Од Википедија — слободната енциклопедија
Сукот |
---|
Од лево кон десно: лулав, сад за етрог и етрог користени на Сукот |
Офиц. назив | хебрејски: ראש השנה |
---|
Наречен и | Празник на сениците, Празник на колибите |
---|
Го празнува(ат) | јудаизмот и Евреите |
---|
Вид | еврејски |
---|
Почнува | почеток на првиот ден во тишри |
---|
Завршува | крај на вториот ден во тишри |
---|
Обичаи | јадење во сука, носење на четири билки, хакафот во синагога |
---|
Сукот[1] или Сеници[2] (хебрејски: סוכות или סֻכּוֹת сукот или сукос), наречен и Празник на колибите — еврејски празник кој се празнува на петнаесеттиот ден од месецот тишри (се менува од крајот на септември до крајот на октомври). Тој е еден од трите празници за поколение (шалош регалим) на којшто израелските племиња оделе на поколение во Ерусалимскиот храм.
Празникот трае седум дена во Израел и осум во еврејската дијаспора. Првиот ден (втор ден во дијаспората) е шабат, ден во којшто работењето е забрането, по што следуваат средишни денови наречени Хол ха-Моед. Фестивалот завршува исто така на шабат, кој е наречен Шмини Ацерет (два дена во дијаспората, каде што вториот се нарекува Симхат Тора). Секој ден од празникот, задолжително е спроведување на церемонија со четири билки.
Хебрејскиот збор сукот е множина од сука, со значење „сеница“ или „колиба“, што претставува ѕидна конструкција покриена со схах (растителен материјал како обраснатост или лисја од палма). Суката има за цел да послужи како сеќавање на видот на кршливи живеалишта во коишто, според Тората, се населиле израелските племиња за време на нивното 40-годишно патување во пустината по Егзодусот во Египет. За време на празникот, оброците се јадат во суката и многу луѓе исто така спијат во неа. Сука исто така е назив на привремено живеалиште во коешто се населувале земјоделците за време на жетва.
|
---|
| Еврејски празници и чествувања | Шабат | |
---|
| Големи празници | |
---|
| Три празници за поклонение |
|
---|
| |
|
---|
| Државни празници и спомен-денови на Израел | |
---|
| Македонски спомен-денови | |
---|
| Етнички празници | |
---|
| Месеци на еврејскиот календар | |
---|
| |
|