Смилја Конеска
Изглед
Смилја Конеска | ||
Родена | 8 јануари 1931 Прилеп, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | физичар, универзитетска професорка |
Смилја Конеска (8 јануари 1931 во Прилеп) — македонска физичарка и универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Дипломирала (1954) на Филозофскиот факултет на Групата за физика. Магистрирала на ПМФ во Загреб од областа на јадрената физика. Докторирала (1979) на ПМФ со „Термодилатациона студија на легури на антимон и цинк“. Спец��јализирала во Трст и во Копенхаген. Го вовела предметот „јадрена физика“ на ПМФ, подготвила лабораториски практикум за него и учебник („Јадрена физика“, со Д. Гершановски, 1998). Објавувала во Македонија и во странство главно за својствата на легурите. Била декан на Факултетот за физика (1981-83).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Конески“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 725. Text "series " ignored (help)