Ридот (Белица)
„Ридот“
| |
Местоположба | 41°40′33″N 21°18′15″E / 41.67583°N 21.30417°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Белица |
Општина | Македонски Брод |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
старохристијанско време | |
Портал „Археологија“ |
Ридот — археолошко наоѓалиште во поречкото село Белица. Претставува населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола. Се наоѓа на северната периферија на селото, на високо плато оградено со ридови, на простор од околу 300 × 200 м, каде по површината на нивите се наоѓаат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. На североисточниот крај од наоѓалиштето се откриени некропола и темели од мала старохристијанска црква. Гробовите се градени од големи камени плочи и имаат насоченост исток-запад. Најдени се голем број монети од кои дваесетина се кај месен жител на селото. Две од монетите се ковани во времето на Александар Македонски, една во Пела, а останатите се од III-IV век.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Варница — некропола од доцноантичкото време;
- Миткороен — утврдена населба од доцноантичкото време;
- Кале — градиште од доцноантилко време;
- Столоватец — градиште од доцноримско време;
- Глибовец — кастел од доцноантичкото време;
- Аништа — некропола од средниот век;
- Влак — некропола од средниот век;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Белица (Порече)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Македонски Брод
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Поречко
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Древномакедонски гробници