Социјалдемократска партија на Македонија
Социјалдемократска партија на Македонија | |
---|---|
Водач | Бранко Јаневски |
Основач | Славко Милосавлевски |
Основана | 1990 |
Штаб | Скопје, Република Македонија |
Идеологија | социјалдемократија |
Меѓународна припадност | нема |
Европска припадност | нема |
Бои | црвена, бела, зелена |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Социјалдемократска партија на Македонија (СДПМ) - македонска политичка партија.
Историја
[уреди | уреди извор]Партијата е формирана во 1990[1] и е една од првите регистрирани партии во Македонија чиј претседател и еден од основачите бил Славко Милосавлевски. На парламентарните избори во 1990 година освоила 1,6% од гласовите во првиот круг односно 0,6% во вториот.[2] Во некои подрачја учествувала во коалиција заедно со Сојузот на реформски сили, но не успеала да освои пратеничко место.
И покрај помалиот број на гласови добиени од претходните избори, на парл��ментарните избори во 1994, партијата успеала да освои едно пратеничко место во Собранието.[2]
СДПМ не учествувала на парламентарните избори во 1998[3], но повторно учествувала на следните избори во 2002 година каде што освоила само 0,3% од вкупниот број на гласови и не успеала да освои пратеничко место. На парламентарните избори во 2006 година, партијата забележала благ пораст, односно добила 0,9% од вкупниот број на гласови и не успеала да освои пратеничко место. На парламентарните избори во 2008 година партијата освоила 0,6% од вкупниот број на гласови повторно не успевајќи да освои пратеничко место. Сличен процент партијата добила и на парламентарните избори во 2011 и подоцна во 2014 каде што освојува 0,6% односно 0,2% од вкупниот број на гласови. Партијата не учествувала на парламентарните избори во 2016 година.
Контроверзност
[уреди | уреди извор]Многумина сметале дека одржливата бројка која варирала од околу 4.000 до околу 8,000 гласови на парламентарните избори во 2006, 2008 и 2014 се должела на тоа што на кандидатските листи коишто СДПМ ги пријавувала на тие избори, стоеле слични имиња и презимиња на кандидати од најголемите две партии (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ).
Партијата повторно се обидела да го направи истиот потег при пријавување на кандидатски листи на изборите во 2016 година, но Државната изборна комисија ги одбила.[4][5][6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Republic of Macedonia's 2014 Parliamentary Elections Handbook Konrad Adenauer Stiftung
- ↑ 2,0 2,1 Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1288 ISBN 978-3-8329-5609-7
- ↑ Nohlen & Stöver, p1281
- ↑ Кандидати на СДСМ добија дублери: Продановски, Николовски, Шукуроска, телевизија 24 Вести, 12.11.2016
- ↑ Финти со слични имиња повторно ќе ги бунат гласачите на избори, НоваТВ, 12.11.2016
- ↑ ДИК ги констатираше кандидатските листи, исклучени контроверзни имиња од СДПМ Архивирано на 17 ноември 2016 г., Кајгана, 14.11.2016