Прејди на содржината

Разговор:Македонска револуционерна организација/Архива 2

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Неутралност

[уреди извор]

При промената на името на статиjата од ВМОРО во МРО се избришани битни делови од страницата за разговор, во кои се оспорува неутралноста на статиjата. Тие дискусии не се завршени, затоа нивното место не е и во архивот, коj, всушност, засега и не постои. Мислам дека во врска со правилото за уредување од неутрална гледна точка тие спорови мора да бидат вратени на страницата за разговори. Бобан Крумески 07:26, 5 април 2010 (UTC)

P. s. Еве и кога и од кого се избришани дискусиите: споредба на верзии. Првиот моj избришан коментар е од 21 февруари 2010 година. Последниот е од 29 март 2010 година. Не е можно тие нови дискусии да се бришат или да бидат пратени во архив, а архив, да напомнам, всушност и не постои... Бобан Крумески 07:54, 5 април 2010 (UTC)

Во врска со бришењето на дел од страницата за разговор сакам да цитирам една точка од правилото Википедија:Критериуми за бришење:

Разговор
Спорови за страници и нивната содржина не се разрешуваат со нивно бришење. Несогласувања околу правилата и прописите не се разрешуваат со бришење. Тоа се разрешува со разговор на соодветната страница за разговор.

Поздрави, Бобан Крумески 08:17, 5 април 2010 (UTC)


Проблеми со неутралноста на статиjата

[уреди извор]

Статиjата се уредува претежно на основа на македонски национални гледни точки, а другите гледни точки на историската наука не се прикажуваат. Еден пример за став на современ европски историчар:

Slično, 'Vnutrašnja makedonska revolucionarna organizacija' (VMRO), osnovana 1893. godine da bi se borila protiv osmanske vlasti, predstavljena je kao nacionalna makedonska organizacija koja se borila za nezavisnu makedonsku državu. Činjenicu da je jedna jaka struja u tom pokretu bila za to da se Makedonija ujedini sa Bugarskom, i prema tome smatrala da su slavenski pravovoslavni stanovnici Makedonije zapravo etnički Bugari, makedonski naučnici prosto su prenebregli.

Извор: Ulf Brunnbauer, "DREVNA NACIONALNOST I VJEKOVNA BORBA ZA DRŽAVNOST: HISTORIOGRAFSKI MITOVI U REPUBLICI MAKEDONIJI (BJRM)", Zbornik radova "Historijski mitovi na Balkanu", Institut za istoriju Sarajevo, 2003, 308.

Статиjата не го прикажува постоењето на jака струjа во организациjата, коjа се борела за обединување со Бугариjа. Тие идеи се присутни уште од 1893 (сведоштво во спомените на Христо Татарчев) преку Илинденското востание (сведоштво во писмото на Штабот на битолскиот револуционерен округ до бугарската влада со барање на интервенциjа на Бугариjа) до Првата светска воjна, кога практично сите деjци биле за обединување со Бугариjа, а автономиjата како идеологиjа била напуштена (сведоштво во спомените на Христо Батанџиев). Поздрав, Бобан Крумески 12:37, 21 февруари 2010 (UTC)

НГТ шаблон. Бобан Крумески 14:16, 21 февруари 2010 (UTC)

Еден пример за кршење на НГТ правилото. Во главата "Јануарската средба" стои

Меѓутоа првиот претседател на организацијата Христо Татарчев истакнува дека: Откако сите се согласиле дека членот 23 од Берлинскиот конгрес е апстрактен за народот во Македонија, решиле да ја прифатат формата Автономија на Македонија, во нејзините геогравски и етнички граници и тоа да влезе во уставот на организацијата.

додека во спомените на Христо Татарчев го читаме следново:

Во почетокот на 1894 година во време на празниците, пак споменатите шестмина се собравме пред Водици во живеалиштето на Андон Димитров (спроти куќата сега на браќата Дамјанови, бившиот бугарски пансион), за да го поставиме темелот на една револуционерна организација. Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент.

Извор. Се гледа дека "предимството на бугарскиот елемент" е целосно игнорирано како во конкретната глава, така и во статиjата. Бобан Крумески 14:45, 21 февруари 2010 (UTC)

На Јануарската средба не се говори за македонски или бугарски елемент... едноставно за целта на организацијата... Автомомија на Македонија... што потоа тоа е друга работа... Еден Македонец 17:56, 21 февруари 2010 (UTC)
Мислам дека нема место за дискусии, во неговите спомени Христо Татарчев едноставно пишува "најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент". Исто така пишува дека се воделе дискусии и за опциите за обединување со Бугариjа:
Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи.
Изворите мора да се почитуваат. Сега статиjата ги игнорира оние историски извори и научни истражувања, кои не се поклопуваат со македонските национални интерпретации. Ова е кршење на НГТ правилото. Поздрав, Бобан Крумески 01:47, 23 февруари 2010 (UTC)
Овде нема дискусиjа, Dalco26 молчи, содржината на статиjата не станува понеутрална, битни историски извори и научни истражувања се игнорираат, а истовремено НГТ шаблонот се брише. Така не се уредува. Додека има спорови за неутралноста мора да има и НГТ шаблон. Бобан Крумески 00:57, 1 март 2010 (UTC)
Dalco26 уште еден пат го избриша НГТ шаблонот без ��ргументи и без дискусиjа. Уште еден пат, така не се уредува. Бобан Крумески 01:08, 1 март 2010 (UTC)
Види бре, статијата е за организацијата, не за личните ставови на Татарчев и тој што сакал па не било. Никакво „предимство на бугарскиот елемент“ нема во уставот на организацијата ни во било кој нејзин документ. Толку за тука, другото на статијата за Татарчев.--Ajax (разговор) 21:52, 1 март 2010 (UTC)
Татарчев не пишува за неговите персонални ставови, а за колективните ставови на основачите: "Не можевме да го прифатиме ставот... затоа што увидувавме дека... Ни поминуваше низ мислата дека..." Не зборува "ми поминуваше низ мислата", туку "ни поминуваше низ мислата". Доста со твоите неозбилни интерпретации. Бобан Крумески 22:44, 1 март 2010 (UTC)
P. s. Исто така "предимството на бугарскиот елемент" се потврдува во уставот на Бугарските македонско-одрински револуционерни комитети, напишан од Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Ajax, не е можно да jа сокриете таа информациjа во услови, во кои и македонски истражувачи како Зоран Тодоровски не го негираат бугарскиот национален карактер на деjците и организациjата. Бобан Крумески 22:54, 1 март 2010 (UTC)
Глупости. Гоце Делчев и Ѓорче Петров никогаш не напишале вакво нешто! А што сакал Татарчев е различно од тоа што било во уставот. Ajax (разговор) 17:55, 28 март 2010 (UTC)

Во врска со "првиот поподробен устав на Организацијата", кое нешто би требало да значи дека станува збор за уставот на БМОРК, во спомените на Ѓорче Петров, под заглавието "Ѓорче Петров заедно со Делчев го изработува првиот поподробен устав на Организацијата", стои следното:

"Во време на распустот во 1896 г. направивме еден вид конгрес во Солун, 15-16 души. Од Солун бевме 6-8 души, од Битола Пере Тошев, од Воден Кирил Прличев. Од солунските бевме јас, Татарчев, Даме, Андон Димитров и Николов. Тогаш прв пат се видовме со Матов, Делчев, Поп Арсов, прв пат тогаш се запознавме меѓу себе. Работата зеде пошироки размери и сите ја бевме почуствувале потребата поцврсто да се организира работата. Тоа собрание, така да се рече, беше основачко. И од тогаш датира солунската организација, тогаш веќе ЦК се призна. Дотогаш уште не се знаеја членовите на ЦК, се дотогаш одеше на другарски начела и секој работеше во својата средина главно по свое сфаќање и само другарски се советуваше... Тогаш се направи прв пат обид за административно уредување на Организацијата... Таму се истакна потребата од устав и правилник. Дотогаш беше во сила еден краток правилник од неколку члена изработени од Дамета (клетвата и др.) Тоа правилниче беше несистематско, литографирано. Се реши да се изработи еден полн правилник, устав. Кога дојдов во Софија, тука во Софија го изработив (со Делчев), го напечатив и го испратив. Ги поканив Ризов и Љапчев да ми поможат...."

Дека во 1896 г. е написан навистина Уставот на БМОРК го потврдуваат: We, the people: politics of national peculiarity in Southeastern Europe, Diana Mishkova, Central European University Press, 2009, ISBN 9639776289, стр. 114, Macedonia and the Macedonians: a history, Andrew Rossos, Hoover Press, 2008, ISBN 0817948821, стр. 300, The national question in Yugoslavia: origins, history, politics, Cornell Paperbacks, Ivo Banač, Cornell University Press, 1988, ISBN 0801494931, стр. 315, Пандев, К. "Устави и правилници на ВМОРО преди Илинденско-Преображенското въстание", Исторически преглед, 1969, кн. I, стр. 68—8, Encyclopedia of the age of imperialism, 1800-1914, Carl Cavanagh Hodge, Greenwood Publishing Group, 2007, ISBN 0313334048, p. 442, R. J. Crampton, East European Monographs, 1983, ISBN 0880330295, стр. 236, Who are the Macedonians? Hugh Poulton, C. Hurst & Co. Publishers, 2000, ISBN 1850655340,стр. 53, Duncan Perry The Politics of Terror: The Macedonian Liberation Movements, 1893-1903, Durham, Duke University Press, ISBN 0822308134, 1988. pp. 40-41, Fikret Adanir, Die Makedonische Frage: ihre entestehung und etwicklung bis 1908., Wiessbaden 1979, p. 112. и други.

Тоа значи дека не се глупости, а ти липва информациja и знаниja! 68—80Jingiby (разговор) 08:25, 29 март 2010 (UTC)

Историски полемики

[уреди извор]

Поради недосток на изворна протокуларна документација која во почетокот не се создавала, постојат извесни контрадикторности и недоречености во врска со прашањата како: нејзиното првото официјално име! причините за појавата! националниот карактер! целта на организацијата! уставо - статутарни акти! првиот конгрес!


Името. Бугарската историографија, а и дел од македонските историчари сметаат дека првото име на организацијата е Бугарските Македонско - Одриски Револуционерни Комитети, нивното становиште е зосновано врз првиот устав на организацијата чие целосно име гласи Уставот на Бугарските Македонско - Одрински Револуционерни Комитети. Од друга страна голем дел од македонските историчари и официалната македонска историографија, истакнуваат дека првото име на организацијата е Македоска Рев��луционерна Организација, нивните ставови се заосновани врз сведоштвата на самите основоположници на организацијата.


Националниот карактер. И тука доаѓа до израз контрадикторноста во сведоштвата на самите основоположници. Имено, Татарчев истакнува дека во организацијата можеле да членуваат бугари, бидејќи основоположниците потекнувале од бугарската средина, но исто така истакнува дека не се воделе од друга тенденција освен од идејата за благото и слободата на целиот Македонски народ. Бугарските историчари, врз основа на првото сведоштво на Татарчев, сметаат дека основоположниците се бугари и самата организација е бугарска. Врз основа на второто сведоштво, македонските историчари сметат дека со можноста во организацијата да членуваат бугари, всушност основоположниците имале поинакви тенденции. Имено, основоположниците на организацијата биле бугарски воспитаници и бугарското влијание им било наметнувано од мали години, преку воспитно - образовниот процес, и тие од тоа влијание не се ослободиле наеднаш, туку постепено. Од друга страна како Бугари во Македонија во тој период, биле нарекувани Македоците - Егзархисти, односно православните Македонци христијани, кој биле под црковна јуриздикција на Бугарската Егзархија, како што Македонците - Патријашисти биле нарекувани Грци. Целта на основоположниците била најпрво да дејствуваат во егзархиската средина, а потоа да тргнат по свој пат.


Причина за појава на организацијата. Бугарските историчари смета дека причината за појавата на организацијата е останувањето на еден дел од еднинствената бугарска територија под турска власт и средство за присоединување на Македонија кон Бугарија со што се стремат да го девалвираат и дискредитираат македонскиот карактер на МРО, но Македонската историографија смета дека една од причините за појава на МРО се пропагандите, првенствено на Бугарија, Грција и Србија кој го загрозувале македонскиот национален индивидуалитет.


Уставо - стаутарните акти. Бугарскиот историчар Константин Пандев, во бугарската историографија, го наметна стојалиштето дека првиот Устав на организацијата (Уставот на Бугарските Македонско - Одрински Револуционерни Комитети) бил донесен во 1896 година, а уставот на ТМОРО во 1902 година. Отука произлегува дека организацијата до 1902 година се вилала Бугарските Македонско - Одрински Револуционерни Комитети, а потоа го смениле името во ТМОРО. Овии ставови категорично се отфрлаат од најголемиот дел на македонските историчари, кои врз основа на сведоштвата на основачите на организацијата, истакнуваат дека првиот Устав е донесен по јануарската средба, но најдоцна март 1894 година. Од друга страна врз основа на спомените на Ѓорче Петров се заклучува дека уставот на ТМОРО е донесен во 1897 година, по Солунскиот Конгрес од 1896 година.


Цел. Бугарската историографија смета дека целата на организацијата е присоединување на Македонија кон Бугарската држава, но македонските историчари размислуваат поинаку.

Македонската Илинденска генерација го најави вториот македонски Илинден. Нивниот идеал за независна македонска држава стана реалност само на еден дел од територијата на Македонија


Првиот конгрес. Бугарските историчари врз основа на сведоштвата на Атанас Лозанчев сметаат дека првиот конгрес на организацијата се одржал на 15.08.1894 година во Ресен, меѓутоа врз сведоштвото на Христо Татарчев, македонските историчари сметаат дека прв конгрес на организацијата е Солунскиот конгрес од 1896 година.

