Симоне Ѕаѕа
Симоне Ѕаѕа | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 25 јуни 1991 | ||
Роден во | Поликоро, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м[1] | 1,87||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Торино | ||
Број | 11 | ||
Агент | Кристијан Маифреди | ||
Младинска кариера | |||
Стела Аѕура Берналда | |||
Валдера | |||
Аталанта | |||
Сампдорија | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008-2010 | Аталанта | 3 | (0) |
2010-2013 | Сампдорија | 2 | (0) |
2011-2012 | → Јуве Стабија | 4 | (0) |
2012 | → Вијареџо | 18 | (11) |
2012-2013 | → Асколи | 35 | (18) |
2013-2015 | Сасуоло | 64 | (20) |
2015-2017 | Јувентус | 19 | (5) |
2016-2017 | → Вест Хем Јунајтед | 8 | (0) |
2017-2018 | Валенсија | 33 | (13) |
2018- | Торино | 5 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2007 | Италија 16 | 3 | (0) |
2007 | Италија 17 | 2 | (0) |
2009-2010 | Италија 19 | 1 | (0) |
2014- | Италија | 16 | (1) |
* Ажурирано на: 7 мај 2017 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Симоне Ѕаѕа (роден на 25 јуни 1991 година) — италијански фудбалер, напаѓач на Валенсија и на италијанската репрезентација.
Кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци и Атланата
[уреди | уреди извор]Роден во Поликоро, провинција Матера, и жител на Метапонто, на шест години се приклучил на фудбалската школа Стела Аѕура од Берналда каде што бил воочен од страна на екипата на Аталанта, кои одлучиле да го дадат да игра фудбал и да созрева во Валдера, нивна збратимена екипа од градот Пиза.[2] Во летото 2006 година Заза се преселил во Бергамо каде што растел играјќи фудбал во младоста.[2] Во 2008 година тој го освоил Турнирот на градот Арко - Бепе Виола, резервирана за категорија играчи под 16 години, со што стана најдобар стрелец на натпреварувањето со 5 гола.[2]
На 1 март 2009 година, кога имал само 17 години, го направил своето деби за првиот тим во Серија А за време на натпреварот Аталанта-Кјево (0-2), влегувајќи на местото на Фереира Пинто во 86-тата минута.[3] На 24 мај 2009 година го одиграл својот прв натпревар како стартер во Серија А, во натпреварот на домашен терен против Палермо, кој завршил 2-2.[4] Својата прва професионална сезона ја завршил со три натпревари во италијанското првенство.
Следната сезона неуспеал да избори ниту еден настап за првиот тим; на крајот од сезоната станал слободен играч.
Сампдорија и позајмиците во Јуве Стабија и Вијареџо
[уреди | уреди извор]На 1 јули 2010 година, со слободен трансфер, потпишал четиригодишен договор со Сампдорија.[5][6] Сезоната главно ја минал играјќи за Примавера тимот, но на 16 февруари 2011 го одиграл првиот натпревар во дресот на Сампдорија (за првиот тим) и тоа за време на Градското дерби против Џенова на домашен терен, заменувајќи го Даниеле Десена во 78-мата минута; натпреварот завршил 1-0 за Џенова.
Во следната сезона бил позајмен на Јуве Стабија во Серија Б[5][7] правејќи го своето деби на 27 август 2011 за време на натпреварот Емполи-Јуве Стабија (2-1); за осите одиграл само 4 натпревари во првата половина од сезоната, бидејќи тренерот Бралја не ги воочил неговите големи квалитети, па на 5 јануари 2012 тој бил позајмен на Вијареџо во Лега Про Прима Дивизионе;[8] Ѕаѕа одиграл 16 првенствени натпревари и 2 во баражот за опстанок постигнувајќи 11 гола вкупно.
