Меѓународниот олимписки комитет (МОК или IOC) користи државни кодови кои се состојат од трибуквени кратенки и ја означуваат секоја земја што се натпреварува во Олимписките игри. Секој код обично претставува извесен национален олимписки комитет, но постојат и други кодови што се користеле на извесни игри, како мешани екипи од повеќе земји и групи спортисти што не претставуваат поединечна земја.
Неколку кодови на МОК се разликуваат од стандардните кодови на ISO 3166-1 alpha-3. Слични кодови користат и други меѓународни спортски организации како ФИФА, ФИБА и Федерацијата на Комонвелтските игри.
Покрај олимписките, националните параолимписките комитети (НПК) посветени на Параолимписките игри исто така имаат стандардизирани кодови. Неодамнешни примери на земји што имаат НПК, но не НОК се Макао и Фарските Острови, со кодовте MAC односно FRO.[2][3]
Моментално во светот постојат 204 национални олимписки комитети (НОК-ови). На табелата е прикажан кодот за секој НОК. како и поранешни кодови од минати игри кај оние што претрпеле измена. На местата кајшто има посебни кодови за летни и зимски олимпијади, тие се означени со „Л“ и „З“.
ANZ сега фигурира во базата на МОК[5] за медалистите од екипата на Австралазија составена од натпреварувачи од Австралија и Нов Зеланд на олимпијадите од 1908 и 1912 г. Во 1920 почнале да се натпреваруваат како посебни земји.
EUA сега фигурира во базата на МОК[5] за медалистите од Обединетата германска екипа, составена од учесници од Источна и Западна Германија на олимпијадите од 1956 до 1964. Во овој период екипата едноставно се нарекувала Germany („Германија“) во службените извештаи.
EUN на олимпијадата во 1992 г. (летната и зимската) за Обединетата екипа составена од учесници од поранешните советски републики. Таа година независен статус имале само балтичките држави; останатите дванаесет земји почнале да се натпреваруваат независно во 1994 и/или 1996.
IOP на олимпијадата во 1992 г. за „Независните учесници“ - учесниците од СР Југославија кои не можеле да се натпреваруваат како екипа поради санкциите на ООН.
IOC бил код на учесниците од Кувајт на Азиските игри од 2010 г. поради запирањето на членството на Кувајтскиот олимписки комитет.
ZZX се користи за медалите освоени од мешани екипи на учесници од повеќе земји (како на пр. Франција и Велика Британија) на олимпијадите во 1896, 1900 и 1904 г.
↑Mallon, Bill; Ove Karlsson (2004). „IOC and OCOG Abbreviations for NOCs“(PDF). Journal of Olympic History. 12 (2): 25–28. Архивирано од изворникот(PDF) на 2010-08-08. Посетено на 8 февруари 2008.
Xth Winter Olympic Games Official Report(PDF). Comité d'Organisation des xèmes Jeux Olympiques d'Hiver de Grenoble. 1969. стр. 401. Архивирано од изворникот(PDF) на 2008-02-26. Посетено на 31 јануари 2008.
(ed.) Bertl Neumann. XII.Olympische Winterspiele Innsbruck 1976 Final Report(PDF). Organizing Committee for the XIIth Winter Olympic Games 1976 at Innsbruck. стр. 163. Архивирано од изворникот(PDF) на 2008-02-26. Посетено на 31 јануари 2008.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
(ed.) Shinano Mainichi Shimbun (1998). „Volume Three Competition Results and Participants“. The XVIII Olympic Winter Games Official Report(PDF). The Organizing Committee for the XVIII Olympic Winter Games, Nagano 1998. стр. 12. ISBN4-7840-9827-5. Архивирано од изворникот(PDF) на 2008-02-26. Посетено на 31 јануари 2008.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
(ed.) Skarveli, Efharis; Zervos, Isabel (2005). Official Report of the XXVIII Olympiad, Volume Two: The Games(PDF). Athens 2004 Organising Committee for the Olympic Games. стр. 528–529. ISBN960-88101-7-5. Архивирано од изворникот(PDF) на 2008-08-19. Посетено на 5 февруари 2008.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)