А ова е пример како не се дискутира - со копирање на делови од статиjата. Бобан Крумески 01:16, 1 март 2010 (UTC)
P. s. Dalco26, треба да ги потпишуваш твоите коментари на страницата за разговори со повторување на ова ~ 4 пати. Бобан Крумески 01:19, 1 март 2010 (UTC)
Овоj дел од статиjата jа игнорира немакедонската и небугарската историска наука. Исто така не се цитираат конкретни ставови, истражувачи и публикации, а се зборува општо во стилот "бугарските историчари мислат така, а македонските така". Со содржината на историските извори, кои не се цитираат директно, се шпекулира, пример за тоа се зборовите за ставот на Христо Татарчев. Накраj, проблемот со обединувањето со Бугариjа како цел на немал дел од деjците на организациjата уште еден пат се игнорира. Не мислам дека сега статиjата е понеутрална од поранешната ситуациjа. Поздрави, Бобан Крумески 01:28, 1 март 2010 (UTC)
Како прво ти тешко можеш да имаш некои претензии за неутралност, бидејќи заради твоите пропагандиски напори имаме затворени страници што не можаат да се уредуваат. Второ никакво обединување со Бугарија не постоело како цел на организација што и го нема во нејзините документи. Што сакале и за што се бореле го напишале, а тоа е Автономна Македонија, нема тука обединување, припојување и слично. Затоа ти немој да шпекулираш со Татарчев, бидејќи неговиот личен став не е потврден во организациските документи. --Ajax (разговор) 21:39, 1 март 2010 (UTC)
Повели:
Slično, 'Vnutrašnja makedonska revolucionarna organizacija' (VMRO), osnovana 1893. godine da bi se borila protiv osmanske vlasti, predstavljena je kao nacionalna makedonska organizacija koja se borila za nezavisnu makedonsku državu. Činjenicu da je jedna jaka struja u tom pokretu bila za to da se Makedonija ujedini sa Bugarskom, i prema tome smatrala da su slavenski pravovoslavni stanovnici Makedonije zapravo etnički Bugari, makedonski naučnici prosto su prenebregli.
Извор: Ulf Brunnbauer, "DREVNA NACIONALNOST I VJEKOVNA BORBA ZA DRŽAVNOST: HISTORIOGRAFSKI MITOVI U REPUBLICI MAKEDONIJI (BJRM)", Zbornik radova "Historijski mitovi na Balkanu", Institut za istoriju Sarajevo, 2003, 308. Не мислам дека има место за дискусии - обединувањето како цел е непобитен факт за истражувањата. Не е можно да се уредува Википедиjа со такви "стандарди" на игнорирање на светската наука. Со премолчување на тие делови од историjата се крши правилото за неутралност. Бобан Крумески 22:38, 1 март 2010 (UTC)

Не ми е јасно, што е проблемот конкретно, можели по точно да ми објасниш--Еден Македонец 08:17, 2 март 2010 (UTC)

Ова е вече невкусно. Немам намера да се повторувам. Погоре во "дискусиjава" станува збор за конкретни проблеми. Бобан Крумески 08:37, 2 март 2010 (UTC)

Не се шегувам, како да го решиме проблемот конкретно--Еден Македонец 08:43, 2 март 2010 (UTC)

И jас не се шегувам. Погоре зборувам за конкретни проблеми. Бобан Крумески 08:44, 2 март 2010 (UTC)

Те прашувам како да го решиме проблемот--Еден Македонец 08:54, 2 март 2010 (UTC) За да ја тргнеш неутралноста--Еден Македонец 08:54, 2 март 2010 (UTC)

Игнорирање на бугарската компонента во организациjата

[уреди извор]

Во статиjата бугарската компонента на револуционерната организациjа се игнорира и не се прикажува на адекватен начин. Тие методи се познат проблем на македонската националистичка историска школа:

Slično, 'Vnutrašnja makedonska revolucionarna organizacija' (VMRO), osnovana 1893. godine da bi se borila protiv osmanske vlasti, predstavljena je kao nacionalna makedonska organizacija koja se borila za nezavisnu makedonsku državu. Činjenicu da je jedna jaka struja u tom pokretu bila za to da se Makedonija ujedini sa Bugarskom, i prema tome smatrala da su slavenski pravovoslavni stanovnici Makedonije zapravo etnički Bugari, makedonski naučnici prosto su prenebregli.

Извор: Ulf Brunnbauer, "DREVNA NACIONALNOST I VJEKOVNA BORBA ZA DRŽAVNOST: HISTORIOGRAFSKI MITOVI U REPUBLICI MAKEDONIJI (BJRM)", Zbornik radova "Historijski mitovi na Balkanu", Institut za istoriju Sarajevo, 2003, 308.

Историски примери за пробугарските ставови во организациjата:

1. Спомени на Христо Татарчев:

Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи.

2. Устав на Бугарските македонско-одрински револуционерни комитети, претставуван овде како Прв устав на Македонската револуционерна организација:

Првиот Устав на организацијата

3. Разговор со Даме Груев, дел од неговите спомени:

Многу селани србомани, кога ќе чуеја за доближувањето на бугарската чета, од страв (често без причини) и од чувството на самозапазување ја известуваа турската власт за четата: потоа од страна на месните органи на Организацијата доаѓа до одмазда. Последниве откако видоа дека српската националистичка пропаганда води кон меѓусебно непријателство и раскол во народот, му го одвлекува вниманието од политичките цели на Организацијата, предизвикува предавство и репресалии од страна на Турците - под влијание на месното општествено мислење (мнозинството се Бугари) се насочија против српската пропаганда.

4. Спомени на Иван Хаџи Николов:

Имав околу 10 години, кога за прв пат почнав да учам бугарска историја од учебникот на Д.В. Манчов. При учењето од таа историја си велев: „Значи ние сме си имале царство ама ни го зеле Турците". Од истава историја дознав дека некогаш и Тесалија била населена со Бугари, кои Грците ги погрчиле. И тогаш пак си велев: „Значи и Грците се наши непријатели. Па, зошто нашите татковци не се дигнат да си го земат царството од Турците и да си ја вратат погрчената Тесалија? По средината на бугарските земји се протега Стара Планина. Тука можат да се соберат сите останали Бугари и од таму да тргнат кон Цариград, Солун и Тесалија". Од Библијата (Битиписанието) пак дознав, дека Мојсеј кога видел како еден Еегипќанин тепа еден Израелит, го оттргнал Израелитот и го убил Египќанинот. Тогаш си реков: „...ако видам некој од друг народ или друговерец да тепа Бугарин, ќе го одбранам последниот а првиот ќе го натепам“. И вистина, ми се случи тоа брзо да го применам. Еден ден во нашето маало видов како две Турчиња тепаат едно Бугарче, Се спуштив, го оттргнав Бугарчето и ги натепав Турчињата. Од тогаш тие Турчиња не ги напаѓаа Бугарчињата во нашето маало.

5. Спомени на Ѓорче Петров:

Прв пат таму решаваат окружниот комитет во името на организацијата да им стави во долг на битолските војводи да ги превртат гркоманските села во бугарски како отпор на пројавените тенденции на грчките владици и конзули да ја исползуваат катастрофата во полза на грчката пропаганда.

6. Спомени на Борис Сарафов:

Кога тука ме запрашаа зошто доаѓа овој, - имаше интервју во „Вечерна пошта“ - беше објавено што сум рекол, а имено дека Ламсдорф во едната рака носи падарски реформи, напишани на хартија, а во другата рака држи камшик за бугарските револуционери и за бугарскиот кнез (види „Веч.Пошта“, бр. 13 или 14 дек.1902).

7. Спомени на Славеjко Арсов:

Самите Турци гледаа дека Турците се убиваат, дека турските чети гинат, дека бугарското население почна поодважно да се однесува, така што сите тоа го толкуваа како опасна промена и помислија дека главна причина за тоа се зулумите на спахиите и полјаците на одделни деребејовци.

8. Спомени на Пандо Кљашев:

Такви дерикожи беа и Нуредин-бег и Абедин-бег од Костур. Последниот беше блудник, кој немаше оставено намира убава жена во бугарските села во околината на Костур.

9. Спомени на Георги Поп Христов:

Кога бев во трет-четврт клас почнав да разбирам дека тајно се работи за ослободување на Македонија, но уште бев малечок и не знаев ништо подетално. Сфаќав дека идејата се состои главно во будењето на бугарштината и затоа и самиот агитирав во тој дух по околните гркомански села, на пример во Буково.

10. "Исповед на еден македонски четник" од Алберт Сониксен:

Сега, кога ги пишувам овие редови, читам во еден весник напис од дописмникот, дека Сандански бил на чело на една дружина, која се состоела од стотина Бугари, следени од мешани баталјони од Грци, Евреи и Турци, пред вратите на Цариград.

Има уште стотици примери за пробугарската ориентациjа и во историските извори, и во историските истражувања. Овоj дел од историjата сега делумно се игнорира и делумно се негира во статиjата. Поздрав, Бобан Крумески 09:09, 2 март 2010 (UTC)

Проблемот е во толкувањата на изворите... Бугарските историчари ги толкуваат изворите од своја гледна точка... Македонските историчари од своја гледна тока... Секако има и немакедонски и небугрски историчари со свое толкување... Незнам дали наша работа е да ги толкуваме изворите... поздрав--Еден Македонец 09:18, 2 март 2010 (UTC)
Погоре во почетокот има еден современ германски стручен извор, коj тврди дека македонската историска наука ги игнорира пробугарските димензии на револуционерната организациjа. Истите методи ги користиш и ти овде. Бобан Крумески 09:22, 2 март 2010 (UTC)

Не се негираат... каде?--Еден Македонец 09:25, 2 март 2010 (UTC)

Во скоро сите делови на статиjта уште од почетокот. Пример. Во првата глава "Причини за појава на организацијата" се зборува само за "македонското револуционерно и националноослободително движење", но не и за бугарско движење. Бугарското е прикажано само како "странска пропаганда", коjа не е битен дел од самата револуционерна организациjа. А да не зборуваме за тоа дека таму се цитираат основно одделни ставови на еден митрополит, коj не бил член на револуционерната организациjа... Исто така не треба да забораваме дека македонскиот историчар Зоран Тодоровски во интервjу со наслов "Уште робуваме на старите поделби" тврди "Сè уште робуваат на старите сознанија, на приказните, и им пречат документите. Речиси сите наши дејци, од левицата и десницата во етничка смисла биле исти, сите се декларирале за Бугари." Сето тоа делумно се игнорира и делумно се негира во статиjата. Бобан Крумески 09:33, 2 март 2010 (UTC)

Ок... гледам дека не може да се разбереме... проблемот е сепак во толкувањето на изворите!... ти сметаш дека под бугарски елемент и членувањето на бугари всушност станува збор за бугарско движење и дека ТМОРО е бугарска организација... Од друга страна, од моја гледна точка под бугари всушност станува збор за македонци - егзархисти... имаме различен поглед за нештата... преку ставањето на неутралност, сакаш да ја наметнеш бугарската гледна точка врз историјата на ТМОРО... не ти смета толку многу што се пренебрегнува бугарскиот елемент, колку напишаното дека постои македонски национален идвидуалитет и дека всушност ТМОРО е водителка на македонското националноослободително движење... ти бобан, и многуте други како тебе треба да прифатите дека постојат луѓе кои не размислауваат како вас и да престанете да додевате... јас никогаш не сум си дозволил да му наметнувам ставови на друг, или да одам во крајности да убедувам бугари на бугарската википедија дека се македонци и дека нивната историја е бугарска, со извинување ама сета твоја дејност е една голема глупост, незнам дали дејствуваш самоиницијативно или си пратен од некого... меѓутоа тоа и не е толку важно... важно е дека има луѓе во Македонија чии погледи се свртени кон иднината на Македонија а не кон Бугарија... меѓу другото мој личен став е дека Македонците и Бугарите се браќа и како сакаш тоа разбериго... Од овој момент ја прекинувам сета комуникација со тебе и со тие како тебе кој свесно или несвесно работат за манипулација на македонското јавно мнение и за наметнување на бугарската идеја во Македонија и пошироко, како што е примерот сега со оваа неутралност ... со сета дејност твоја покажуваш дека и во 21 век Бугарската пропаганда не мирува... ако продолжите со тој ум не ќе прокопса бугарската идеја, зошто ние Македонците ништо не сме спечалиле благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што и да загубиме... поздрав--Еден Македонец 10:10, 2 март 2010 (UTC)

Не, jас не го сметам тоа, тоа го сметаат редица бугарски, странски и некои македонски историчари, основа на кое се многуброjни историски извори на лидерите и членовите на револуционерната организациjа, а исто така на надворешните набљудувачи од нивната епоха. Тие ставови засега се игнорираат или негираат во статиjата. Се гледа дека твоите мотиви овде се претежно од видот на приватните убедувања и тесно националните позиции. Слични национални повикувања немаат место на Википедиjа: "важно е дека има луѓе во Македонија чии погледи се свртени кон иднината на Македонија а не кон Бугарија..." и "ако продолжите со тој ум не ќе прокопса бугарската идеја". Овде треба да зборуваме за уредување на енциклопедиска статиjа за една историска организациjа со конкретни историски извори и научни истражувања во согласие со правилата на Википедиjа, а не за апстрактни современи или идни национални прашања. Биди поздравен, Бобан Крумески 10:39, 2 март 2010 (UTC)

Уште македонски ставови:

Иван Катарџиев: ... Тука се мешаат поимите. Практично, ни левицата ни десницата не ја доведуваа во прашање својата бугарска провениенција...Тие работи треба да се имаат предвид, за да не се дојде до погрешни заклучоци. Македонската свест почна да се развива дури по Првата Светска воjна, највеќе во Србија и во Грција, бидејќи таму се спречи бугарската егзархиска пропаганда, се затворија бугарските училишта, а во Македонија мрежата на бугарскиот школски систем беше дури погуста отколку во Бугарија. Инаку за македонска интелигенциjа може да се сборува дури по 1945 г. и тоа благодарение постоењето на државниот субјект – НР Македонија во рамките на Jугославија...Таа македонска интелигенциjа се разви прво врз основота на репресиjта за да може да се развие и таа свест. Така врз основата на веке формиреаната бугарска нациjа во Македониjа се прави сепарација...Тие беа со бугарска национална свест, а македонската нациjа се создаде по Втората светска воjна од политички причини. Темата за сепаратизам не ја отвора Мисирков, а ТМОРО – 1902 г., со статијата “Политически сепаратизам” во весник “Право”, кајшто тие велаат оти се залагаат за политички, а не за национален сепаратизам “защото сме българи като народност. Тие сакаат да се дистанцираат од национален сепаратизам, а на 7 јули се јави и Горче Петров со статијата “Македонското дело на българска почва”, кајшто вели, дека ако се заложиме за самостојност, ние сме прогонувани како кучиња во Бугарија. Тука се работи за делење на Бугари од Бугари. Наj фреквентниот етноним во Македониjа во онова време е “Българин”. Тука е континуитетот на културниот развој на нашиот народ.” Аман од манипулации! Jingiby (разговор) 09:22, 4 март 2010 (UTC)

Додека има спорови за неутралноста - мора да има и НГТ таг. Зошто тагот НГТ се брише?! Зарем така се уредува?! Бобан Крумески 13:52, 29 март 2010 (UTC)


Неутралност

[уреди извор]

