Прејди на содржината

Сливје

Координати: 41°27′00″N 21°22′22″E / 41.45000° СГШ; 21.37278° ИГД / 41.45000; 21.37278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сливје

Поглед на Сливје

Сливје во рамките на Македонија
Сливје
Местоположба на Сливје во Македонија
Сливје на карта

Карта

Координати 41°27′00″N 21°22′22″E / 41.45000° СГШ; 21.37278° ИГД / 41.45000; 21.37278
Регион  Пелагониски
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 23 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7505
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20097
Надм. вис. 625 м
Сливје на општинската карта

Атарот на Сливје во рамките на општината
Сливје на Ризницата

Сливјесело во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Сливје се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, непосредно од десната страна на реката Рибник. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 625 м. Од Прилеп е оддалечено 29 км. Селскиот атар зафаќа површина од 2,6 км2.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделска функција и на неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 186 ха.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948183—    
1953215+17.5%
1961199−7.4%
1971196−1.5%
198193−52.6%
ГодинаНас.±%
199140−57.0%
199432−20.0%
200235+9.4%
202123−34.3%

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година како дел од Прилепскиот Вилает и во него живееле 37 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сливје било село со 18 домаќинства и 85 жители Македонци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сливје имало 82 жители Македонци и 14 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 56 жители Македонци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сливје се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 23 жители, од кои 21 Македонец и 2 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 96 56 183 215 199 196 93 40 32 35 23
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Сливје е македонско село.

Родови во селото се: Кунтушовци (6 к.) по потекло се од селото Бистрица, Азот, го знаат следното родословие: Илија (жив на 67 г. во 1950-тите) Стојан-Трајко, основачот на родот, Трајко од Бистрица најпрво се доселил Браилово, па потоа во Пешталево, па се вратил назад во Браилово, во Сливје дошол синот на Трајко, Стојан; Михајловци (3 к.) доселени се од селото Рилево, таму припаѓале на родот Машуловци кои биле староседелци; Минчевци (4 к.) доселени се од Заград, тоа е сега раселено село близу Прилеп, во Сливје дошле 1900 година; Спировци (3 к.) доселени се во 1900 година од селото Секирци, таму припаѓале на родот Тренковци; Котевци (3 к.) доселени се во 1900 година, пред тоа живееле во селото Браилово и некои други прилепски села; Антовци (5 к.) доселени се во 1902 година, пред тоа живееле во Браилово, Ропотово и Пешталево; Стамболџиовци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Зрзе, таму припаѓале на истоимениот род, подалечно потекло имаат од Дебарско; Тренковци (1 к.) доселени се од селото Секирци, таму потекнувале од домазет доселен однекаде; Ропановци (1 к.) доселени се од Рилево, таму имаат истоимени роднини доселени однекаде.[15]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Во селото порано имало основно училиште во коешто се одржувала настава до четврто одделение.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1482 од изборната единица 5 според Државната изборна комисија, сместено во зградата на поранешното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[17]

Културни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Црква — црква од непознат период;
  • Меѓа — некропола од непознат период;
  • Каменица — некропола од непознат период.
Цркви[19]


  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 261.
  3. Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ, кн. 4. Скопје. стр.53.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 март 2020.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2019-01-01.
  16. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 31 март 2020.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]