Прејди на содржината

Рогачево

Координати: 42°9′23″N 21°9′24″E / 42.15639° СГШ; 21.15667° ИГД / 42.15639; 21.15667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рогачево

Панорама на Рогачево

Рогачево во рамките на Македонија
Рогачево
Местоположба на Рогачево во Македонија
Рогачево на карта

Карта

Координати 42°9′23″N 21°9′24″E / 42.15639° СГШ; 21.15667° ИГД / 42.15639; 21.15667
Општина Јегуновце
Население 282 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28067
Надм. вис. 770 м
Мреж. место Рогачево
Рогачево на општинската карта

Атарот на Рогачево во рамките на општината
Рогачево на Ризницата

Рогачево — село во Општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Долни Полог, во југоисточните пазуви на Шар Планина, под црвот Љуботен.

Историја

[уреди | уреди извор]

Рогачево за првпат се споменува во турските дефтери и пописи во 1467 година. Според усмените приказни, се кажува дека тука во шумата над изворот се сокривале некој монаси, веднаш по Косовската битка. Тоа место и тој извор и ден денес се вика Калуѓер. Во Рогачево во 1467-68 година имало 59 домаќинства и 4 вдовици. Во време на вториот и третиот попис во 1545 и 1568 за Рогачево нема точни информации колку домаќинства живееле, но има информации дека Рогачево и селото Вратница имале најголем број на домаќинства.

Во XIX век, Рогачево било село во рамките на Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948565—    
1953563−0.4%
1961574+2.0%
1971554−3.5%
1981572+3.2%
ГодинаНас.±%
1991552−3.5%
1994353−36.1%
2002347−1.7%
2021282−18.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рогачево живееле 210 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рогачево имало 440 Македонци, патријаршисти.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Рогачево е центар на општина и има 54 куќи со 396 жители, сите Македонци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]

Рогачево е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 574 жители, а во 1994 година 353 жители, македонско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 347 жители, од кои 338 Македонци, 8 Срби и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 282 жители, од кои 250 Македонци, 10 Срби, 3 останати и 19 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 440 565 563 574 554 572 552 353 347 282
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Рогачево е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Станковци (8 куќи);Ќосевци (3 куќи); Јанковци (8 куќи); Ивановци (9 куќи) имаат иселеници во Вратница и во Белград (едно семејство); Окалинци (2 куќи); Мрчиќевци (7 куќи); Милевци (3 куќи); Трпановци (4 куќи) имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Николовци (11 куќи)
  • Доселеници: Рајчиќевци (9 куќи) доселени се од селото Биќевац во Косово. Имаат иселеници во Белград (едно семејство); Шоповци (5 куќи) доселени се од Сириниќ; Грујевци (10 куќи) потекнуваат од предокот Грујо, кој се доселил од некое село во Горна Морава. Имаат иселеници во Ратае, Раотинце и во Фалише;.Дојчиќевци (1 куќа) рано доселени од Косово или Горна Морава. Имаат иселеници во Јанчиште; Костанаќовци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од соседното село Вратница. Таму припаѓал на некој староседелски род.[12]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Цркви[13]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2131 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 339 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
ФК Рудар

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1972). Полог. Белград: САНУ. стр. 293-294-295.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Нови градоначалници - Тони Коцески“. 16 октомври 2006. Посетено на 2009-10-25.[мртва врска]
  17. „Кумановскиот „снајперист" страв и трепет за голманите“. 12 декември 2006. Посетено на 2009-10-25.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]