Оваа политика е често погрешно разбрана. Таа не претпоставува дека е можно да се напише статија од една единствена, непристрасна, објективна гледна точка. Политиката вели дека ние треба праведно да ги претставиме сите страни на спорот, и да не правиме една статија да тврди, подразбира, или најавува дека една од страните е точна. Круцијално е сите Википедијанци да работат заедно за да ги направат статиите што понепристрасни. Ова претрставува една од најголемите заслуги за Википедија.... во овој случај се злоупотребува НГТ за наметнување на бугарското гледиште за МРО и воопошто за македонскиот народ... бугарските и македонските историски погледи се диеметрално спротивни... пример Првиот устав, бугарскиот историчар Константин Пандев истакнува дека е созаден во 1896 година, Уставот на ТМОРО во 1902 година.... Во македонската историографија се истакнува дека првиот устав е донесен во 1894 година и неговите автори не се Гоце Делчев и Ѓорче Петров... има многу други работи... ако се се обајснува статијата ќе стане форум за македонските и бугарските расправии... во статијата (и другите статии поврзани со МРО) има објасненија за главните прашања, кој можаат дополнително да се разработат... Изворите за периодот на МРО се контрадикторни... може да вадите секакви извори за тоа како се чуствувале членовите на организацијата... меѓутоа истите тие извори себеси се негираат... пример Татарчев истакнува дека во организацијата можеле да членуваат бугари, бидејќи основоположниците потекнувале од бугарските средини но притоа истакнува дека тие не се воделе од ниедна друга тенденција освен од идејата за слободата и благото на целиот Македонски народ... постојат голем број на вакви примери... Статијата на МРО е на Мк. википедија и од тука јасно е дека се тежнее кон македонскиот став... Сите конкретни прашања кој можеби мене не ми се познати... како што се уставите на МРО... можноста за членување на организацијата... Одринско кога е вклучено во програмата... целата на организацијата... можаат дополнително да се разработаат и објаснаат, и затоа сите предлози вклучително и историски извори (не литература) може да ги пратите да ги разгледаме и протолкуваме... зошто без толкување ќе стане каша... за на крај повторувам дека има простор за дополнителни објасненија но никој нема да прифати статијата да биде како што мислат бугарските историчари... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 09:12, 5 април 2010 (UTC)

Со тоа
Статијата на МРО е на Мк. википедија и од тука јасно е дека се тежнее кон македонскиот став...
ти призна дека овде се уредува претежно од македонска национална гледна точка. Сакам да напомнам дека
Википедија на македонски јазик не е национална енциклопедија на Македонците
и исто така дека
Политиката на неутрална гледна точка означува дека сите статии треба да бидат пишувани, без предрасуди, прикажувајќи ги, праведно, сите гледни точки.
Статиjата се уредува во конфликт со основни правила на Википедиjа, се премолчуваат или искривуваат одредени македонски и немакедонски (не само бугарски!) научни ставови, а исто така содржината на многу од изворите се прераскажува селективно и неточно. Во таква атмосфера не е можно да се уредува - споровите за неутралност се решаваат со бришење на истите од страницата за разговори! Бобан Крумески 10:07, 5 април 2010 (UTC)

Оваа политика е често погрешно разбрана. Таа не претпоставува дека е можно да се напише статија од една единствена, непристрасна, објективна гледна точка. Политиката вели дека ние треба праведно да ги претставиме сите страни на спорот, и да не правиме една статија да тврди, подразбира, или најавува дека една од страните е точна. Круцијално е сите Википедијанци да работат заедно за да ги направат статиите што понепристрасни. Ова претрставува една од најголемите заслуги за Википедија....--Еден Македонец ? (разговор) 12:41, 12 април 2010 (UTC)

Уредување наслов и поднаслов на страницата

[уреди извор]

Сметам дека во насловот на страницата треба да стои „Тајна“, а да го нема зборот „Внатрешна“,зошто името ТМОРО е предходно самостојно име на организацијата и самиот поднаслов на страницата да почнува со; „ТМОРО /Тајна македонска одринска рецолуционерна оржганизација/а потоа да следи МРО / Македонска револуционерна организација./“ и тоа да биде се. ВМОРО да отпадне од насловот зошто тоа е име на организација што не одговара на содржината на страницата и се однесува за период што следи,а другото со објаснување според првиот устав да си остане како што е. Во подзаглавието за „организцијата од 1903 до 1908 год,да се внесе следниот текст како што стои во порталот Македониум;„ЦК, согледувајќи ја својата незначителна улога, во април 1904 година, се самораспуштил со тоа организацијата со името ТМОРО престанала организационо да постои.“ Во делот за Рилскиот конгрес одржан во октомври 1905 год, под точка 4 наместо постоечкиот да стои текстот ;„Формирана е нова организација без квалификативот Тајна и е именувана ;Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација, скратено ВМОРО.“ Сметам дека со предложените корекции страницата ќе биде усогласена со Порталот Македониум, а и со стварната историска вистина. ТМОРО никогаш нее преименувана.Штом Централниот комитет се распуштил во август 1904 година, ТМОРО повеќе формално не постои. Тек на Рилскиот конгрес ,кој е одржан по одржувањето на окружните конгреси во октомври 1905 год. значи после едногодишно непостоење на ТМОРО, договорената организација што би функционирала понатаму но со неединствени ставови е наречена ВМОРО, а баш тоа значи дека без оглед што во нејзиното формирање учествувале стари револуционери , таа е НОВА организација, со ново име.. Се надевам дека предложеното ќе биде прифатено. Поздрав од {Ucitelot (разговор) 07:20, 31 март 2010 (UTC)}..

Внатрешна македонска револуционерна организација

[уреди извор]

Организацијата уште пред да го промени своето име од ТМОРО во ВМОРО себеси се нарекува Внатрешната револуционерна организација уште во 1902 година, за се прави разлика од Врховистите, таа само формално го сменила името во ВМОРО... види во весникот Право издаден 1902 година....--Еден Македонец ? (разговор) 13:17, 1 април 2010 (UTC)

Внатрешната револуционерна организација ќе му даде на секој да реазбере дека работи за единството и независноста на Македонија, како слободна држава на Балканскиот полуостров. Таа организација, давала и во иднина ќе дава докази дека не е агент на никоја од балканските држави, туку агент само на македонската слобода и независност. Со таквите докази таа постепено ќе ги остранува племенските разлики во Македонија и ќе го организира идниот, ако и разнобоен, но способен да се самоуправува мирно и тивко, македонски народ Право, II/31 (39), 22.09.1902, 3--Еден Македонец ? (разговор) 13:20, 1 април 2010 (UTC)



Тајна македонско одринска револуционерна организација

[уреди извор]

Се согласувам дека поради причината што и ти ја наведуваш,во меѓусебните комуникации на револуционерите и народот е употребуван терминот ВНАТРЕШНА, но тој термин формалнопарвно и званично нее утврден како име на Организацијата. Нејзиното име ТМОРО и устав се во службена употреба се до самораспуштањето на нејзиниот централен комитет во април 1904 година.Од тоагаш Организацијата формалноправно не постои.Тоа се историски и званични податоци за Организацијата. Затоа сметам дека треба тие да бидат на страниците на Википедија, а не оние употребубвани во народот. Само така ќе се знае историјата за секој нејзин период и не би се мешале еден се друг. ВМОРО е организацијата именувана на Рилскиот конгрес 1905 година и таа под тоа име делува од тогаш. Разграничувањата мора да бидат јасни ,затоа што постоела навистина и надворешна организција под името ВМК /Врховен македонски комитет/ формиран 1895 година во Софија,кој во 1902 год. успева да се инфилтрира во ТМОРО и преку Иван Гарванов да го превземе раководењето,по што настануваат таканаречените струи во ТМОРО,кои всушност не се тоа ами поделба на припадниците на двете организации-ТМОРО и ВМК

П.С. Името ТМОРО и уставот за ТМОРО организацијата го добила,или е именувана на конгресот во Солун 1896 година во јуни и тоа име не е менувано ниту на еден друг конгрес,што може да се смета за званична промена на името,се до распуштањето на ЦК 1904 г.Содржината на страницата одговара за ТМОРО и затоа насловот треба за неа да гласи;Тајна макед.одринска рев.организац. Внатрешната макед.одрин.рев.орг. да има посебна страница со меѓусебни врски.Пишувањето за името во новина немоше да се смета за нејзино званично име.Мислам дека образложението е доволно.Поздрав --Ucitelot (разговор) 15:01, 1 април 2010 (UTC).

Според официјалната македонска историографија организацијата егзистирала од 1894 - 1908 година

[уреди извор]

1908 до 1919 година

[уреди извор]
  • Излегувањето од илегала. По 1908 година, дејците на ВМОРО се организираат во легални организации и политички партии, т.е. почнуваат да дејствуваат по легален пат. Левицата на ВМОРО се вклучува во дејноста на Народната федеративна партија (бугарска секција), додека десницата во Сојузот на бугарските уставни клубови. Во 1909 година почнуваат провокации на Младотурците кон некои бивши активисти на ВМОРО, како апсења, испрашувања итн. Тоа натерува некои пак да станат илегални и со чета да излезат во планина, но поголемиот дел остануваат на линијата за работа во рамките на институциите. Во предвечерјето на Балканските војни, ВМОРО е скоро неактивна и после нивниот почеток се расформирува.

  • Ќустендилскиот конгрес. Ќустендилскиот конгрес се одржал во првите денови на март 1908 година во с. Жабокрт, Ќустендилско. Таму се собраа следните делигати: Христо Матов, д-р Христо Татарчев,Петар Ацев, Ефрем Чучков, Тодор Черваров, Христо Шалдев, Петко Пенчев,Петар Чаулев, Тане Николов, Добри Даскалов, Тодор Александров, Милан Гурлуков, Васил Чакаларов, Климент Шапкарев, Христо Силјанов, Илија Биолчев, Мих. Монев, Ангел Узунов. Отсуствуваа делегатите од Серскиот округ - беа непоканети поради нивната положба на отцепници, во која членовите на серскиот окружен комитет сами се поставија по убиството од 28 ноември - и Струмичкиот револуционерен округ, беа поканети но отсуствуваа како протест што бугарската власт продолжуваше да го држи затворен стариот струмички војвода Х.Чернопеев. За претседател едногласно бил избран Христо Матов а за секретари: К.Шапкарев и П.Пенчев.

  • ВМОРО во Балканските војни. Во отсуство на единствено македонско политичко и воено раководство одредени македонски војводи се обиделе да ги надминат меѓусебните недоразбирања и барале да прекинат непријателствата меѓу македонските фракции, четите да содејствуваат. Првиот обид за помирување и заеднички содејства на четите на ВМРО, на Сандански и на врховистичките чети го направил Христо Чернопеев кој упатил повик до Јане Сандански и до Тане Николов. Сите раководители на ВМРО заминале во илегала, со задачи да го подготват населението и локалните војводи на дадениот повик да ги започнат дејствата. Мелничкиот округ бил поделен на околии, на реони и на села, а така се формирале и единиците, односно вооружените формации. Центар на округот бил Мелник, а главен раководител Јане Сандански. Негов помошник бил Ѓорѓи Казепов, кој воедно бил и околиски војвода. Од Мелник биле раководени и координирани дејствата во целиот Серски револуционерен округ. Покрај македонското, поради авторитетот на Сандански, во неговите формации самоиницијативно се пријавувало и влашко, еврејско, дури и грчко население. Овие чети за партизански дејства ја вршеле разузнавачката и известувачката служба. Тодор Александров се обидел преку Христо Чернопеев и Казепов да контактира со Јане Сандански, со цел да ги распушти серските другари и да ги стави под команда на штабот на ВМРО. Сандански во почетокот одбивал секаква соработка со штабот на Александров. По тоа прашање закажал средба со своите војводи. Средбата се одржала на Пирин и било констатирано дека штабот на Александров се обидува да ја стави Серската организација под своја команда. Распуштањето на другарите за Сандански било апсолутно неприфатливо. Меѓутоа, со оглед на неизбежноста на војната и во името на Македонија се согласил на спогодување со четите на Александров. До почетокот на војната, Сандански успеал да мобилизира околу 2.000 луѓе. Сандански помирувањето не го прифатил, но непријателството го замрзнал поради војната. За време на Балканските војни и Првата Светска Војна бивши кадри од ТМОРО формираат големи чети и ги праќаат во Македонија да вршат диверзантски акции. Овие чети се ставаат предимно во служба на бугарската армија, и водат битки против турските, а после и против српските и грчките војски. Исто така бивши активисти на ВМОРО со нивните партизански чети и одреди се вклучват во составот на Македонско-одринското ополчение.ОВОЈ ДЕЛ СЕ ОДНЕСУВА НА 1908 - 1919 ГОДИНА и ЗАТОА БРИШАМ дополнително видете во сета понова и постара литератуара...--Еден Македонец ? (разговор) 21:09, 1 април 2010 (UTC)

Распуштање во 1904 година ?

[уреди извор]

Навиститина не ми е познат ни еден документ дека организацијата се самораспушта во 1904 година, ако има такво нешто може ли некој да го покаже--Еден Македонец ? (разговор) 21:14, 1 април 2010 (UTC)

Тајна македонско-одринска револуционерна организација

[уреди извор]

По се изгледа дека не сме се разбрале, па јас пак ќе го повтораам предходниот разговор. Зборот ми е во следното;Имиња на организации, партии исл. се даваат на званичен собир-конгрес. ИметоТМОРО,МРО го добiла на Солунсккиот конгрес одржан во јуни 1896 година.После тој конгрес на ниеден друг конгрес нее променето името ТМОРО се до Рилскиот конгрес одржан во октомври 1905 година,кога обновената МРО е именувана без квалификатицв тајна ,ами како Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација скратено ВМОРО. Е сега, пошто нешто исфрливте и целата страница зборува за периодот кога Организацијата го носи името ТМОРО, редно е и насловот на страницата да гласи Тајна македонско-одринска револуционерна организација, скратено ТМОРО. поради што се надевам дека ќе се согласите со таа промена. При крајот за активноста на ТМОРО до 1905 год./откога делува како ВМОРО/, тфреба да се вметне една реченица ,која би гласела: Централниот комитет,согледувајќи ја својата незначителна улога по извршените опсежни консултации за реорганизирање на Организацијата и одлуката за одржување на подготвителни конгреси во сите револуционерни окрузи за избор на делегати и одржување на еден општ конгрес престанал да функционира, а со тоа и формаслноправното постоење на организацијата под името ТМОРО. Од сегогаш е пракса да кога една организација донесе одлука за одржување на конгрес , да значи дека раководните органи на организацијата се распуштаат и се избира тело што ќе го подготвува идниот конгрес/. Во случајот со ТМОРО немора да постои одлука како пишан документ,доволно е образложението во Историјата на Mакедонскиот народ изданиа 1972 и 1988 година,Скопје.Значи во првата половина од 1904 година Со Прилепслкиот конгрес почнуваат конгресите и во другите Рев.окрузи,а во октомври 1905 год. е одржан Рилскиот конгрес и од тогаш МРО функционира како ВМОРО,поради што нејзиниот период треба да има посебна страница во Википедија.--Ucitelot (разговор) 01:05, 2 април 2010 (UTC)

Македонска револуционерна организација

[уреди извор]

океј те разбарав... Се согласувам дека таквото толкување е прифатливо... ама нема ни еден доказ дека формално организацијата се распуштила во 1904 година , кога нешто се тврди треба да се има поткрепа, во овој случај нема... Ќе ти повторам уште еднаш дека официјален став на Македонската академија на науките и уметностите МАНУ е дека името на организацијата е МРО и како таква егзистира од 1894 до 1908 година, тоа не е мој став тоа е ставот на најкомпетентните историчари во Македонија за тој период, односно Ванчо Ѓорѓиев.... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 05:47, 2 април 2010 (UTC) еве поткрепа за овааа па прочиатај LIT.: Mihajlo Minoski, Prilog kon pra- {aweto za imeto na Makedonskata revolucionerna organizacija vo po~etniot period od nejzinoto dejstvuvawe (1893- 1896), Prilozi na MANU, 2, Skopje, 1995; Zb., Sto godini od osnovaweto na VMRO i 90 godini od Ilindenskoto vostanie, Skopje, MANU, 1994; Ivan Katarxiev, Sto godini od formiraweto na VMRO, sto godini revolucionerna tradicija, Skopje, 1993; Zb. Sto godini VMRO, zlatna kniga, Skopje, 1993; Van~o Georgiev, Makedonskoto nacionalnoosloboditelno dvi`ewe vo Solunskiot vilaet 1893- 1903 godina, Skopje, 2003.--Еден Македонец ? (разговор) 05:51, 2 април 2010 (UTC)

Првиот устав

[уреди извор]
Првиот официjaлен устав на организацијата.

