Сержињо Грин
Сержињо Грин | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 24 јуни 1982 | ||
Роден во | Амстердам, Холандија | ||
Висина | м | 1,79||
Позиција | Дефанзивен халф, Десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Левски Софија | ||
Број | 3 | ||
Младинска кариера | |||
Ајакс | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2001–2002 | Харлем | 34 | (1) |
2002-2005 | РКЦ Валвијк | 82 | (3) |
2005-2009 | Феенорд | 85 | (1) |
2011 | Витесе | 18 | (2) |
2010- | Левски Софија | 39 | (2) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2012 ** Ажурирано на: 6 јануари 2012 |
Сержињо Грин, (изговор [ SerginhoGreene.ogg]) (роден на 24 јуни 1982 година во Амстердам) — холандски фудбалер кој во моментов игра за Левски Софија во првата бугарска фудбалска лига.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Живот на Грин се вртеше околу фудбалот, уште од кога тој беше мал, тој расте во југоисточниот дел на Амстердам каде игра уличен фудбал што била негова дневна рутина. Тој никогаш не бил заинтересиран за други спортови како [[тенис]] или кошарка, бидејќи неговата љубов била тотално кон фудбалот. Тој сакал да си игра со топката и да работи на неговата техника со правење на трикови или да игра натпревари на улиците на Амстердам.
Кога имал шест години, неговиот татко го однел во ФК Абкуде каде што тој играл за нивните младински категории, додека тој имал дванаесет години, пред да дојде во познатата фудбалска школа на Ајакс Амстердам. Тој проаѓаше низ сите младински категории до А1 тимот, каде што му кажале дека е премногу добар за резервниот тим на Ајакс, но сè уште не беше во можност да го направи првиот чекор во нивниот прв тим. Тие му нудат да се приклучат на ФК Харлем на позајмица, но тој не беше подготвен на таков чекор. На крај, тој одлучи да оди таму и да ја започне својата професионална кариера.
Кариера
[уреди | уреди извор]Харлем
[уреди | уреди извор]Во Хаарлем тој помина една сезона во втората Холандска лига, играјќи 34 натпревари и постигна еден гол. Тој сè уште имаше три преостанати години договор со Ајакс кој тој ги откажа, бидејќи тој не сака да игра во Ерсте Дивизијата за подолго. Ајакс одлучи да го ослободи и противниците од Ередивизијата, тимот на РКЦ Валвијк покажаа интерес за него. Од работата со Мартин Јол, Жељко Петровиќ (кој сè уште беше фудбалер на РКЦ во тие денови) и Ервин Куман тој научил многу за професионалниот фудбал и се разви брзо.
РКЦ Валвијк
[уреди | уреди извор]Грин играше на многу позиции за време на периодот во РКЦ. Во својата прва сезона во клубот тој играше како лево краен одбранбен играч, а во неговата втора сезона тој играше и во центарот на одбраната и како право десен бек. Во текот на својата втора сезона во клубот тој стана еден од клучните играчи на РКЦ и неколку тимови пројавиа интерес за него како: Волфсбург, Тотенхем, ФК Галатасарај, Хамбургер СВ, Глазгов Ренџерс, Аз Алкмар и Феенорд од Ротердам. Конечно Феенорд најави потпишување со Грин преку слободен трансфер на 14 април 2005 година. Главните причини за Грин да се приклучи на Феенорд беа угледот на клубот и нивните добро познати фанатични поддржувачи.
Фејенорд
[уреди | уреди извор]Грин ја заврши сезоната 2004-05 во Валвијк и се приклучи на тимот на Феенорд во текот на летото на 2005 година. На денот на презентацијата на Феенорд за нови играчи 27 јули 2005 Грин замина во Де Куип со хеликоптер, заедно со другите нови играчи Маикел Аертс, Тимоти Деријк, Џани Зуиверлон, Тим Винкел и Али Бусабун. Феенорд исто така именуваше нов тренер за замена на Руд Гулит и на изненадување на Грин тоа беше неговиот последен тренер со кој работеше во РКЦ, Ервин Куман, кој ја доби работа.
Во Феенорд Грин импресионираше од самиот почеток и доби место во прв тим место веднаш играјќи во центарот на одбраната на Ротердамци. Кон крајот на декември 2005 година Феенорд потпиша со уште еден централен дефанзивец Рон Влаар од АЗ Алкмар и дојдоа прашањата за тоа кој каде треба да игра. Кога десниот бек Александер Остлунд го напушти клубот беше одлучено дека Влаар и Андре Баија ќе играат во центарот на одбраната, а Грин ќе играат понатаму како десен бек. Откако се приклучи кон Феенорд Грин едвај пропушти еден натпревар; Тимот сепак се бори и со двете: финансиите и резултатите.
Во сезоната 2008-09, договорот на Грин, кој истекува во летото 2009 година, не беше обновен, кога Феенорд го објави пуштањето на Грин по крајот на сезоната.
Витесе
[уреди | уреди извор]На 4 ноември 2009 Грин му се приклучи на Витесе на слободен трансфер, согласувајќи се на една година договор клубот.
Во јуни 2010 година, тој беше на проби во рускиот тим ФК Терек Грозни, но Терек одлучи да не го доведе Грин во својте редови.
Левски Софија
[уреди | уреди извор]На 8 август 2010 година беше најавено дека Грин пристигна во Софија, Бугарија со цел да преговара за условите со бугарскиот тим Левски Софија. На следниот ден, тој го направи својот прв тренинг со Левски. Сержињо го потпиша својот договор со Левски, два дена подоцна, на 10 август 2010. Договорот е за две години.
Во текот на 2010/2011 Левски беа квалификувани за УЕФА Европа Лига по елиминирањето на ФК Дандалк, ФК Калмар и ФК АИК Стокхолм. Левски беше извлечен во Групата Ц, во која се соочува со Гент, Лил и Спортинг.
Грин брзо стана дел од првиот тим редовно игра како дефанзивен играч од средниот ред заедно со Владимир Гаџев.
Сержињо го постигна својот прв гол за Левски на 16 септември 2010 година против Гент. Овој погодок му донесе победа на Левски на домашен од 3-2 во нивниот прв натпревар од групната фаза .
Тој почнува да игра како дефанзивен играч од средниот ред, но поради проблеми во одбраната на Левски бил преселен во центарот на одбраната. Со купувањето во јануари на играчот од средниот ред Даниел Димов многу е веројатно дека Грин ќе продолжи да игра како центархалф во 2011 година.
На 4 август 2011 година, тој добил црвен картон во реваншот на УЕФА Лига Европа мечот против словачкиот тим ФК Спартак Трнава.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Serginho Greene's profile at Feyenoord.nl Архивирано на 22 февруари 2013 г.
- Serginho Greene's profile at vi.nl
- Профил на LevskiSofia.info (бугарски)