Разговор со корисник:Uvtarex
Добре дојде!
Здраво, Uvtarex, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--Ehrlich91 (разговор) 19:06, 2 јануари 2018 (CET)
Категории и совети
[уреди извор]Здраво, следам дека преведуваш статии за бактерии на македонски јазик, користејќи ја алатката за превод. Статиите генерално се добри, само би замолил и внес на категории, на пример, може да користиш општи категории за „бактерии“, како што направив јас кај статијата Synergistetes. Воедно, дали овие бактерии имаат македонски називи, или во најмала рака како се читаат. И на крај, наместо „референци“, користи „наводи“ како збор, бидејќи е општо прифатен македонски збор за овој англицизам. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:11, 10 јануари 2018 (CET)
Превод
[уреди извор]Здраво, секоја чест за трудот за уредување на бројните бактерии, навистина го ценам твојот придонес на ова поле. Воопшто не сум стручен за оваа тема, но би сакал да добијам објаснување дали овие бактерии немаат прилагодени македонски називи? Доколку немаат, тогаш барем да се предаваат нивните имиња? Во краен случај, може да се додава (се чита: „името на бактеријата“) со што барем малку би станал појасен самиот текст. Поздрав и размисли за ова --Ehrlich91 (разговор) 21:41, 5 февруари 2018 (CET)
- Здраво! Благодарам и баш ми е чест да допринесам за надоградување на македонската википедија, посебно во полето на биологијата кое до сега, според мене, е многу сиромашно. Што се однесува до имињата на бактериите, за некои од нив постојат соодветни официјални називи на македонски (на пр. хламидии, стафилококи, стрептококи итн), ова се обично бактерии кои се од интерес во медицината, но за поголем дел од бактериите, колку што јас знам, не постои официјален кириличен македонски назив. Литературата со која располагам ги наведува имињата на овие помалку познати "не-медицински" бактерии исклучиво на латиница, т.е. оригиналното име. А за многу од нив уште не ни постои македонска литература. Затоа за оние бактериски групи за кои не сум сретнал македонски кириличен назив ги оставам оригиналните латински имиња. Тие би се читале, односно изговарале, според фонетските правила на латинскиот јазик. Ако е потребно можам во заграда до латиничното име да ставам како би се изговарало на македонски. На пр. Thermotogae (се изговара: термотоге).
Ви се воздржал јас да ги именувам на македонски оние за кои јас лично не сум сретнал македонски назив (на пр. Thermotogae да ги "крстам" Термотоги). Uvtarex (разговор) 00:27, 6 февруари 2018 (CET)
- @Uvtarex: Претпоставував дека е таков случајот и дека нема доволна литература за ова поле на македонски јазик. Добро, продолжи со одличната работа што ја спроведуваш, а за други работи тука сме да помогнеме :) За оние бактерии за кои барем и си сретнал како се читаат, ставај така во загради. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 14:30, 6 февруари 2018 (CET)
Награда од уредувачки натпревар „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“
[уреди извор]Почитуван корисник, Uvtarex , би сакал да ве информирам дека сте добитник на награда за најдобра статија на веќезавршениот уредувачки натпревар „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“, за повеќе информации околу подигањето на наградата на следниот мејл: vanderzilson@gmail.com ,при што накнадно ќе се договориме околу примопредавањето. (Иван Ж (разговор) 09:52, 21 март 2018 (CET))
Обележување на страници
[уреди извор]Здраво, те замолувам сите статии создадени за потребите на СИЕ Пролет 2018 соодветно да ги означиш на нивните страници за разговор, а како пример може да ти бидат уредените страници на другите корисници (види пример). Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:37, 20 мај 2018 (CEST)
Уредник
[уреди извор]Здраво, ти доделив уредничките права, со што од денес твоите уредувања под автоматизам се прифаќаат како одобрени. Продолжи и понатаму во збогатувањето на нашата Википедија :) --Ehrlich91 (разговор) 18:28, 6 јули 2018 (CEST)
- Здраво. Благодарам и секако ќе продолжам со уредувањето бидејќи ми е задоволство и забавно хоби. Поздрав. Uvtarex (разговор) 00:59, 7 јули 2018 (CEST)
Награда од уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“