Го префлив подоле каде се говори за првите - нормативни акти од естецки причини за бидат заедно, нетреба да стои горе... меѓу другото сите се согласни дека тој е прв устав на организацијата без разлика како гласи неговото цело име... има спор само за датирањето кога е донесен..--Еден Македонец ? (разговор) 06:26, 2 април 2010 (UTC)

Распуштање во 1904 год.

[уреди извор]

Сакав да укажам дека треба да се пишува усогласено за исти историски факти,а не како кому ќе му биде згодно и зависно од изворот што го користел.Заправо така и е пишувана нашата историја.Секој историчар од различни аспекти пишува за настаните. Еве еден цитат превземен од Порталот Македониум на http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2; ЦК, согледувајќи ја својата незначителна улога, во април 1904 година, се самораспуштил. За надминување на постојната состојба во текот на 1904/1905 година биле одржани повеќе окружни конгреси. На повеќето од нив биле заземени ставови за идно преуредување на Организацијата врз основа на извесна децентрализација. Такви конгреси биле одржани во Струмичкиот, Битолскиот, Скопскиот, Солунскиот и Серскиот револуционерен округ.Извори : 328-Димитар Димески, Кашина - симбол на непомирливата антиврховистичка борба на Јане Сандански, "Јане Сандански 1915-1975", ИНИ, Скопје 1976,135. ; 329-Ѓ. Петров, исто, 199.; Види: Иванъ Харизановъ, Вториятъ Рилски конгресъ 1906 година, "Македонска мисъл", кн. 1- 2,1945,44-51. ; Христо Силяновъ, Освободителните борби на Македония, т. II, София 1943,518. . Факт е дека по консултациите што ги вршел ЦК со окружните рев . организации е донесена одлука за припрема и одржување на еден општ конгрес на ТМОРО.Со самото тоа независно дали има пишан документ раководните органи на истата се распуштаат и фромално правно не функционираат тие неможат да донесуваат никакви одлуки за организацијата,таа е во мирување.Таква пракса е секаде.


Првиот устав

[уреди извор]

Организацијата има втор устав од 1896/7 година,што го изготвиле Гоце Делчев и Даме Груев под името Та јна македонско-одринска револуционерна организаци и трет устав изготвен на илскиот конгрес за Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација. Тоа значи дека нее само еден устав-првиот и последен.--Ucitelot (разговор) 13:53, 2 април 2010 (UTC).

Тајна македонско-одриндска револуционерна организација

[уреди извор]

Неспорно е за сите трансформации на организацијата да се кажува со едно општо име МРО /Македонска револуционерна организација/,или Македонска револуционерна борба ,но не и ВМРО /внатрешна македонска револуционерна организација/ или ВМОРО /Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација.Последните две се имиња на МРО во одредени периоди и тие имиња треба да се употребуваат кога станува збор за одредениот период. Пример; ТМОРО треба да се употребува за периодот до 1905 год.; ВМОРО во периодот од 1905,ВМРО од 1910 год.итн.Значи,треба да бидат разграничени фактите што се однесуваат на организацијата и да се знае на кој период од нејзиното постоење тие припаѓаат без оглед дали се позитивни или негативни за да не создаваат забуни.Пр.се вели, Гоце Делчев бил истакнат лидер на ВМРО ,што не одговара на вистината. Името ВМРО на МРО се јавува многу покасно после неговата смрт. исл.Или во општа употреба кај историчарите е името ВМРО-Внатрешна макед. рев. организација, но никогаш не е идентификувана со право име нејзината природна спротивност што следи на изразот внатрешна, која била надворешната организација?- а имало таква, тоа било Врховниот македонски комитет ВМК од Софија -Врховистичката исто така македонска револуционерна организација и двете идентични-ВМРО.Историчарите ги нарекуваат како лево и десно крило на МРО, според мене нее во ред, нее исправно. Поради изложеното,нужно е на оваа страница Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација зборот внатрешна во насловот да се замени со ТАЈНА,затоа што и целиот текст на истата се однесува на периодот од ТМОРО до 1905 година, а за ВМОРО треба да се отвори соответна страница под тој наслов и да се уреди.--Ucitelot (разговор) 15:42, 2 април 2010 (UTC).

Македонската револуционерна организција, Тајна македоно - одринска организација и Внатрешна македоно - одринска организација се една едеинствена организација

[уреди извор]

И тоа е овицијален став на МАНУ и најкопентентните луѓе во државата, луѓе кој животот го посветиле да ја проучуваат оваа организација... и во принцип е неправилно кој стигне да толкува како сака и како му одговара... Повторувам... првото име на организацијата е Македонска револуционерна организација и таа егзистира од 1894 - 1908 година под три имиња МРО, ТМОРО и ВМОРО... И има три устава првиот е донесен 1894, вторит 1897, третиот по Рилскиот конгрес... ова не се мој ставови... повторувам ова е став на Националниот институт за историја, Факултетот за историја и МАНУ... --Еден Македонец ? (разговор) 16:31, 2 април 2010 (UTC)

Е, аjде сега, даже и Андрjу Росос, коj што е македонец и професор по историja признава името БМОРК од 1896 до 1902, како и западните и руските изтражувачи. Т.е. наj-долго таа го носила ова име - БМОРК. Jingiby (разговор)

Тајна македонско-одриндска револуционерна организација

[уреди извор]

Точно така,.....во принцип е неправилно кој стигне да толкува како сака и како му одговара..... Тогаш кој е тој што сака и му одговара страницата да го носи баш овој наслов Внатрешна македон.-одрин.револ.организација, а не како што тврдиш првото име Македонска револуционерна организација? Ако е ова прво име ,на кој конгрес и во кој устав така е именувана Организацијата ?Најдолг период од постоењето на организацијата го носи името ТМОРО со кое е именувана на конгрес на Организацијата и е званичво име шро го содржи вториот Устав на истата,а некому одговара да не се вика така страницава на Википедија, ами да стои името што следи по ТМОРО, со терминот Внатрешна ? Гоцевата револуционерна органиација не заслужuвa да биде потстанар на страница од нејзина следбеничка,него редоследот треба да биде обратен. Кога МАНУ и некои еминентни историчари,на кои се повикуваш,ќе кажат отворено,пошто упорно сакале МРО да се вика ВМОРО или ВМРО, со определницата ВНАТРЕШНА ќе соопштат во историската наука која била НАДВОРЕШНАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА, без неја да ја сокриваат зад термините „ЛЕВО И ДЕСНО КРИЛО НА вНАТРЕШНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА“ ? Дејците и современиците на МРО ,имале потреба својата Организацијада ја нарекуваат ВНАТРЕШНА, затоа што многу добро знаеле дека постои и делува и НАДВОРЕШНА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА. Тие не ги употребувале термините лева и десна струја или крило .Тоа се термини на историчари и на некои кои така сакаат и им одговара.Затоа денес се тврди дека Делчев бил лидер на ВМРО,Методија Андонов Ченто или Јане Сандански биле припадници на ВМРО и плеада други ,што не одговараат на вистината него со нив се манипулира и се искористуваат за современи политички цели од страна на политички партии и други.

Насловот на страницата трреба да гласи, ако е уставно името МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА, а ако го нема ТОА ИМЕ во некој од уставите на Организацијата насловот треба да биде ТАЈНА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА a другите имиња во поднасловi.--Ucitelot (разговор) 22:20, 2 април 2010 (UTC).

Околу името на организацијата

[уреди извор]

Сакам да напоменам дека залудно си трошите време и зборови ако планирате да ја поделите оваа статија на две: ВМРО и ТМРО. Во принцип тоа е една иста организација со различно име и според правилата на Википедија не смее да има две исти статии според содржина. Како компромис може оваа статија да содржи две големи секции едната од почеткот на организацијата до преимернувањето и другата голема секција од преименувањето до распаѓањето. Во тие големи две секции ќе ги содржи истите овие содржини. Ова го зборувам од технички причини и ве молам земете го во предвид, правилата на Википедија мораме да ги почитуваме.--Никола Стоіаноски 22:26, 2 април 2010 (UTC)

Статијата горе долу ја средив.--Никола Стоіаноски 22:55, 2 април 2010 (UTC)

Поделбата во органзизацијата

[уреди извор]

Таа во во никој случај не е идеолошка, туку национална.--Еден Македонец ? (разговор) 06:20, 3 април 2010 (UTC)

СПОР ОКОЛУ ИМЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

[уреди извор]

Името на статијата треба да биде Македонска револуционерна организација, а потоа да следува ТМОРО и ВМОРО.... тоа го кажувам врз основа на оваа литература која е изворна и потекнува од самите основоположници (Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995... Христо Шалдев, Основаването на ВМРО (записи на Иван Х. Николов), Ил. Илинден VIII / 1 (71) София, 1936... како и литературата на историчарите ( Михајло Миноски, Прилог кон прашањето за името на Македонската револуционерна организација во почетниот период од нејзиното дејствување (1893- 1896), Прилози на МАНУ, 2, Скопје, 1995, Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски Факултет)....--Еден Македонец ? (разговор) 06:43, 3 април 2010 (UTC)

Тајна македонско одринска револуционерна организација

[уреди извор]

За поделбата

[уреди извор]

Точно е дека поделбата на организацијата нее на идеолошка оснона.Таа е на национална основа и ја чинат носители МАКЕДОНЦИ што се борат за Македонска МАкедонија и носители БУГАРИ што се борат за Бугарска Македонија.Тоа е тоа и ништо друго.

За имињата и насловот

[уреди извор]

Не може во никој случај званично име на некое лице на пр. да биде и Мире и Мирче.Идентитетско име мора да биде едното од многу сличните меѓу себе.Затоа и ТМОРО и ВМРО не може да бидат име на една иста Организација во никој случај, па ниту во принцип.Тие имиња го искажуваат идентитетот,карактерот и битието на епонимот.Станува збор за лицето, формата на организацијата и по тоа тие се разликуваат без оглед што во нив суштината,односно борците се помешани и настанува галиматијас од од помешани интереси и крајни цели,па не може прецизно да се разграничат кој за што се вкључил во Организацијата.Дејците во организациите имале потреба и сакале преку имињата да искажат идентитет и карактер и тоа ние сме должни да им го почитуваме и сега и секогаш. Името ТМОРО' е чисто идентитетско име на Организацијата и тоа во себе не вкључува друг туѓ идентитет, како што е тоа случај со името ВМРО или ВМОРО.Тоа е затоа што истовремено со настанувањето на ТМОРО на сцената,Бугарската држава преку ВМК /Врховниот македонски комитет/ во Софија формира паралелна револуционерна организација за да се бори во еден дел идентично со ТМОРО- за ослободување на Македонија, но дијаметрално спротивно по прашањето ,,ШТО СО МАКЕДОНИЈА ПО ОСЛОБОДУВАЊЕТО,,? ТМОРО е за АВТОНОМНА-МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ , а ВМК за БУГАРСКА МАКЕДОНИЈА во рамките на државата Бугарија.Тоа е историската вистина. Употребата на терминот ВНАТРЕШНА како определница ,односно буквата В во ВМОРО и ВМРО, истовремено асоцира и на терминот ВРХОВИСТИЧКА како определниа што го менува нејзиниот идентитет. Значи се залагам и за идеолошко и за национални принципиелни разграничувања на имињата и на крајот за идентитетски разлики во имињата на истата Организација како што велите,што ги имала во разните нејзини периоди од постоењето. Ете затоа сметам дека најадекватно е страницата во насловот да гласи ,,ТАЈНА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА,,. а во содржината да стојат работите како што ги утврдила историската наука - МАНУ и историчарите.--Ucitelot (разговор) 07:51, 3 април 2010 (UTC).

Спорно името

[уреди извор]

Сепак подобро решение ќе биде насловот да гласи како што велите МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА, отколку ВНАТРЕШНА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА,и покрај тоа што името МРО не постои во ниту еден од трите Устави на Организацијата.Сепак нјадекватно е да стои терминот ТАЈНА........--Ucitelot (разговор) 08:03, 3 април 2010 (UTC)!

Како компромис еден мој предлог. Дали оваа вики заедница се нафаќа статијата да се нарекува Македонска револуционерна организација? Ако се нафаќате ќе ја преместам и така ниту ВМОРО, нитѕ ВМРО ниту ТМРО нема да ви пречи и плус има секција за името на организацијата.--Никола Стоіаноски 12:37, 3 април 2010 (UTC)

Нашироко организацијата е позната како ВМОРО... Од кај па сега излезе Мак. Рев. Орг.? 89.205.16.173 (разговор) 17:46, 3 април 2010 (UTC) Бојан имаш за кажување? 17:47, 3 април 2010 (UTC)

Очигледно од спорот околу името кој го имаат некои корисници. Јас реков дека статијата треба да се вика ВМРО, но еве давам и предлог за да се дискутира и да се прекине, барем делумно, овој спор. Како сакате, мене ми е ок и вака и со ново име. --Никола Стоіаноски 18:03, 3 април 2010 (UTC)
Зошто „Тајна македонско-одринска револуционерна организација“ = Соседна Грција не ни го признава уставното име на нашата држава,и бара ние да го смениме,односно да додадеме пред или после името Македонија збор - определница.За нас тоа нее прифатливо.Во случајов ние несакаме да го признаеме најавтентичното уставно име на Револуционерната организација што самите дејци, наши предци и го дале.Нели е тоа апсурдно? Кому му пречи на страницата за неа да се стави нејзиното уставно име со одредницата ТАЈНА /македонско-одринска револуционерна организација/ него се предлага име од нечии мемоари,кое го нема во ниеден од трите устави на РО- МРО-Македонска револуционерна организација ? Не само мене туку ќе пречи на секој посетител на страницата затоа што тоа име неја определува поблиску организацијата и не се знае за која станува збор,дали е постара,понова ,сегашна итн.Името со придавката ТАЈНА е утврдено со устав,ја искажува автентичноста,не наведува човек да размислува,како што тоа го прави името со придавката внатрешна зошто е пр. Внатрешна, има ли надворешна,која е таа и така натаму.Тоа значи дека името ТАЈНА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА е најприфатливо за секој вистински Македонец ,без предрасуди за своето потекло и етнички корени. На вас е да одлучите,дали овој мој предлог ќе го прифатите или не. Јас не би сакал во моментов да ја земам улогата на уредувач на страницата без навистина да согледаме решение што нема да биде навредливо за најистакнатите припадници на Организацијата,за кои тоа име значело светост и за него ги дале своите животи.--Ucitelot (разговор) 18:39, 3 април 2010 (UTC).


