Славонска епархија
Славонската епархија (српски: Епархија славонска, хрватски:Eparhija slavonska) — епархија (диоцеза) на Српската православна црква која ги опфаќа подрачјата на западна и централна Славонија, во Хрватска. Од 2014 година, епархијата е предводена од страна на владиката Јован Чулибрк.
Историја
[уреди | уреди извор]Во текот на средниот век, Славонската бановина беше под власт на унгарските кралеви. Од 15 век, некои источни региони на Славонија биле населени од Срби, кои се населиле на оваа територија по нивното бегство од Босна, дури пред турското освојување од 1463 година. Бидејќи Србите беа православни христијани, се појавија тензии меѓу нив и локалната Католичка црква. Во 1438 година, папата Евгениј IV (1431-1447) го испрати инквизиторот Џакомо дела Марка во Славонија како мисионер, со порачка да ги преобрати „расколничките“ Срби во „римската религија“ и ако во тоа не успее да ги протера.[1]
Во текот на овој период, српското благородништво беше исто така присутно во регионот. Во 1454 година, Српската православна литургиска книга, Вараждински апостол, беше напишана во горнославонскиот град Вараждин, за принцезата Катарина Бранковиќ од Србија, сопруга на Улрих II, грофот на Цеље. Во првата половина на 16 век, целата територија на Славонија беше опустошена од честите војни. Српскиот деспотот Павле Бакиќ беше поразен во Битката кај Ѓаково во Славонија (1537), при одбраната на регионот од Османлиите. По овој настан, источниот дел познат како Долна Славонија беше освоен од страна на Османлиите, додека западниот дел (познат како Горна Славонија) беше под хабсбуршка власт.[2]
Бидејќи обновувањето на Српската патријаршија во Печ во 1557 година, православните Срби од Долна Славонија биле ставени во надлежност на Пожешката епархија, со центар во Ораховичкиот манастир.[2] Во 1595 година, српскиот православен митрополит Василије Пожешки се пресели во Горна Славонија, под хабсбуршка власт, со цел да го избегне турското угнетување.[1]
Историски, епархија била позната како Пожешка епархија во 16 и 17 век, а подоц��а и како Пакрачка епархија. Во текот на 18 и 19 век, таа била под јурисдикција на српскиот павославен Карловачки метрополитанат. Од 1920 година, таа припаѓа на обединета Српска православна црква.
Началници
[уреди | уреди извор]Митрополити на Пожега (Долна Славонија)
[уреди | уреди извор]- Јосиф (околу 1585 година),
- Василије (околу 1590-1595),
- Софроније (за време на 16 и ли 17 век),
- Григорије (за време на 16 и ли 17 век),
- Стефан (околу 1641 година).
Епископи на Пакрац (Долна Славонија)
[уреди | уреди извор]- Софроније Подгоричанин (1705-1710),
- Василије Рајиќ (1710-1714),
- Гаврило Поповиќ (1715-1716),
- Атанасије Радошевиќ (1717-1720),
- Никифор Стефановиќ (1721-1743),
- Софроније Јовановиќ (1743-1757),
- Вичентије Јовановиќ Видак (1757-1759), администрација
- Арсеније Радивојевиќ (1759-1769),
- Атанасије Живковиќ (1770-1781),
- Јосиф Јовановиќ Шакабента (1781-1783),
- Павле Авакумовиќ (178?-1786),
- Кирил Живковиќ (1786-1807),
- Јосиф Путник (1808-1828),
- Ѓоргије Хранислав (1829-1839),
- Стефан Поповиќ (1839-1843),
- Стефан Крагујевиќ (1843-1864),
- Никанор Грујиќ (1864-1887),
- Мирон Николиќ (1890-1941),
- Дамаскин Грданички (1945-1951), администрација
Епископи на Славонија
[уреди | уреди извор]- Емилијан Мариновиќ (1952-1981),
- Лукијан Пантелиќ (1985-1999),
- Сава Јуриќ (1999-2013),
- Јован Чулибрк (од 2014)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Mileusnić 1997.
- ↑ 2,0 2,1 Ćirković 2004.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Ćirković, Sima (2004). The Serbs. Malden: Blackwell Publishing.
- Mileusnić, Slobodan (1997). Spiritual Genocide: A survey of destroyed, damaged and desecrated churches, monasteries and other church buildings during the war 1991-1995 (1997). Belgrade: Museum of the Serbian Orthodox Church.
- Вуковић, Сава (1996). Српски јерарси од деветог до двадесетог века (Serbian Hierarchs from the 9th to the 20th Century). Евро, Унирекс, Каленић.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница Архивирано на 11 август 2013 г.
- Србите во поранешна СР Хрватска
- Духовен геноцид: Славонската епархиј