Прејди на содржината

Симон де Бовоар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Средба меѓу Симон де Бовоар, Жан-Пол Сартр и Че Гевара во Куба во 1960 г.

Симон де Бовоар (фр. Simone de Beauvoir; Париз, 9 јануари 1908 - Париз, 14 април 1986) — француска писателка и филозоф, автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзистенцијализмот. Автор е на делото „Вториот пол“, 1949 г. Таа била истакнат современ феминистички писател. Нејзиниот главен придонес за феминистичката теорија е аргументот дека во патријархалната култура, мажественоста е поставена како позитивна норма, а женското или женственоста е поставена како негативна, или како она што Де Бовоар го нарекува „Другото”. Таа верува дека Другоста е фундаментална категорија во човековото мислење. Според неа, идентитетот на жената како Друг и нејзиното суштинско отуѓување произлегуваат делумно од нејзиното тело, особено репродуктивниот капацитет, и делумно од историската поделба на трудот диктирана од бременоста и одгледувањето на децата. Де Бовоар тврди дека жените треба да ја зајакнат нивната рационалност и критичка моќ со цел да достигнат трансценденција.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Симон де Бовоар е ќерка на Жорж де Бовоар, адвокат и глумец и Франсоа Брасур, млада жена од Верден. Родена е во Париз како Симон Луси Ернестин Мари Бертранд де Бовоар таа своето основно образование го стекнува во католичко училиште за девојчиња. Овие училишта во тоа време биле гледани како места каде што девојчињата се образуваат да бидат мајки и сопруги, а не како место каде што детето ќе стекне знаење. По Првата светска војна, таткото на мајка и Густав Брасур, претседател на банка банкротира и целото негово семејство запаѓа во тешка сиромаштија. Семејството морало да се пресели во помал стан, а Жорж де Бовоар се враќа на работа, врската меѓу нејзините родители започнува да страда.

Симон била свесна за желбата на нејзиниот татко да има син, наместо две ќерки (таа и нејзината сестра Хелен де Бовоар која е позната сликарка). Нејзиниот татко честопати и вели на Симон дека има мозок на маж, така што таа уште на рана возраст е најдобар ученик во нејзиниот клас. Жорж де Бовоар ја пренесува својата страст кон литературата на својата ќерка Симон. Подоцна тој станува свесен дека само успех во образованието може да им помогне на неговите ќерки да не живеат во сиромаштија.

Уште на 15 години, Симон одлучува дека ќе стане познат писател. Таа е успешна во многу предмети, но особено ја интересира филозофија и токму тоа го студира на Универзитетот во Париз. На факултетот Симон се сретнува со многу млади интелектуалци меѓу кои и Жан Пол Сартр.

Откако дипломира математика и филозофија, таа започнува да студира математика на Католичкиот Институт и литература и јазици на Институтот Света Марија. Подоцна студира филозофија на Сорбона. Во 1929 година, додека е на Сорбона, Бовоар студира на École Normale заедно со Сартр. Во 1929 година, на 21 година Симон станува најмладиот студент кој се здобил со agrégation (висока диплома во францускиот образовен систем) во областа на филозофијата, и станува деветта жена која ја поседува оваа диплома. На крајните испити таа добива второ место а Сартр со 24 години е првиот. Според биографијата на Деидре Бар од 1990 година за Симон де Бовоар, комисијата се размислувала кому да ја даде оваа висока почест на Сартр или на Бовоар. На крајот награден бил Сартр. Додека е на Сорбона, Бовоар се здобива со својот животен прекар Кастор, што на француски значи "дабар" заради нејзината анимална етика кога станува збор за работата.

Таа е тука за да остане и Мандарин

[уреди | уреди извор]

Во 1943 година Бовоар ја објавува книгата "Таа е тука за да остане", роман која ја бележи нејзината врска со Жан Пол Сартр, Олга Косакиевиц и Ванда Косакиевиц. Олга била една од студентките во Руенскиот колеџ каде што Бовоар предавала во раните триести години. Олга била нејзина миленичка. Сартр ја прогонувал и и се додворувал на Олга, но таа постојано го одбивала, затоа тој започнал врска со нејзината сестра Ванда. Сартр ја издржувал Олга со години сè додека таа не го сретнала нејзиниот сопруг и љубовник на Симон де Бовоар Жак Лорен Буст. До својата смрт Сартр ја издржувал нејзинта сестра Ванда. Во романот кој е сместен пред почетокот на Втората светска војна, Бовоар создава еден лик кој е мешавина од Олга и Ванда. Во романот Бовоар и Сартр живеат во тројка со една млада жена. Романот ја опишува комплексната врска на Бовоар и Сартр и влијанието на ménage à trois (тројката во врската)

Метафикцискиот роман на Бовоар "Таа е тука за да остане" е проследен со многу други дела како што е "Мандарин" за кој ја добива најпрестижната француска награда за литература Prix Goncourt. Мандарин се случува на крајот на Втората светска војна и ги опишува Сартр, Нелсон Алгрен како и многу други филозофи и пријатели на Сартр и Бовоар.

Егзистенцијалистичка етикa

[уреди | уреди извор]

Во 1944 година Бовоар ги пишува Pyrrhus et Cinéas дискусија за егзистенцијалистичката етика што претставувало инспирација за таа да напише уште многу есеи на оваа тема. Книгата "Двосмислена етика" од 1947 година е можби најмаркантниот влез во францускиот егзистенцијализам.