Има документи за првото име на организацијата кое гласи Македонска револуционерна организација= Во сета почетна коресподенција така се означува... ... и сите други комитети така се викатаат пример Огражденски окружен македонско - одрински комитет - печатот е во музејот на Струмица... го нема зборот тајна... од друага страна самите основоположници потврдуваат дека првото име �� МРО....Според Татарчев, откако чл. 23 од Берлинскиот договор им се видел:

... како апстарктен за народот, ��рифатиле да се замени со една попластична фигуративна формула - автономија на Македонија во нејзините географски и етнографски граници и тоа да се впише во Уставот на организацијата и откако ја поставиле целта, основоположниците решиле таа да се вика: Македонска револуционерна Организација (МРО) , на чело со Централен Македонски Револуционерен Комитет (ЦМРК)


....(Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София

пак повторувам дека Македонска револуционерна организација е официјален став на МАНУ и Институтот за национална историја и треба да има усогласување...поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 18:51, 3 април 2010 (UTC)--Еден Македонец ? (разговор) 18:52, 3 април 2010 (UTC)

Првиот печат гласи Македонски централен револуционерен комитет, нема Тајна... нема Внатрешна... нема Одринска... нема Бугарска... намерно е така направен за да го одразува националниот карактер на организацијата... подоцна за да се направи динстикција од Врховниот комитет се додавките Тајна и Внатрешна... и затоа организацијата треба да се вика Македонска револуционерна организација под тоа име е и основана...--Еден Македонец ? (разговор) 19:01, 3 април 2010 (UTC

И натаму за името

[уреди извор]

После сто и неколку години од првите чекори за формирањето на Револиционерната организација ние се обидуваме да и дадеме име.Се прашувам Зошто? Прелиминарните дискусии на учесниците во создавањето на Организацијата и употребата на имиња во истите не се и ЗВАНИЧНИ решенија донесени на највисокиот орган на Организацијата на КОНГРЕС. Само одлуки и документи на таков собир се формално правно валидни и званични. Секакви писанија во мемоари и сл. можат да бидат само помошни податоци но не и ЗВАНИЧНИ документи, тоа се сасмо видувања за одредени настани и случувања на поединец обоени и со лични ставови или личен однос кон самиот насстан.Поготово што такви мемоари се пишуваат многу покасно од самите настани,па и пред крај на жиовотот на пишувачот. Многу го форсираш ставот на МАНУ како да се викала Организацијата,но зошто еден став па нека е и на МАНУ да биде посилен од валиден документ-Устав,донесен од највисок орган на Организацијата и од најкомпетентни учесници на форумот што го донесол. Несватливо е повеќе да се верува на некои што пишувале после скоро сто години за Татарчев и што он запишал, а не на Уставот на Организацијата во чио донесување 1896/7 година учествувале Гоце Делчев и Даме Груев. Тоа се прашања што навистина заслужуваат за нив да се дискутира.Јас се повикувам на званичен документ Уставот донесен на конгресот на Организацијата ,одржан летото 1896 година во Солун, а не на нечии мемоари или коресподенција во која вообичаено е долгите имиња било чии тие да бидат, да се изговараат во скратени форми,како и личните имиња на луѓето.Овој Устав го подржувам поради тоа што неговото важење траело најдолго во текот на постоњеето на Организацијата ТМОРО. П.С.Одлука за судење на Сарафов е донесена на Рилскиот конгрес, а не од страна на Централниот комитет на ТМОРО, кога во текот на 1904 година по расколот и не функционирал:тоа сметајтего како ви одговара,дали е самораспуштен или никој не го фермал,затоа што Организацијата фумкционирала и се припремала за конгрес по револуционерни окрузи e сеедно. Печатот е на зентралниот комитет, а на на конгресот и тој гласи на име од оној што го употребува.--Ucitelot (разговор) 23:52, 3 април 2010 (UTC).

МАНУ не ја сочинува историчарот Миновски, ниту тој е МАНУ. Се виде какви определници пишува во Несудената Македонска енциклопедија, но нејсе,ти си врзан за него и некоја литература во главно пишувана и издавана во Софија последната деценија од минатиот век и тоа не се документи од 1896/7 год. Печатот што го прикажуваш е печат на Централниот комитет на организацијата и тој е нормално така да гласи.Тој нее печат на конгресот од 1896 год.Но дали конгресот имал печат,вероватно нее познато. Инсистираше да те упатам на извори кога во почетокот спомнав дека Центр. комитет во почетокот на 1904 год. бил самораспуштен. Затоа и јас цело време во разговоров се повикував на званичен документ Уставот од 1896/7 год. изготвуван од Делчев и Груев. Сметам дека тој треба да се почитува ,Но ете имало ставови на некои историчари кои се посилни и од изворните, напомнувам званични документи.Нека биде како што ти сугерирале иако нее во ред,само тоа уредиго. Разговорите не се штетни и затоа јас сметам дека треба да продолжат.поздрав--Ucitelot (разговор) 08:15, 4 април 2010 (UTC).

Ја прекинувам дискусијата за името --Еден Македонец ? (разговор) 10:05, 4 април 2010 (UTC)

Заклучок: Поради изјаснување на сите заинтересирани и засегнати корисници кон овој проблем за името на статијата, еден од корисниците ја преименувал статијата во сегашното име што според мене е прифатливо за надминување на конфликтите. Исто така, ова име е доста често користени во македонската историографија и во оригиналните документи од тоа време и додатно на тоа не се прави забуна со т.н. ВМРО на Александров и Михајлов за која некои сметаат дека е продолжение на старото ВМРО, но македонсата историографија го тврди и докажува спротивното. Ова е револуционерна организација, а после 1908 ВМРО повеќе наликува на терористичка. Ова сегашно име е добро за да прави јасна дистинкција, решавање на спорот и всушност ова е сржта на сите варијанти-имиња кои се појавуваат во секцијата Име. Поздрав и мислам доста трошиме време на ова, да се фокусираме на попродуктивни работи зошто јас ги пренасочив сите варијанти на името кон оваа статија и сега е добро, нема промашување при пребарување. --Никола Стоіаноски 10:07, 4 април 2010 (UTC)

На крајот уште нешто !

[уреди извор]

Велиш дека си млад и по години и како уредувач на оваа страница.За разлика од тебе,јас сум во позрели години,па си земам за право да ти речеам нешто што немораш да го прифатиш.Во животот се трудев да си изградувам сопствени СТАВОВИ за проблемите и појавите во реалниот свет.Никогаш не робував на туѓи ставови и затоа плаќав цех.Трудисе,сигурен сум дека тоа го знаеш,врз фактите што ти се достапни да изградуваш сопствени ставови и тие да ти бидат водилки. Туѓите ставови не се и аргументи за изградување на сопствени ставови.Пред аргументите и вистината се симнува капа и тие треба да се почитуваат и адекватно вреднуваат. Досегашните разговори ги имавме баш околу еден таков проблем. На крајот се покажа дека нечии ставови се појаки од самите изворни докази-ардументи.Кога се мора,и тоа е прифатливо.Сепак нешто поправивме.

Мислам дека покрај факсимилот од првата страница на првиот устав, да ги прикачиш и факсимилите ид вториот и третиот устав на Организацијата,нив ги има на Википедија,па така да ги има трите,зошто тие севалидните и изворните аргументи што ја кажуваат вистината.Има и други работи што треба да ги има оваа страница, но тоа понатаму. Биди поздравен од --Ucitelot (разговор) 14:19, 4 април 2010 (UTC).

И ШТО СТАНА СО ОДРИНСКО?

[уреди извор]
Одринскиот вилает во 1903 година.
Map of European Turkey. Macedonia and Adrianople areas, which were given back from Bulgaria to the Ottomans as per the Treaty of Berlin are shown with green frontiers.

КАТАРЏИЕВ: Практично, ни левицата ни десницата не ја доведуваа во прашање својата бугарска провениенција...Тие, практично, се чувствуваа како Бугари. Македонската свест почна да се развива дури по Првата Светска воjна, највеќе во Србија и во Грција, бидејќи таму се спречи бугарската егзархиска пропаганда, се затворија бугарските училишта, а во Македонија мрежата на бугарскиот школски систем беше дури погуста отколку во Бугарија... Инаку за македонска интелигенциjа може да се сборува дури по 1945 г. и тоа благодарение постоењето на државниот субјект – НР Македонија во рамките на Jугославија. Таа македонска интелигенциjа се разви прво врз основота на репресиjта за да може да се развие и таа свест. Тука многу се зборува за “политички” и за “национален сепаратизам”. Луѓето не праваат дистинкција, не го употребуваат коректно. Националниот сепаратизам претпоставува изградена нација со национална свест и оттаму – сепарација. Така врз основата на веке формиреаната бугарска нациjа во Македониjа се прави сепарација. Тие беа со бугарска национална свест, а македонската нациjа се создаде по Втората светска воjна од политички причини. Темата за сепаратизам не ја отвора Мисирков, а ТМОРО – 1902 г., со статијата “Политически сепаратизам” во весник “Право”, кајшто тие велаат оти се залагаат за политички, а не за национален сепаратизам “защото сме българи като народност. Тие сакаат да се дистанцираат од национален сепаратизам, а на 7 јули се јави и Горче Петров со статијата “Македонското дело на българска почва”, кајшто вели, дека ако се заложиме за самостојност, ние сме прогонувани како кучиња во Бугарија. Тука се работи за делење на Бугари од Бугари. Наj фреквентниот етноним во Македониjа во онова време е “Българин”.

И ШТО СТАНА СО ОДРИНСКО? Го избришавте окончателно от името? Ова се смешки! Ова е псевдостатиja!Jingiby (разговор) 16:53, 4 април 2010 (UTC)

Тебе мислам ти кажав да си ги чуваш за себе твоите мислења кога и како се создала македонската нација. Пази! --Никола Стоіаноски 19:48, 4 април 2010 (UTC)
И уште ова, Едрене и околината се спомнуваат во инфокутијата и статијата, читај малку. А името, ова е компромисно решение и сржта на сите имиња варијации. --Никола Стоіаноски 19:56, 4 април 2010 (UTC)
Господине Катарџиев,вашиов коментар ме фрапира !Вие ја застапувате бугарската теза за вештачка,коминтерновска македонска нација ! Дали е можно? Велите дека и Мисирков не го загатнал националниот сепаратизам.На основа што тоа го темелите? Он зборува за македонски народ не според географската припадност,него за посебност со разлики од другите балкански народности,со посебен јазик, па предлага и кои наречја го чинат за посебен јазик и тн. Не можам да сватам како можете да твдите дека македонците биле македонци само според географската припадност.Дали е навистина дека Србите и Грците ја поттикнале македонската национална самосвет и нацијата е створена после втората светска војна?Дали сте вие навистина историчар или провокатор?--Ucitelot (разговор) 18:59, 4 април 2010 (UTC).
Остави го него, не чита ништо.--Никола Стоіаноски 19:53, 4 април 2010 (UTC)
Се извинувам за моето мешање во разговоров, но морам да потенцирам дека тука нема никакви релевантни коментари од Катарџиев и сл. Се е тоа провокација на teenyBoy од Бугарија. Мислам дека е крајно време корисникот Jingiby да се санкционира поради етнички провокации и омалуважување на една нација. На др. википедија досега ке беше баниран исто како што е на англиската. позз--Р ашо 19:57, 4 април 2010 (UTC)
Веќе се размислува за таа мерка, дали да му се даде бан или блок. --Никола Стоіаноски 19:58, 4 април 2010 (UTC)
Нема потреба од санкции... сепак тоа е официјален став на бугарската историја... така го објаснуваат националниот сепаратизам на МРО... нема ништо спорно... македонскиот став е дека тоа е национален, а бугарскиот дека е политички...--Еден Македонец ? (разговор) 20:04, 4 април 2010 (UTC)
Нема потреба ако зборуваме тука за политика, но во овој случај корисникот е без број пати предупредуван за да не остава националистички коментари и негови лично мислења, но не почитува. --Никола Стоіаноски 20:14, 4 април 2010 (UTC)
Не се спорни бугарски погледи, туку спорни се намерните провокации од потплатена младина од соседството. Тука сем да пишуваме, а не да форумизираме.--Р ашо 20:15, 4 април 2010 (UTC)

За Одринско... тоа првобитно не влегувало во програмата на организацијат и затоа не се спомнува во името... одринско после е додадено...--Еден Македонец ? (разговор) 20:53, 4 април 2010 (UTC) Одрин подоцна влегол во програмата поради тоа што:

положбата на христијанското население таму, особено на бугарското, не се разликува во ништо од онаа на македонскиот народ


види Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995... во Бугарија е печатена... јас не ја печатев книгава....--Еден Македонец ? (разговор) 20:56, 4 април 2010 (UTC)

Глупа провокација

[уреди извор]

Признавам дека употребеното презиме на нашиот историчар на почетокот на памфлетот ме збуни и помислив дали е тоа можно,штому било припишано.Вероварно Jingiby тој текст го што го имаат во некој учебник го амплицира на блогови и дискусии по одредени те иако нема никаква врска со дискусијата.Би рекол-тешка џукела,но тоа е стратегија на провоцирање,вреѓање и негирање што го трпиме во континуитет.--Ucitelot (разговор) 22:16, 4 април 2010 (UTC).

Те молам не обрнувај внимание, корисникот е баниран за одреден период и ќе те замолам не користи лоши зборови за да не губиме од угледот наш. Си знаеме кој сме и што сме, и не потпаѓаме под мизерни провокации, самите си прават штета. Среќни празници и сè најубаво.--Никола Стоіаноски 22:19, 4 април 2010 (UTC)

Потсетување

[уреди извор]

Зошто се уште не се ставени факсимили и од насловните страници на уставите на ТМОРО од 1896 год. и ВМОРО од 19о5 годфина.И тие се званични и легални документи на организацијата ,повеќе него првиот устав.поздрав --Ucitelot (разговор) 22:36, 6 април 2010 (UTC).

Предлог за во насловот ,,ИМЕ,,;

Предлагам постоечкиот текст што се однесува на имињата на Организацијата да се замени со предложениот,за кој сметам дека е појасна и попрецизна информазија.На пример:што кажува ,,во зависност од нејзиното раководство и структура“,демек името зависело !

