Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрајбергер Мулде (германски: Freiberger Mulde) — река во Саксонија, Германија. Таа е десна притока на Мулде и е долга 124 километри.
Изворот на реката е во Рудните Планини, близу Молдава, во Чешка. Таа тече северозападно, поминувајќи ја границата со Германија по неколку километри, до Фрајберг (оттаму и името) и понатаму кон северозапад низ Носен, Дебелн и Лајсниг. Неколку километри северно од Колдиц, на Фрајбергер Мулде ѝ се придружува Цвикауер Мулде за да ја создадат Мулде. Мулде е притока на Елба.