Црква „Св. Атанасиј“ - Варош
Свети Атанасиј
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Варошка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Варош |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Архитектонски опис |
Свети Атанасиј претставува македонски православен храм, кој се наоѓа среде средновековната населба Варош[1], во непосредна близина на црквите „Свети Димитриј“, „Света Богородица – Пречиста“ и манастирот “Свети Архангел Михаил“.
Историја
[уреди | уреди извор]За црквата не се зачувани никакви историски податоци, ниту се најдени натписи во самата црква, современи на нејзиното подигање и живописување. Тоа го усложнува нејзиното попрецизно датирање. Во врска со црквата, се спомнува само архимандритот Леонтиј, кој во 1622 година подарил еден псалтир на манастирот „Зограф“ на Света Гора.
Архитектонски одлики
[уреди | уреди извор]Црквата има крстообразна форма. Куполата е изведена преку сферни триаголници, носени од четири монолитни столбови, од кои се сочувани само двата на источната страна. Во ѕидовите на црквата користен е антички градежен материјал, меѓу кои спаѓаат и погоре спомнатите столбови.
На олтарната апсида, која однадвор е тространа, се наоѓа убаво пропорциониран бифорен прозорец со камена колонета. Над влезната врата од западната страна, во тимпанот, сочувана е фреската со ликот на свети Атанасиј. Црквата е градена во комбинација на правилни тесаници и цигла, што претставува карактеристичен начин на ѕидање и оживување на фасадите во XIV век. Во текот на времето, во населбата Варош, многу цркви се урнати до темел, а некои од нив, како „Свети Атанасиј“, сериозно се оштетени. Од првобитниот живопис, кој целосно е уништен, сочувани се видливи траги на јужниот ѕид.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Преспанско-пелагониската епархија
- Цркви во Прилепското архијерејско намесништво
- Варошка парохија
- Цркви во Општина Прилеп
- Варош
- Никулци за цркви во Македонија
- Културно наследство на Македонија во Општина Прилеп
- Храмови посветени на Свети Атанасиј во Македонија