Постоечки текст;

Организацијата имала неколку имиња во текот на историјата во зависност од нејзиното разководство и структура. Така таа била Македонска револуционерна организација (МРО)[2][6][4], Тајна македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО)[5],Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) Големиот дел од историчарите сметаат дека првото официjaлно име на организацијата било Бугарски македоно - одрински револуционерни комитети - (БМОРК) [8][9][10][11][12][13][14][15][16][17][18]. Нивните ставови се заосноваат врз првиот устав на организацијата чие целосно име гласи:

Предложен текст;

Во времето на своето постоење ‘’ ,,Македонската револуционерна организација (МРО)’’[2][6][4 официјално била именувана и како; ,,Тајна македонско одринска револуционерна организација,, (ТМОРО ) - со Уставот од 1896 год. до 1905 год; и’’,,Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО)’’ [8][9][10][11][12][13][14][15][16][17][18]. - со Уставот од 1905 год. до крајот на нејзиното постоење 1908 год.

Почетното официјално име на организацијата според првиот устав било’’ ,, Бугарско македонско-одрински револуционерни комитети ( БМОРК)’’, (1894 до 1896 год.).

(тоа стои во првиот Устав како фак и нема зошто да стои затоа што така сметаат историчари.)--Ucitelot (разговор) 22:36, 6 април 2010 (UTC)

Истат содржина е и во сегашниот дел за името, да не отвараме нови проблеми ќе биде најарно за оваа Википедија. Исто така подобро е и останатите корисници да се изјаснат па ќе видиме. Поздрав--Никола Стоіаноски 22:38, 6 април 2010 (UTC)

За да биде појасно за името

[уреди извор]

Почитувани администратори,

Јас ве молам да ми ја објасните зависноста на името на организацијата МРО од „нејзиното раководство и структура “?како што стои. На кој посетител на страницата тоа ќе му биде одма јасно, и второ, зошто „големиот дел од историчарите сметаат дека....“ итн.кога „нивните ставови се засноваат врз првиот устав на организцијата“, а потоа имаат фотос од насловната страница на тој Устав?Заправо зошто на Уставот не му се верува.Мислам дека тоа треба да му биде кажано на читателот. Јас сум за поцелосни,конкретни и јасни информации на оваа енциклопедија,ако веќе е допуштено такви да се даваат. Со предложеното сметам дека во врска со тој текст читателот ќе нема потреба да си поставува прашања за кои ќе нема одговор. На крајот не треба да се мисли дека се што е напишано и како е напишано е идеалното и нема подобри решенија.Мораш да допушташ и читателите да помагаат во уредувањето иако си ти овластен администратор.Јас сум само читател и мене ми беа недоволно јасни постоечките формулации затоа си зедов за право да се вмешам и во уредувањето .Бидете поздравени--Ucitelot (разговор) 07:54, 7 април 2010 (UTC). Чекам Да бидам удостоен со одговор.


Почитувани администратори.

Прилично долго очекувам Ваше мислење за моето последно обраќање до вас на ден 7.4...10 год. но гледам дека никој несака тоа да го стори. Не ми се познати причините.Со предлогот јас сакам да се подобри текстот за да може читачот да добие повеќе информации на едно место, но очигледно дека вие не мислите така. Не сакам да верувам дека и во Википедија политиката меша прсти.

Почитуваниот Никола, вети дека ќе ги стави на страницата и факсимилите и од вториот и третиот устав на МОРО,но ги нема .Јас не мислам дека страницата за МОРО е идеална и дека ги содржи сите информации, затоа си земам за право да укажам само на некои работи - факти што треба објективно да се кажуваат иако можеби некому не се допаѓаат. Ве поздравува --Ucitelot (разговор) 06:47, 9 април 2010 (UTC).


До „Брест“,

Така треба да биде според прокламираните можности и права да може секој посетител да биде уредувач,во колку ги почитува и се придржува до правилата и принципите на Википедија.Но на пр, при обид да се попрецизира информација ,тоа експресно се брише ,или потоа се отежнуваат пристапите, а поради тие работи се губи и храброста што ја споменувате.Признавам дека јас недоволно стојам со техниката и правам грешки. Не претендирам на пообемна соработка,мојот придонес е скромен и сосема почетнички. --Ucitelot (разговор) 16:57, 9 април 2010 (UTC).

Македонска револуционерна организација - МРО

Организацијата е формирана под името МРО... подоцна во 1896 година го менува името во ТМОРО... од друга страна бугарската историјографија истакнува дека првото име на организацијата е БМОР и тоа име било од 1896 до 1902 година, а името ТМОРО е од 1902 година... бидејќи ова прашање во историјата не е затворено мора да се спомене дека и такво стојалиште има и покрај тоа што бугарската историографија за историјата на македонија пишува тенденцијозно. Бугарските историчари ги негираат спомените на основоположниците дека името на организацијата е МРО и се повикуваат на првиот устав притоа придодавајќи го Одринско... иако Одринско не влегувало во првата програмата на организацијата... отука бугарската историографија органиозацијата ја прикажува како бугарско движење... иако ставовите на основоположниците се јасни дека првото име на организацијата е МРО на чело со ЦМРК... никаде не се спомнува префиксот Бугарски и Одринско...--Еден Македонец ? (разговор) 16:50, 11 април 2010 (UTC)

===М р о=== - или поинаку?


Незнам од кои причини, но грешиш.Факт е дека Организацијата кој како стигнал така ја нарекувал и запишувал во разни преписки,спомени,мемоари и сл.Скоро никој не држел до званичните имиња што ги имала таа во текот на своето постоење.Многу е важно тие да се почитувани и да се почитуваат кога се зборува за Револуционерната организација.Фактите мора да се изнад секакви нечии желби да прикаже нешто вакво или онакво.Тие се следните; факсимил од насловот со името на тек формираната органмизација 1893/4 год, е ставен на страницава и тоа така било,таа е БМОРК,.Исто е и со факсимилот на вториуот устав на орган. од 1896 год. што го изготвиле Делчев и Петров,таа се вика ТМОРО.Со уставот донесен на Рилскиот конгрес е наречена ВМОРО.Зошто ? Затоа што конечно со расколот во ТМОРО по востанието околу причините за неуспехот конечно се увидело дека во ТМОРО практично делувале две организации во едно.БУгарската -Македонскиот врховен комитет кој од 1902 год. преку Гарванов се инфилтрира во ТМОРО и го превзема раководењето и застапниците на ,,Македонија на македонците“.Конечното диференцирање на двата погледи за иднината на Македонија и Македонците се случила на Рилскиот конгрес 1905 год.Тогаш за да се разликува патриотската организација,ТМОРО е именувана како внатрешна и во уставот гласи ВМОРО.ВМРО започнува со своето постоење под тоа име од Ќустендилскиот конгрес со кој е официјализирана врховистичката организација која се бори за Македонија но како бугарска со Бугари во неа. П.С. Никогаш со ниеден устав Организацијата не добила име МРО.Тоа јас го сметам за компромисно да за ги покриваме разликите,еве и јас да реќам,двете крила на една организација,историчарите велаат лево и десно што нее точно, ама не сакаат да ги именуваат работите со вистинските имиња. Најодржливо е името ТМОРО,тоа е Гозевата организација,која најдолг периот го носи тоа име.--Ucitelot (разговор) 14:40, 15 април 2010 (UTC).

Не може да биде БМОРО или ТМОРО зошто одринско до 1895 година не влегувало во програмата на организацијата... Татарчев јасно истакнува дека Одринско подоцна влегло во програмата зошто положбата на тамошното население, посебно на бугарското, било во иста положба со Македонскиот народ... Организацијата треба да го носи она име под која е формирана а не како останала запаметена... Организацијата е основана како МРО и тоа го потврдуваат изворите... Од МРО подоцна произлегуваат остантите деривати ТМОРО, ВМОРО, ВМРО - обединета.... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 09:17, 16 април 2010 (UTC)

Не може да се негираат сведоштвата на основоположниците... Тие ја основале организацијата и нивните сведоштва имаат најголемо значење и дополнително ги осветлуваат настаните во почетните години... За името МРО можеш да видиш Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995.... Христо Шалдев, Основаването на ВМРО (записи на Иван Х. Николов), Ил. Илинден VIII / 1 (71) София, 1936.... поздрав --Еден Македонец ? (разговор) 09:24, 16 април 2010 (UTC)

Пак околу името

[уреди извор]

Јас не разбирам,како може да се негираат документи кои ги има човек пред себе,донесени од најмеродавни органи на оној за кого се однесуваат,во случајов за Организацијата, а да се смета за позванично сеќавањето на некого, па нека е и од Татарчев и сл.Во пишувањето на спомени пишувачот ништо не го обврзува да употребуба долги формулации како имињата на Организацијата,па прибегнува кон скратување на истите затоа што читателот ќе анае за кого станува збор иако е употребена подруга формулација наместо оригиналното име.Но во историјата,кога постои веродостоен доказ-документ нема причина званично да не се употребува .

Очигледно не се согласуваме.Премногу го форсираш тој Татарчев иако и јас не му забележувам што е еден од основоположниците на Организацијата.Точно е дека основачите се договарале за карактерот на оргнизацијата,покрај револуционерна да биде и внатрешна и сл. ама на конгресите кога ја именувале дури на Рилскиот конгрес ја нарекле Внатрешна /ВМОРО/,кога им станало јасно по поделбите дека во неа делува и надворешна организација.Други причини немало за да ја наречат „внатрешна„зошто таа требало да се разликува од надворешната, а таква била Врховистичката МРО.Кога Татарчев ги пишува спомените тоа е касен период кога веќе биле „помешани лончињата„, па и Врховистичкото крило можеби му одговарало да се поистоветува со ТМОРО и се нарекува ВМРО и тоа е влезено во меморијата и кај народот зошто само врховистичката ориентација делува непрекинато до втората светска војна внатре во Македонија, а потоа однадвор.и тн.ит. Се извинувам што нашироко сакам да го објаснам мојот став. Биди поздравен --Ucitelot (разговор) 16:25, 16 април 2010 (UTC).


Ти препорачувам да го побараш и прочиташ последното интервју на Ванчо Михајлов што го дал пред својата смрт 1993 год. во Рим,а кое кај нас го објави Нова Македонија во наставци во текот на јануари 1997 гиодина,мислам некаде после 10-ти во месецот. Интервјуто го дал на свои најблиски соработници од емиграцијата.Ќе ти бидат ,многу работи појасни во однос на ВМРО-то бил негов водач од 1924 година до смртта. Второ од една реченица што некој ја рекол немоше да даде оценка за негови ставови во текот на неговиот живот.На која страна е на Рилскиот конгрес?-ти сам тоа ми го пишуваше.Затоа што Мисирков се потпишал на некој свој дневник испот „ македонски бугарин“ денес на ниеден бударин неможеш да му објасниш дека тој сепак е Македонец.Зошто бугарските полидичари денес бараат да ги прославуваме нашите национални празници заедно со нив?Ако се само наши што тие бараат всушност? Не се тоа стереотипи, но зависи кој како гледа на историските факти.Ако внимателно ги поврзуваш историските факти ,дејствувањето на Организацијата ,особено до појавата на комунистите ,целиот карактер на истата е пробугарски нераскинлив од бугарските интереси во неа.Дали е стереотип тоа што и денес Бугарија нене признава како нација и јазик ,него само како држава, но на Бугари и на бугарски земји?Морам да ти речам дека твоето гледање на раборите е навистина ослободено од стереотипи но само од македонска страна,очигледно ти си ги напуштил нашите стереотипи, ако навистина постоеле. Не ми кажуваш кој е автор на цитатот,кој го напишал тоа ?Татарчев спомените ги пишувал многу покасно од настаните на кои учествувал . На кусо,за Македонија се бореле и Македонците и Бугарите, но секој за свои интереси- едните за Македонија на Македонците,другите за Бугарска Македонија во која живеат македонски Бугари.Ова е целата вистина и тука нема стереотипи.Зошто Бугарите и денес не сметаат за Бугари и немаме свој јазик ами зборуваме на бугарски дијалект?-,треба овие работи да ги знаеш,несе стереотипи. поздрав--Ucitelot (разговор) 23:43, 16 април 2010 (UTC)

Македонци

[уреди извор]

Фактите говораат дека сите тие се Македонци... Од друга страна ние немаме што да им докажуваме на бугарите... повторувам дека сите тие се македонци... ако почнеш на некој да објаснувааш дека си македонец или дека некој е македонец, тоа се вика криза на идентитет... Отука организацијата е основана за време на коледната ваканција 1894 година за прв претседател е избран Татарчев... Не може сведоштвата на првиот претрседател да се нерелевантни... Сепак сметаам дека твоето барање за менување на името од МРО во ТМОРО е идеолошко обоено и задоено од едно друго време и бидејќи веќе сметам дека ваквите дискусии се безпотребни повеќе нема да дискутираам на оваа тема...поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 14:46, 17 април 2010 (UTC)

Нека биде крај

[уреди извор]

Јас не барам и не вршем менување на името М О Р О со Т М О Р О, ТМОРО е име на организацијата што е утврдено на конгрес и кое најдолго го носела во своето постоење.Името МРО, нее званично име ,тоа нее запишано во документи одф конгреси на Организацијата,тоа мора да ти е јасно. ЈАс само сметам дека логички е да се именува Организацијата со своето најдолгокористено име,како историски факт. Што се однесува до тоа кој биле тие-Македонци или Бугари и сл.Велиш затебе тие сите биле Македонци.Делата што ги чинеле тие говорат кој за која идеологија се залагал.Тие сите биле Македонци по територијално потекло,но непобитно е дека сите не се залагале за иста крајна цел во однос на Македонија.Михајлов во своето последно интервју/досега нико на Вики не го подигнал, а јас го немам целото, само неколку наставци/,вели дека фразата „ автономна Македонија“ ВМРО ја употребувало само затоа што на таа парола „повеќе се придобијале народните маси“- тоа значи обично фолирање ,на измама придобијале приврзаници, тоа била стратегија. Татарчев јас не го правам Бугарин,тој самиот си бил Бугарин, како и неговите потомци.Во цитираната реченица од Татарчев стои ;„целиот Македонски народ“.Не мие јасно што под тоа ти подразбираш? Цел Македонски народ ,нее употрбен за да каже Македонси народ по нација,ами вкупно сите народи што живееле во Македонија,и Турци,Бугари, Грци,Македонци, Власи и сите други. Тоа не е спорно, но каде Татарчев збори за Македонци по национална припадност?На Која страна бил на Рилскиот конгрес.?Зошто бил на когресот во Ќустендил? итн ./--Ucitelot (разговор) 19:03, 17 април 2010 (UTC)

...Прифатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да го избегнуваме сето тоа, кое, во инородното население би возбудило сомнение на тесноград национализам. Поради таа причина го напуштивме зборот българска од револуционерната организација; истотка и таа од централниот комитет. Одринско од почетокот не влегуваше во нашата програма. Целото наше внимание тогаш беше насочено околу Македонија; но покасно почна да се зацврстува идејата во нас, така што нашата организација да го опфати и Одринско, каде судбината на христијанското население, особено на буграското, не се разликуваше со ништо од тоа на македонскиот народ и каде политичко-социјалните и економски услови беа речиси идентични со оние во Македонија. Притоа чл. 23 од Берлинскиот конгрес не охрабри доста во тој однос и зафативме попосле да го обмислуваме поопстојно и тоа прашање - дали ќе биде полезно, ако и Одринско биде вовлечено во нашата програма. Најсетне дојдовме до заклучок дека и таа област треба да составува дел од нашата ревулуционерна дејност, така што, на тој начин си мислевме дека се даваше едно задоволително решение на балканското прашање

--Еден Македонец ? (разговор) 21:49, 17 април 2010 (UTC)

Одринско

[уреди извор]

Избришав Одринско, Миртцтешките реформи важеле само за Македонија а не за Одринско... Големите сили се вмешале во решавање на Македонското прашање...--Еден Македонец ? (разговор) 21:54, 17 април 2010 (UTC)


Каде си го бришал и зошто? Одринско воопшто никој не го спорел. А цитатот што го наведуваш,вероватно се однесува за замената на зборот „бугарско.....“ во името,со „ одринско“,.Одринско си постоело уште во првото име, вероватно мислиш на зборот „тајна“,наместо „бугарско“. Зборот „тајна„ во името е заменет со зборот „внатрешна„ на Рилскиот конгрес 1905 год,На Ќустендилскиот конгрес изоставен е зборот „одринско“ и останало само ВМРО, а на конгрес во Банско 1909 година ,под раководство на Сандански, изоставен е зборот „внатрешна„ и името на организацијата било МОРО- до нејзиното исчезнување во Малдотурскиот период.--Ucitelot (разговор) 07:58, 20 април 2010 (UTC)

Возбновување на идеалите на организацијата

[уреди извор]

После Првата Светска Војна во 1919 во Пиринска Македонија, Тодор Александров ја создава организацијата ВМРО (Автономистичка), таа била основана врз принципите и начелата на ТМОРО, оваа организација се смета за продолжувач на македонското националноослободително дело. Во тоа време на премрежја се појавува и ВМРО (Обединета) - политичка организација составена од бивши дејци на левицата на ВМОРО како и од македонски анархисти, која повторно ја лансира девизата “Автономна Македонија во Балканска Федерација“.

Оваа секција на страницата не соодветствува со вистината и сметам дека треба да биде делимично ускладена. Имено; На Ќустендилскиот конгрес што го одржала „десницата“ на Организацијата, од името ВМОРО е изоставено Одринско „О“ и името е ВМРО.Прв претседател е Христо Матов, а од средината на 1910 година ракводството го превзел Тодор Александров,кој тоа крило на организацијата го води и организира акции низ Македонија континуирано низ воените години, се до 1919 година,кога со Александар Протоѓеров ја именуваат ВМРО како автономистичка. Зошто тоа е направено одговара Ванчо Михајлов во последното -предсмртно интервју во РИМ, како што тој рекол дека паролата борба за автономна македонија служела за да се придобиваат народните маси . Тоа зборува се,а не за суштинска автономија,него како преодна фаза пред вкључување во Бугарија, а тоа не бил идеал на ТМОРО.--Ucitelot (разговор) 11:19, 24 април 2010 (UTC)

Во ниеден официален документ на ВМРО (Автономистичка) не пишува дека тие се бораат за присоединување кон Бугарија, напротив колку што сум запознаат Тодор Александров е потписник на Мајската спогодба, од друга страна Мајски манифест е прв документ на ВМРО каде првпат дирекно се спомнува македонскиот народ...--Еден Македонец ? (разговор) 20:05, 24 април 2010 (UTC)

--Ucitelot (разговор) 14:34, 26 април 2010 (UTC)== Парадокс ==

Кога не ни одоговаараат фактите, тогаш сведоштвата на основоположниците на ТМОРО се релатвизираат... односно неможело првото име на организацијата да биде МРО зошто немало устав со тоа име... а од друга страна тука ни се дава интервју на Ванчо Михајлов со став дека целата на ВМРО е присоединување кон Бугарија.... а спротивно на горе наведеното се негира уставот на ВМРО (Автономистичка) каде јасно се истакнува дека ти работаат за обединување на сите во едно цело без разлика на верата и народноста за извојување преку револуција полна политичака автономија за Македонија... затоа организацијата се вика Автономистичка... Доста со идеолошко обојување на работите... ВМРО Автономистичка и ВМРО Обединета имаат иста цел Автономија на Македонија, односно создавање на самостојна македонска држава... Тоа незначи дека (не)делото на Ванчо Михјлов треба да се заборави... но исто така не значи дека треба поради Ванчо Михајлов да се плука по една патриотска организација како ВМРО Автономистичка.... ВМРО Автономистичка на Александров ги возобновуваа идеалите на ТМОРО и затоа тој дел од статијата треба да остане како што е.... без било какви идеолошки боји...--Еден Македонец ? (разговор) 20:03, 24 април 2010 (UTC)

След обявяването на Майския манифест ВМРО губи част от доверието към себе си в България и Западна Европа[Билярски, Цочо, „Чуждият печат за убийството на Тодор Александров“,], и търпи разцепление в собствените си редици в следствие на което ръководителят ѝ Тодор Александров е убит...--Еден Македонец ? (разговор) 20:14, 24 април 2010 (UTC)


Застапниците на послаби аргументи секогаш посегаат по давање на некакви квалификации на соговорникот. Не се работи за никакви идеолошки бои.Станува збор за пореално и фактографско гледање на работите во случајов.Ако објективно го гледаш и анализираш континуитетот на ВМК од Софија од 1895 година,неговите трансформации,делувањето на неговите носители,неговото раководење,финасирање и друго,па да дојдеш до 1919 година ќе видиш дека неговото залагање е за афтономна Македонија и никаде нема да сретѕнеш присоединување кон Бугарија.Тоа е од стратегиски причини вешто избегнувано, а и заради големите сили кои тоа не би и го дозволиле одма на Бугарија.,Михајлов пред смрт е искрен и го кажува тоа што било видливо цел период,што му значело тоа не само нему, туку и за оние што го финасирале и за кого работела таа НАДВОРЕШНА Македонска организација. Дали си се запрашал зошто 1924 година се појавува ВМРО-обединета?Кого преставува таа,кои се припадници во неа и тн. Ако толку била патриотска ВМРО(автономистичка) на Александров,зошто не дошло до соединување во една организација,зошто не ја прифатиле фрлената ракавица од страна на вистинските патриоти-македонци кои прифатиле името да си остане исто ВМРО,но со определница-обединета,што би го изразувало карактерот на истата. За името,за мене е прифатливо МРО, затоа што,таа тоа и била, но јас сметам дека кога станува збор за званичен наслов на истата редно е да и биде ставено на страницата нејзиното уставно име кое го носела најдолг период во своето постоење, а не како ти што велиш, од идеолошка обоеност.Се прашувам дали таква обоеност нема кај тебе.? ----Ucitelot (разговор) 14:34, 26 април 2010 (UTC)

Контрадикторност

[уреди извор]

Јас не разбирам,како може да се негираат документи кои ги има човек пред себе,донесени од најмеродавни органи на оној за кого се однесуваат,во случајов за Организацијата, а да се смета за позванично сеќавањето на некого, па нека е и од Татарчев и сл... Овие зборови се однесуваа за полемиката оклу името на МРО.... а сега за ВМРО (Автомомистичка) неваажат меродавните документи туку сведоштвото на Ванчо Михајлов... Барем да се биде доследен и да се прати некоја логика... а не постојано да се хипергенерализира... тие биле предавници овие биле патриотии... ваквата дијалектика ме потсетува на едно минато време... времето на УДБА... кога македонските патриоти и бугарофилите беа ставени во еден кош на Голи Оток... меѓу Македонците што биле затворени на Голи оток, најпознати се: Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе, Владимир Полежиноски, Борис Гонев, Ристо Шишков, Методија Андонов - Ченто - првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и други Треба да се престане веќе со ваквата класификацијаа....--Еден Македонец ? (разговор) 10:55, 25 април 2010 (UTC)


Да,тоа што го кажува Михајлов нее званично запишано,зошто тоа не го дозволувала Бугарија од причина што не би и било дозволено да се бори за присвојување на Македонија, зошто и други имале такви асписрации и се косело со интерсеите на големите сили.Јас само заради илустрација на духот на врховизмот ти го посочувам искреното признавање на Михајлов, а не како документ.Но ти тој дух на врховизмот неможеш или не сакаш да го сватиш.Само ВМРО(о б е д и н е т а)може да се смета за продолжувач на идеалите на ТМОРО,меѓутоа не и ВМРО ( автономистичка), тоа се факти историски.Мора да се свати дека во македонското револуционерно минато имало два паралелни организации, а не една.Тоа е тоа, нема тука идеологии,како што ти мислиш. Страдањето на личностите што ти овде без потреба ги споменуваш., нее од идеолошки причини како што прикажува денес ДПМНЕ.Тие страдале едноставо од судир со законот за заштита на суверенитетот и интегритетот на државата во која се најдувале.А такви законски одредби има секоја држава не само бившата Југославија.Тие не се судени заради што биле патриоти,што биле за Македонија,тие се судени заради дејности што биле оквалификувани против интегритетот за растурање на ФНРЈ ,итн.итн. тоа се други теми за други разговори.Не ги бркај работите.--Ucitelot (разговор) 12:08, 25 април 2010 (UTC)


Како дополна на предходниот разговор,

Битен момент за да се видат двете стриу во МРО се случува на Рилскиот конгрес 1905 годфина.Ти сугерирам да ги видиш добро основите на кои двете струи се разијдуваат-врховизмот и патриотските ,македонските припадници.По овој, врховистите го одршуваат Ќустендилскиот конгрес 1908 год.и не ги признаваат одлуките на Рилскиот конгрес.Својата организација ја нарекуваат ВМРО-без одринско.За тоа барем има пишани документи. Македонистите пак,предводени од Јане Сандански одржуваат свој конгрес во Банско 1909 годинас и организацијата ја нарекуваат МОРО,ја отфрлаат придабката внатрешна и т.итн. тоа се историски вистини. Вистина е и тоа да од средината на 1910 год. В��РО го превзема од Матов, Александров и тој е на чело до 1924 год. Треба да го видиш делувањето на ВМРО низ Македонија во војните ,а и потоа,ќе видиш какви колежи се вршени низ Македонија и какви се маки народот трпел од насилствата на врховистичките чети уфрлувани од Бугарија и за време на окупациите,те од Бугарија,те од Србија и многу работи ќе ти станат појасни.-----Ucitelot (разговор) 16:57, 26 април 2010 (UTC)

Почитуван Еден Македонец

[уреди извор]

Никако ние неможеме да се најдеме на една линија.Често ми го цитираш Татрчев.Еве и јас ќе приложам еден негов цитат,околу кој би сакал да поразговараме.


Идејата за слободата на Македонија се појави кај македонско-бугарскиот народ по силата на оној неминовен универзален закон во животот на народите, за развивање и конкретизација на мислата и вољата како народносно самосознание и историска реалност. Македонско-бугарскиот народ, откако се ослободи од духовно-културниот терор, за што тој дал најсветли фигури, како бр. Миладиновци, Жинзифов и др. не можеше да остане повеќе индеферентен. Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент.Не можевме да го прифатиме ставот за директно присоединување на Македонија кон Бугарија, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи (Татарчев).


Какво е твоето сознание за националната самосвест на Христо Татарчев,кој мемоарите ги пишувал некаде после триесет и повеќе години од самите случувања на кои учествувал ? Мене ми е без дилеми јасно.Зошто, отворено и во програмата нее ставале крајната цел по ослободувањето на Македонија исто така е јасно кажано.Тоа е така во целата историја на ВМРО, што се совпаѓа со исповедтта и на Михајлов. Врховниот македонски комитет не го формираат ниту макеонци ниту македонски бугари,тие се само статисти а него го формира директно бугарската влада,тоа мора да го прифатиш,зошто таа поставува нејзини раководители,ни малу ни повеќе,туку генерали на бугарската армија и не може да се прифати таа организација да имала чисти македонски цели. Од тука почнува врховизмот,кој,(иако не била доволно расчистена крајната цел на Организацијата од Солун),успеал 1902 год. по солунската провала,преку Иван Гарванов да го превземе нејзиното раководење,а потоа се донесувани одлуки какви што и одговарале на Бугарија и бугарскиот двор.Јас не тврдам дека во двете организации,надворешната –софиската и внатрешната солунската,немало или небиле македонци, тогаш на мнозинството самосвеста била на страната на „македонско-бугарскиот народ“.а не чисто на Македонскиот народ. Најсилните личности од почетокот на револуционерното делување-Гоце Делчев,Даме Груев,Ѓорче Петров,,покасно Јане Сандански и многу други работат и ја развиваат самосвеста кај македонците му се спротивставуваат на врховизмот и настануваат ,какошто велат историчарите, две струи или крила-лево и десно во иста организација, а тоа се всушност крилата на македонистите ,од една и врховистите од друга страна.Јас така гледам за состојбите во ТМОРО. По илинденското востание кое е кренато предвреме по желба на врховистичкото крило,настанува судирот помеѓу нив заради Неуспехот на востанието.Таа конечна поделба се случува на Рилскио конгрес. Десното крило-врховистите на чело со Матов,Татрчев,Александров,не го признаваат тој конгрес и држат конгрес без левото крило кај Ќустендил 1908 год. и ВМОРО добива два пртседатели-Даме Груев од Рилскиот и Христо матов од Ќустендилскиот конгрес.Потоа 1908 левото крило со Сандански држи конгрес во Банско, а потоа се формира НФП, а десното крило си продолжува по своја линија ,од 1910 годна водено од Тодор Александров во континуитет .

Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија - бугарска

Не ми е јасно што сакаш да ми кажеш со овој цитат.Што се однесува до мене ,алузијата ми е јасна,но незнам како ти го сваќаш.Тоа значи искажување дека тие две територии и народот во нив се една целина,едено исто и од причина што на многу високи функции и бугарски државни раководители по потекло се од Македонија,алузијата станува уште по очигледна .