Сексуалност, егзистенцијалистички феминизам и Вториот Пол

[уреди | уреди извор]

Вториот Пол бил првично објавен како книга од два тома во Франција во 1949 година. Ова дело набрзо се објавува и во Америка а преводот го прави Хауард Паршли, а подготвен е од Бланш Кноф, жена на издавачот Алфред А. Кноф. Бидејќи Паршли имал само основно познавање на францускиот јазик и минимално разбирање од филозофија омплетно ги искривил пораките во делото на Бовоар. Сепак, до денешен ден Кноф не дозволува да се овозможи попрецизен превод на англиски на делото на Бовоар, одбивајќи ги сите предлози на проучувачите на егзистенцијализмот.

На нејзин сопствен начин, Бовоар го антиципира сексуално набоениот феминизам на Ерика Јонг и Жермен Грир. Американскиот писател Нелсон Алгрен бил шокиран од искрениот начин на кој Бовоар подоцна ги опишува нејзините сексуални искуства во Јужна Америка во делото "Мандарин" (посветено на Алгрен врз кој се заснова ликот на карактерот Луис Броган) во нејзинат автобиографија. Тој бил бесен откако ги видел преводите на англиски јазик. ��убовните писма за Алгрен се објавени дури по смртта на Симон де Бовоар.

Во главата "Жена: Мит и Реалност" во делото Вториот Пол, Бовоар тврди дека мажот ја прави жената Другиот во општеството, со примена на лажна аура на "мистерија" околу неа. Таа тврди дека мажите го користиле ова како изговор да не ги разбираат жените или нивните проблеми, и да не им помогнат, и дека ова стереотипирање секогаш било направено во општествата од страна на група повисоко во хиерархијата кон групата пониско во хиерархијата. Таа пишала дека сличен вид на угнетување во хиерархијата, исто така се случи во други категории на идентитетот, како што се расата, класата и религијата, но таа тврди дека ова не е повеќе вистинито отколку со половите каде мажите ги стереотипирале жените и го користеле ова како изговор за организирање на општеството во патријархат.

Де Бовоар тврди дека жените историски се сметале за девијантни, абнормални. Таа вели дека дури и британската писателка и феминистка Мери Волстонкрафт сметала дека мажите се идеали кон што треба да се стреми и секоја жена. Бовоар вели дека ова однесување го ограничува успехот на жената така што се одржува перцепцијата дека тие отстапуваат од нормалното, и дека секогаш биле аутсајдери обидувајќи се да го емулираат "нормалното". Таа смета дека за да има прогресија во феминизмот неопходно е оваа претпоставка да исчезне.

Клучните концепти на феминистичкото движење во 1970-тите се директно поврзани со идеите за родот како социјална конструкција презентирани во „Вториот пол“. И покрај нејзиниот придонес во феминистичкото движење, особено ослободителното движење на француските жени, и нејзините верувања во економската независност на жените и еднакво образование де Бовоар не сакала да се нарече феминистка. Сепак, по набљудувањето на оживувањето на феминистичкото движење во доцните 1960-ти и раните 1970-ти, де Бовоар изјавила дека таа повеќе не верува дека социјалистичката револуција е доволна за ослободувањето на жените. Таа јавно самата се прогласи за феминистка во 1972 година, во интервју за „Le Nouvel Observateur“.

Вториот Пол, издаден на француски јазик го лоцира францускиот егзистенцијализам кој препишува морална револуција. Како егзистенцијалист, Бовоар го прифаќа правилото на Сартр дека "егзистенцијата и претходи на есенцијата", според тоа никој не се раѓа како жена, туку тоа станува подоцна. Нејзините анализи се фокусираат на Хегеловиот концепт на Другоста. Општествената конструкција на Жената како типична Другост де Бовоар ја идентификува како фундаментална за угнетувањето на жените. Бовоар смета дека и жените се способни да прават добри избори исто како и мажите, и на тој начин тие можат да ја подигнат својата свест, да отидат понатаму од "иманенција" кон "трансценденција", позиција која е одговорна, позиција во која единката ја избира слободата.

Подоцнежни години

[уреди | уреди извор]

Бовоар ги пишува патописите кои се дневнички записи за нејзините патувања во САД и Кина, ги објавува есеи и фикција особено во 1950 и 1960 година. Таа објавува неколку тома на кратки раскази кои зборуваат за стареењето.

Нејзиниот есеј од 1970 година La Vieillesse (Надоаѓањето н годините) е интелектуална медитација за пропаѓањето и осаменоста што сите човечки суштества ги искусуваат доколку не умрат пред да наполнат 60 години. Во 1981 година таа го пишува La Cérémonie Des Adieux (Простување од Сартр) болен приказ на последните години на Сартр. Во воведот на Adieux Бовоар зборува дека тоа е единственото нејзино големо издадено дело кое Сартр не го прочитал пред да се издаде. Таа и Сартр секогаш си ги читале меѓусебно делата. По смртта на Сартр, Бовоар ги објавува неговите љубовни писма за неа.

Наследство

[уреди | уреди извор]

Бовоар умира од пневмонија на возраст од 78 години. Закопана е до Сартр на гробиштата Монпарнас во Париз. По нејзинта смрт нејзинта репутација се зголемува. Особено во академијата, таа се смета за мајка на пост-феминизмот (1968).

Во 2006 година градот Париз именува мост во чест на оваа француска писателка и феминистка, мостот се вика Passerelle Simone-de-Beauvoir и води до Националната библиотека во Париз.

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.