Асколи
[уреди | уреди извор]Ѕаѕа се вратил во Џенова откако му завршил заемот во Вијареџо, а на 17 јули 2012 година се преселил, одново бил поазјмен овојпат во Асколи, во Серија Б.[9] На 9 септември го постигнал својот прв гол во втората италијанска лига, во натпреварот Виртус Ланчано-Асколи (1-1); На 20 октомври за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, но не можел да го спречи поразот на неговиот тим со 2-4 од Јуве Стабија на домашен терен. На 26 декември 2012 година, за време на натпреварот Асколи-Читадела (4-1), го постигнал својот десетти гол за сезоната, достигнувајќи за првпат во својата кариера двоцифрена бројка погодоци во текот на една сезона. На 6 март 2013 година, во победата на гости над Чезена со 2-1, тој вторпат во текот на сезоната бил двоен стрелец. Сезоната ја завршил со вкупно 35 натпревари во Серија Б, на кој постигнал 18 гола, но сепак тие се покажале недоволни за Асколи да се спаси од испаѓање во Лега Про Прима Дивизионе.
Сасуоло
[уреди | уреди извор]На 9 јули 2013 година, Јувентус целосно го купил Ѕаѕа од Сампдорија за сума од 3,5 милиони евра исплатени во три години; истовремено Јувентус му префрлил половина од договорот на Сасуоло во замена за сума од 2,5 милиони евра која требало да биде платена во три години.[10] Со трансферот во Сасуоло, Ѕаѕа повторно добил шанса да игра во Серија А, правејќи го дебито за Сасуоло во првото коло од првенството, во натпреварот Торино-Сасуоло (2-0). На 1 септември 2013 година, во второто коло од првенството, го постигнал својот прв гол во Серија А во поразот на домашен терен од Ливорно со 1-4; воедно тоа бил и првиот гол на Сасуоло во Серија А во историјата на клубот.[11] Благодарение токму на Ѕаѕа екипата од Емилија-Ромања дошла и до првиот бод во првата лига на Италија во својата историја, кога тој ја затресол мрежата на Наполи за да го израмни резултатот на 1-1 (што било и конечен резултат на натпреварот) во петтото коло од сезоната.[12] Својата прва сезона како стандарден играч во Серија А ја завршил со 33 настапи и 9 постигнати гола.
На 20 јуни 2014 година, Сасуоло ја откупил и другата половина од договорот на Ѕаѕа која му припаѓала на Јувентус во износ од 7,5 милиони евра,[13] но според договорот Јувентус го задржал правото на целосен откуп на играчот за сума од 15 милиони евра до 30 јуни 2015 година и 18 милиони евра до 30 јуни 2016 година.[14] На 7 јануари 2015 го продолжил договорот со Сасуоло до 2019 година.[15] Втората сезона во Сасуоло му била уште поуспешна од првата, постигнувајќи 11 гола на 31 настап во Серија А, а исто така постигнал еден гол и во Купот на Италија, каде Сасуоло бил елиминиран во осминафиналето.
Вкупно во дресот на Сасуоло одиграл 69 натпревари и постигнал 21 гол.
Јувентус
[уреди | уреди извор]На 7 јули 2015, Ѕаѕа бил купен од страна на Јувентус за 18.000.000 € (плаќање во следните три години), потпишувајќи договор на пет години.[16] На неговата презентација во клубот на 17 јули го избрал дресот со број 7., претходно носен од Симоне Пепе. Дебитирал за Јувентус на 20 септември во победата над Џенова со 2-0, влегувајќи од клупата. Три дена подоцна го постигнал својот прв гол во црно-белиот дрес против Фрозиноне. На 30 септември дебитирал во Лигата на шампионите во победата со 2-0 на домашен терен над Севиља, постигнувајќи го вториот гол за Јувентус во самата завршница од натпреварот по еден контра-напад. На 16 декември постигнал два гола во победата со 4-0 над градскиот соперник Торино во осминафиналето од Купот на Италија. На 13 февруари со својот погодок во 88-мата минута од натпреварот против Наполи му донел одлучувачка победа на Јувентус со 1-0 над директниот конкурент за скудетото и искачување на неговиот тим на чело на табелата во Серија А.
Сезоната 2015-2016 ја завршил со вкупно 25 настапи и 8 постигнати гола. На 25 април го освоил скудетото со Јувентус, а на 21 мај Купот на Италија, негови први во кариерата.
