

Спроти Благовец во 1914 година во дворот на црквата кај варницата полна со вар и вода, четата на Јован Бабунски извршила крвав терор. Имено, сите осомничени за соработка со бугарските власти (свештеници и клисари) живи ги боделе и ги фрлале во варницата.[3]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Црквата по својата градба е еднокорабна.[3]

Камбанаријата на црквата била изградена во 1938 година, кога свештеник бил поп Манасија од Разловци, при што малата камбана е лиена во Неврокоп во 1909 година, а големата во Разловци.[3]

Камбанаријата на црквата

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Зографисана е во целост од непознат зограф.[2] Во црквата се наоѓа насликано македонското сонце од Кутлеш.[3]

Црквата е фрескоживописана во 1859 година, што се гледа од натписот на иконата на „Света Богородица“. Фреските ги работел Васил Зограф, син на Ѓорѓија Зограф од Струмица.[3]

Иконостас

[уреди | уреди извор]

Иконите потекнуваат од XIX век од Глигориј Пецанов, Васил Зограф и непознати автори.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Тработивишка парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-27. Посетено на 15 јуни 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 28. Посетено на 15 јуни 2018.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]