[уреди извор]Почитуван корисник Uvtarex, би сакал да ве изветам дека сте добитник на две награди од уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, односно награда како второпласиран и награда за најдобар постоечки корисник. Наградите можете да ги подигнете од 23.07.2018 во Сивус Инкубаторот од 8-14 часот.(Иван Ж (разговор) 09:17, 24 јули 2018 (CEST))
Вирус
[уреди извор]Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 08:53, 20 август 2018 (CEST)
- Фала! Дел од заслугата му припаѓа и на Бојан кој е одговорен за табелите и дел од текстот. Поздрав -- Uvtarex (разговор) 12:23, 21 август 2018 (CEST)
Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија
[уреди извор]Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)
Археи
[уреди извор]Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 19:57, 10 октомври 2018 (CEST)
ABC-транспортер
[уреди извор]Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 15:01, 27 ноември 2018 (CET)
Географски поими
[уреди извор]Здраво, да напоменам дека согласно нашиот правопис, сите географски поими кои образуваат еден поим мора да се пишуваат со големи букви. Тоа се примерите: Скопска Котлина, Осоговски Планини, Атлантски Океан, итн. Па така, имаме и Андамански Острови. Сите статии ти ги преместив како што треба. Те молам внимавај во иднина и исправи ги грешки и во други статии. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:40, 3 декември 2018 (CET)
- Фала за оваа информација и за поправките, отсега ќе внимавам да не грешам. Поздрав --Uvtarex (разговор) 01:27, 4 декември 2018 (CET)
Дупла статија
[уреди извор]Двајцата истовремено ја пишувате истата статија Капри (остров). Поздрав --Инокентиј (разговор) 03:28, 4 декември 2018 (CET)
- Лелеее... Ајде не е важно, ќе ја избришам, а дел од „твојата“ статија ќе го пренесам во „мојата“ и статијата нема да ја вклучам во евиденција бидејќи двајцата сме ја пишеле. За да нема слични случаи во иднина, ако не ти е тешко можеш да ми пишуваш кои статии имаш план да ги правиш, или пак да ги создадеш и да го ставиш шаблонот во изработка. Јас во следните денови имам план да ги пишувам следните статии: Bergeggi, Gallipoli, Burano, Murano, Lido_di_Venezia,Isola_di_San_Michele. Поздрав--Тиверополник 14:18, 4 декември 2018 (CET)
- Поздрав и пријатна работа :)--Тиверополник 07:23, 5 декември 2018 (CET)
- Лелеее... Ајде не е важно, ќе ја избришам, а дел од „твојата“ статија ќе го пренесам во „мојата“ и статијата нема да ја вклучам во евиденција бидејќи двајцата сме ја пишеле. За да нема слични случаи во иднина, ако не ти е тешко можеш да ми пишуваш кои статии имаш план да ги правиш, или пак да ги создадеш и да го ставиш шаблонот во изработка. Јас во следните денови имам план да ги пишувам следните статии: Bergeggi, Gallipoli, Burano, Murano, Lido_di_Venezia,Isola_di_San_Michele. Поздрав--Тиверополник 14:18, 4 декември 2018 (CET)
Диего Гарсија
[уреди извор]Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 16:55, 7 февруари 2019 (CET)
Рендгенска кристалографија
[уреди извор]Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:13, 14 февруари 2019 (CET)
Бактерии
[уреди извор]Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:13, 14 февруари 2019 (CET)
Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019
[уреди извор]Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.
Страници за разговор
[уреди извор]Здраво, би те замолил да ги додаваш шаблоните на страниците за разговор на статиите поврзани со СИЕ Пролет соодветно, како што јас веќе ги уредив сите твои страници за разговор (пр. Разговор:Институт за нуклеарни науки Винча). Поздрав :) --Ehrlich91 (разговор) 21:29, 6 април 2019 (CEST)
Актин
[уреди извор]Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 00:43, 7 јуни 2019 (CEST)
Кир Велики
[уреди извор]Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 00:43, 7 јуни 2019 (CEST)
Да ги средиме статиите за државите во светот
[уреди извор]Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)
Нов уредувачки натпревар
[уреди извор]Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)
Реброносци
[уреди извор]Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 14:37, 21 ноември 2019 (CET)
Ракомет
[уреди извор]Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)
Земи учество во СИЕ Пролет 2021
[уреди извор]Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)