Вест Хем Јунајтед
[уреди | уреди изво��]На 28 август 2016, Ѕаѕа се преселил во Вест Хем Јунајтед на заем за 5 милиони евра, со задолжителен откуп за 20 милиони евра во зависност од бројот на настапи во Премиер лигата, плус 3 милиони во бонуси.[17] Своето деби за клубот го направил на 10 септември, во поразот со 4-2 на домашен терен од Вотфорд.[18] Ѕаѕа одиграл вкупно 11 натпревари за Вест Хем, 8 во Премиер лигата и три во Лига купот, без постигнат гол. Неговиот последен настап за чеканите бил на 30 ноември, во поразот со 1-4 од Манчестер Јунајтед во Лига купот.
Валенсија
[уреди | уреди извор]Откако го напуштил Вест Хем на 15 јануари 2017, Ѕаѕа потпишал со шпанскиот прволигаш Валенсија, доаѓајќи во клубот на заем за 2 милиони евра со право на откуп од Јувентус за 16 милиони евра. Своето деби го направил на 21 јануари 2017, во гостинската победа над Вилјареал со 2-0.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Ѕаѕа ја претставувал Италија во репрезентациите под 16, под 17 и под 19 години.
На 31 август 2014 година, тој бил повикан од страна на селекторот на сениорската репрезентација Антонио Конте за пријателскиот натпревар против Холандија и првиот квалификациски натпревар за Евро 2016 против Норвешка. На 4 септември, Ѕаѕа го направил своето деби за италијанската репрезентација, играјќи како стартер во победата против Холандија. Тој изборил пенал за својата репрезентација во тој натпревар, откако бил фаулиран од страна на Бруно Мартинс Инди во 9-тата минута, а изведувачот Даниеле Де Роси го постигнал вториот гол за Италија во победата од 2-0.[19] Пет дена подоцна, Ѕаѕа го постигнал својот прв гол во националниот дрес во победата со 2-0 над Норвешка во квалификациите за Евро 2016.[20]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
04-09-2014 | Бари | Италија | 2 – 0 | Холандија | Пријателска | - | 73' | |
09-09-2014 | Осло | Норвешка | 0 – 2 | Италија | Квал. за Евро 2016 | 1 | 82' | |
10-10-2014 | Палермо | Италија | 2 – 1 | Азербејџан | Квал. за Евро 2016 | - | 86' | |
16-11-2014 | Милано | Италија | 1 – 1 | Хрватска | Квал. за Евро 2016 | - | 63' | |
28-03-2015 | Софија | Бугарија | 2 – 2 | Италија | Квал. за Евро 2016 | - | 58' | |
06-09-2015 | Бари | Италија | 1 – 0 | Бугарија | Квал. за Евро 2016 | - | 71' | |
13-11-2015 | Брисел | Белгија | 3 – 1 | Италија | Пријателска | - | 80' | |
24-03-2016 | Удине | Италија | 1 – 1 | Шпанија | Пријателска | - | 60' | |
29-03-2016 | Минхен | Германија | 4 – 1 | Италија | Пријателска | - | 78' | |
29-05-2016 | Та-Кали | Италија | 1 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | 67' | |
06-06-2016 | Верона | Италија | 2 – 0 | Финска | Пријателска | - | 81' | |
17-06-2016 | Тулус | Италија | 1 – 0 | Шведска | Евро 2016-1 фаза | - | 60' | |
22-06-2016 | Лил | Италија | 0 – 1 | Ирска | Евро 2016-1 фаза | - | 87' | |
02-07-2016 | Бордо | Германија | 1 – 1 прод. (5-4 пен.) |
Италија | Евро 2016-Четвртфинале | - | 120+1' | |
Вкупно | Настапи | 14 | Голови | 1 |
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 31 мај 2015..
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2008-2009 | Аталанта | А | 3 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 |
2009-2010 | А | 0 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 | |
Вкупно Аталанта | 3 | 0 | 0 | 0 | - | - | - | - | 3 | 0 | |||||
2010-2011 | Сампдорија | А | 2 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 0 | 0 | - | - | - | 2 | 0 |
2011-јан. 2012 | Јуве Стабија | Б | 4 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 |
јан.-јун. 2012 | Вијареџо | 1D | 16+2[21] | 9+2[21] | КИ-ЛП | - | - | - | - | - | - | - | - | 18 | 11 |
2012-2013 | Асколи | Б | 35 | 18 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 36 | 18 |
2013-2014 | Сасуоло | А | 33 | 9 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 35 | 9 |
2014-2015 | А | 31 | 11 | КИ | 3 | 1 | - | - | - | - | - | - | 34 | 12 | |
Вкупно Сасуоло | 64 | 20 | 5 | 1 | - | - | - | - | 69 | 21 | |||||
2015-2016 | Јувентус | А | 19 | 5 | КИ | 3 | 2 | ЛШ | 2 | 1 | СИ | 0 | 0 | 24 | 8 |
2016- јан. 2017 | Вест Хем Јунајтед | А | 8 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+3 | 0+0 | ЛЕ | 0 | 0 | - | - | - | 11 | 0 |
јан.-јун. 2017 | Валенсија | ПД | 20 | 6 | КШ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 20 | 6 |
2017-2018 | ПД | 33 | 13 | КШ | 6 | 0 | - | - | - | - | - | - | 39 | 13 | |
Вкупно Валенсија | 53 | 19 | 6 | 0 | - | - | - | - | 59 | 19 | |||||
Вкупно во кариерата | 204+2 | 71 | 18 | 3 | 2 | 1 | 0 | 0 | 226 | 76 |
Титули
[уреди | уреди извор]Јувентус
[уреди | уреди извор]- Серија А (1): 2015-2016
- Куп на Италија (1) : 2015-2016
- Суперкуп на Италија (1) : 2015
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-05-24. Посетено на 2013-12-22.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 sampdoria.it, уред. (1 јули 2010). „Dove sta Zaza? Alla Sampdoria, per il futuro“. Посетено на 11 септември 2014.[мртва врска]
- ↑ gazzetta.it (уред.). „Atalanta 0-2 Chievo“. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ gazzetta.it (уред.). „Atalanta 2-2 Palermo“. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ 5,0 5,1 soccerfame.it (уред.). „Simone Zaza si è trasferito da Sampdoria a Juve Stabia in prestito“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ sampdoria.it, уред. (15 јули 2011). „Prestiti: Zaza alla Juve Stabia, Lanzoni va al Foggia“. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ sampdoria.it, уред. (15 јули 2011). „Prestiti: Zaza alla Juve Stabia, Lanzoni va al Foggia“. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ „Il Viareggio ha trovato la punta, preso Zaza dalla Juve Stabia, ora le zebre lavorano in uscita“. radiobrunotoscana.it. 5 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ tuttomercatoweb.com, уред. (17 јули 2012). „Ufficiale: Zaza dal Viareggio all'Ascoli“. Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ juventus.com, уред. (9 јули 2013). „Operazioni di mercato“. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ footstats.it, уред. (3 септември 2013). „I numeri della Serie A, 2ª giornata“. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ soccermagazine.it, уред. (25 септември 2013). „Testacoda amaro: al San Paolo finisce 1-1 tra Napoli e Sassuolo“. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ calciomercato-juve.it, уред. (20 јуни 2014). „Il Sassuolo riscatta Zaza: ufficiale l'accordo con la Juventus“. Архивирано од изворникот на 2014-09-12. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ gianlucadimarzio.com, уред. (2 септември 2014). „Zaza, dalla Samp alla Nazionale“. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ „Sassuolo, sorpresa Zaza: arriva il rinnovo con adeguamento“. 7 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 10 јануари 2015.
- ↑ Zaza è bianconero
- ↑ „Hammers land Italy star Zaza“. West Ham United F.C. 28 August 2016. Посетено на 28 August 2016.
- ↑ Vinny Ryan (11 September 2016). „West Ham's collapse vs. Watford leaves Bilic with plenty of problems“. ESPN FC. Посетено на 12 September 2016.
- ↑ „Italy 2-0 Netherlands“. BBC Sport. 4 September 2014. Посетено на 6 September 2014.
- ↑ Alex Sharp (9 September 2014). „Norway 0-2 Italy: Simone Zaza and Leonardo Bonucci fire Antonio Conte to opening win“. The Daily Mail. Посетено на 1 June 2015.
- ↑ 21,0 21,1 Play-out.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Симоне Ѕаѕа на soccerway
- Симоне Ѕаѕа на transfermarkt
- Симоне Ѕаѕа на espn
- Симоне Ѕаѕа на goal.com Архивирано на 9 август 2015 г.
- Симоне Ѕаѕа на whoscored
- Симоне Ѕаѕа на tuttocalciatori.net
|