Инаку,сакам да се почитуваат работите прецизно како што се случувале во врмето на нивното настанување,да има јасно разграничување помеѓу случувањата, нивните носители ,согледување на манипулациите со македонското револуционерно движење,тенденциите за негово искористување за туѓи цели,стратегиските камуфлирања ,нејаснотиите ,неговата внатрешна нетранспарентност (се убиваат меѓу себе, а незнаат зошто тоа го прават) и тн.итн.од тие причини се впуштив во оваа дискусија,сметајќи дека нешто може да користи и за Википедија. Јс немам никакви идеолошки предрасуди,само сакам да се прави дистинкција помеѓу оеганизацијата (Гоцевата ТМОРО) која сцојата активност е засновува на јаво декларираната парола „ Македонија на македонците“ и оргаснизацијата (ВМК) која од почетокот во Софија ги застапува бугарските аспирации ,прикажувајќи се прикриено како македонска организација,која всушност тоа не била.Поздрав --Ucitelot (разговор) 17:17, 26 април 2010 (UTC)

Односот на Врховниот комитет кон Македонското прашање

[уреди извор]
Трајко Китанчев, претседавал со І македонски конгрес

Првиот македонски конгрес на македонската друштва се одржал во Софија. Со својата работа започнал на 19 март 1895 година, и притоа бил формиран Македонскиот комитет. На конгресот присуствувале 60 делегати со него претседавал Трајко Китанчев.На првите три дена се расправало за целта, на дневен ред биле две прашања:

  • Автономија на Македонија или нејзино присоед��нување кон Бугарија.

Бил прифатен првиот предлог со мнозински гласови на делегатите, за вториот предлог гласале само тројца делегати предводени од Димитар Македонски[1][2]. На овој конгрес дошло до обединување на македонската емиграција во рамките Македонскиот комитет, подоцна познат како Врховен македонско-одрински комитет.

Конгресот донел одлуки кои добиле формата на Устав, а потоа следеле конкретните решенија:

Цел на македонските друштва е придобивање за населението во Македонија и Одринско политичка автономија, приложена и гарантирана од Големите сили


а тоа може да се постигне преку:

Влијание врз бугарската влада и општествено мнение во Бугарија и Европа преку: а) Печатно слово, б) во другите балкански држави за заедничко дејствување во корист на автономија, в) агитација и митинзи, г) подржување на избор за пратеници во Народното собрание на лица коисе обврзуваат да дејствуваат за постигање на целта на македонските друштва, д) испраќање на делегати и меморандуми до Големите сили, е) воопшто преземање мерки диктирани од силата на условите[3]


Некои од позначајните членови:

Член 3. Сите македонски друштва во Бугарија преставуваат единствена организацијана чело со 2-член комитет со седиште во Софија.

Член 4. Македонските друштва во бугарија да се именуваат како македонски,а во Романија како Македонско Благотворително друштво.

Член 13. Член на македонските друштва можел да биде секој што сочуствува со со нивната цел доколку е препорачан од 3 членови на друштвото кон коесака да се запише.

Член 14. Секој член од македоските друштва по прашањето за автономија на Македонија и Одринско се задолжува да ја подржува секоја бугарска влада,која дејствува за постигање на на таа цел и да настојува да влијае врз онаа влада која би ја игнорирала.

Член 36. Комитетот бил оплномошен од Конгресот да влегува во односи и договори за заеднички дејства со асоцијации од други народности,кои проследуваат слична цел македонските друштва.[4]

Коста Шахов

[уреди извор]

Коста Шахов е член на Врховниот комитет и се залагал за решавање на Mакедонското прашање преку создавање на македонска самостојана држава, а тоа го дознаваме од извештајот на Кузман Дамјановиќ од 4.03.1899 година. Дамјановиќ се наоѓал во хотелот Батемберк во Софија и притоа таму се нашле и некој од дејците на МК, Коста Шахов, Андреј Љапчев и други, при што дошло до дискусија во која било истакнато дека:

Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија? Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде... Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме... кон неа да се присоединат други провинции. Нас иинтелигенцијата, не школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари... Но, никој од нас не ќе постане слуга на ниту една по никоја цена, туку веднаш ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме... Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија - бугарска. Ние за тоа имаме шанса... во Бугарија на највисоки места денес се Македонци... без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска... веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна... македонија ќе биде држава - републикансака, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така да биде силна држава (А.М.ф. ПО. мф. 451, пов. бр. 150/99, Софија, 4.03.1899.)


Четвртиот македонски конгрес

[уреди извор]

Четвртиот македонски конгрес на македонските друштва бил свикан поради оставката на Генералот Данаил Николаев. На Конгресот присуствувале 22 делегати од 20 македонски друштва. Повторно биле разгледани односите помеѓу ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) и ТМОРО, конгресот донел одлука, дека комитетот треба да се подготвува за востание во Македонија и дека треба да стапи во врска со ТМОРО. Конгресот, покажал тенденција, за доближување до ставовите на ЦК на ТМОРО, посебно по прашањето за востанието. За претседател на комитетот бил избран кукушанецот Христо Станишев. Сосема неочекувано за член ВМК бил избран Гоце Делчев. Подоцна писмено Делчев ќе го одбие изборот. (Ѓорче Петров,Спомени,Коресподенција....,102)

Обидот на ТМОРО да го стави под своја контрола Врховниот комитет

[уреди извор]

Увидувајќи ја ослабената положба на Комитетот, ТМОРО решава индирекно да го стави ВМК под своја контрола. За таа цел Ѓорче Петров започнал силна агитација во Бугарија. Целта Ѓ. Петров била да најде лице кое ќе има силен авторитет да застане на чело на Комитетот и да ја зацврсти неговата позиција. Сарафов и Антон Бозуков се понудиле но тие не биле по вкусот на ТМОРО, а Ѓ. Петров барал некој кои имал поголема улога во бугарското општеството. Притоа тој имал средби со голем број на македонски интелектуалци од Бугарија и се сретнал со учителот Паунчев во Варна, адвокатот Панов и адвокатот Иван Иван��вич. Исто така имал средба и со Димитар Благоев но сите го одбиле. Работат премногу им изгледала опасна. На крајот Ѓ. Петров морал да се задоволи со Борис Сарафов. Задграничните преставници на ТМОРО направиле договор со Сарафов и неговите приврзаници, односно ТМОРО ќе ја подржи кандидатурата на Сарафов за претседател на Комитетот, а за возврат Врховниот Комитет нема да презема никави дејства без знаење и согласност на задграничните преставници [5]. На 1 мај 1899 година во Софија започнал VІ македонски конгрес на кој Борис Сарафов бил избран за претседател на Комитетот, секако со поткрепа на Ѓ. Петров и Гоце Делчев. Затоа не треба да зачудува изјавата на Сарафов: Ние сме фирмата, а Ѓорче е комитетот[6],Ѓорче Петров во своите спомени тоа и го потврдува, Ние го уредивме Сарафовиот комитет, тој беше наш продукт [7]. Како и да е Сарфов во својот прв мандат давал голема матерјална и финансиска поткрепа за ТМОРО во Македонија. За време VІІ македонски конгрес било констирано дека за потребите на ТМОРО биле дадени 11 990 златни левови и 23 327, 20 левови во сребро [8]. Меѓутоа, Сарафов бил од далеку од тоа да биде послушник на ТМОРО. Уште од самиот почеток тој почнал со заткулисни игри, неговата цел било да ја преземе токму тој ТМОРО во свој раце и тоа било евидентно за време на преговорите помеѓу ТМОРО и Бугарското тајно револуционерно братство кога Сарафов се наметнал како посредник и претендирал да биде раководител на целото македонско револуционерно дело, поради што ќе дојде до судир со ЦК и ЗП на ТМОРО.

Гоце Делчев и Врховниот комитет

[уреди извор]
Гоце Делчев
Стојан Михајловски

Осмиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија започнал со својата работа на 4.04.1901 година во Софија. На овој конгрес присуствувале 123 делегати , а меѓу нив бил и Гоце Делчев [9]. Конгресот ги разгледал односите помеѓу ТМОРО и Врховниот Комитет (Врховен македонско-одрински комитет) и била осудена дејноста на Борис Сарафов[9]. Било разгледано прашањето за востание во Македонија [9], притоа Димитар Ризов истакнал дека треба да се избегнува предвремено кревање на востание и во таа смисла го осудил Иван Цончев[9]. Д. Ризов за претседател на ВК го предложил Гоце Делчев[9]. Во името на ТМОРО се обратил Н. Габровски кои истакнал дека организацијата треба да го подготвува востанието, а Врховниот комитет да ги помогне матерјално и морално[9]. И. Цончев и Стојан Михајловски од тактички причини ги прифатиле барањата [9].

Гоце Делчев на 7.04.1901 година се обратил пред конгресот и притоа истакнал:

Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, туку и да го разбие нивниот ропски дух. Пред да влеземе во врска со комитетот од 1899 година, нам ни помагаа официрите. Врската сега не постои бидејќи Борис сарафов сакаше да прати од тука свои луѓе за раководители на Внатрешната организација... Се спротиставивме на Сарфов, зашто ако тој испратеше од тука луѓе за раководители.. ќе се создадеше катастрофа... Само ако тукашната Оргазнизација го одобрува духот на Внатрешната организација и не стреми да и дава инпулс, воздејство, т.е да не и се меша во нејзините работи, само во таков случај може да постои врска меѓу тие две организации [10]

На конгресот било избрано ново раководство за Врховниот Комитет и во него влегле: претседател Стојан Михајловски, потпреседател Владимир Димитров, секретар Иван Кепов, советници - д - р Димитар Владов и Георги Минков. За уредник на Реформи бил избран Никола Харлаков . На овие избори за новото раководство учествувал и Гоце Делчев и тој добил 46 гласа [9], односно 2 гласа помалку од С. Михајловски, зад кој стоел кнезот Фердинанд I. Целата била Стојан Михајловски да го подготви теренот за вклучување на Иван Цончев во Врховниот Комитет[9].

Иван Цончев

Десетиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија со својата работа започнал на 28 јули 1902 година во Софија. Претходно со посебно окружно бил објавен списокот на друштвата кои можеле да учествуваат и да испратат делегати. Како приврзаници на ТМОРО присуствувале: Никола Наумов, Тома Карајовов, Борис Сарафов, Пејо Јаворов и други[9]. Од друга страна пак Софиското друштво добило задача да ги организира непоканетите друштва[9]. Врховниот комитет за да се осигура дека нема да присуствуваат непожелните друштва, внимателно ги проверувал полномоштвата кои ги испаратил и тоа одзело неколку дена[9]. Истовремено непризнаените друштва се организирале за да го усогласат ставот кон Иван Цончев. Притоа Борис Сарафов сакал да се пробијата со кама и револвер, што било одбиено од Ѓорче Петров, притоа опозициските делегати решиле да учествуваат на конгресот[9]. Конгресот ги разгледал односите помеѓу ТМОРО и Врховниот комитет Врховен македонско-одрински комитет, притоа било истакнато дека ТМОРО не е во состојба да го снабди населението во Македонија со оружје и да крене револуција и било осудено Задграничното преставништво на организацијата[9].

Гоце Делчев одбил да зборува на конгресот, бидејќи не им било допуштено на сите делегати да присуствуваат. Конгресот го повикал да даде образложение за неговото држење, на што Делчев одговорил писмено, притоа до конгресот се обратил како:

До собрание на Славјанска беседа[11]


На тој начин сакал конгресот да го сведе на ниво на собрание и да го доведе во прашање неговиот легитимитет, и притоа истакнал:

Во моите очи собранието на луѓето, кое ме кани на објаснување, не преставува вистински израз на дејците по македонското дело, бидејќи уште многу преставници на друштва... не се допуштени во него... Од друга страна, не би сакал да давам отчет на оние, од чии дејства Внатрешната организација се мачи повеќе, отколку од турските власти[11]


Писмото на Делчев на конгресот требало да биде прочитано од страна на Никола Наумов, но тој во тоа бил спречен [9] . Објаснувањата дополнително ги дал задграничниот преставник Димитар Стефанов[9]. Од своја страна тој обвинил дека Врховниот Комитет има завојувачка тенденција кон ТМОРО[9]. Во истиот контекст се изјасниле и Н. Наумов, Пејо Јаворов, Тома Карајовов и Борис Сарафов.

Бидејќи опозицијата била слаба, таа решила да го напушти конгресот, а на него останале 41 делегат. Тие за претседател го избарале повторно Стојан Михајловски и Иван Цончев за потпретседател. По конгресот Врховниот комитет продолжил со своите провокации во Македонија[12]

РЕЗИМЕ

[уреди извор]

НЕ МОЖЕ РАБОТИТЕ ДА СЕ ГЛЕДААТ ЦРНО И БЕЛО... ВО ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ АРХИВАТА НА БУГАРИЈА Е ОТВОРЕНА И СЕ ОТКРИЕНИ ГОЛЕМ БРОЈ НА НОВИ ДОКУМЕНТИ КОИ ДОПОЛНИТЕЛНО ФРЛААТ СВЕТЛО ВРЗ НАСТАНИТЕ... Оваа статија е конкретно за организацијата МРО - ТМОРО или како и да е....но не треба да се заборави дека МРО, Врховниот комитет, Бугарското тајно револуционерно братство, Солунските атентатори, ВМРО (обединета), ВМРО (автономистичка), анархисти, социјалисти и незнам што и незнам како сите се дел од МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ.... Конкретно проблемот не е дали Врховниот комитет и ВМРО (Автономистичка) се бугарски... Во целото МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ има бугарска компоненета... Бугарска компоненета во смисла присоединување на Македонија кон Бугарија... Сакам само да истакнам дека работите не може да се гледаат црно и бело... ако така се гледа тогаш македонска револуционерна организација постои само од 1896 год. до 1903 поточно до смрта на Гоце, отука произлегува дека Илинденското востание не е македонско туку бугарско... Што е глупост. Не може да се делаат работите на Гоцева организација или Александрова... има една организација... Како што има едно МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ... Повторувам... МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ - ВРХОВЕН Е МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА СЕ БОРЕЛА ЗА МАКЕДОНИЈА... ТОЧНО Е ДЕКА ТАА ЌЕ СТАНЕ ОРУДИЕ НА БУГАРИЈА НО ТОА НЕЗНАЧИ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ НЕГИРА МАКЕДОНСКАТА КОМПОНЕНТА, СТРУЈА ВО ВРХОВНИОТ КОМИТЕТ... ДЕЛЧЕВ Е САМИОТ АКТИВЕН ВО ТОЈ КОМИТЕТ И ПО ДЕСЕТИОТ КОМИТЕТ КОГА ЦОНЧЕВ ЌЕ ЈА ПРЕЗЕДЕ ОРГАНИЗАЦИЈАТА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ВРХОВНИОТ КОМИТЕТ ЌЕ ЗАСТАНАТ ЗАД ГОЦЕ... Кога Врховниот комитет или ВМРО (автономистичка) исклучиво се преставуваат како бугарски организации се омаловажува, се негира и се заборава делото на голем број македонски патриоти во овие организациии

за на КРАЈ

[уреди извор]

ВМРО (АВТОНОМИСТИЧКА) е формирана врз начелата и основите на ТМОРО... Тоа се гледа од нејзините уставо - статутарни акти, поставеност, состав на организацијата, заклетвата на ВМРО (АВТО) не кон Бугарија туку кон Македонија... т.н.... Затоа тој дел од стаијата во МРО треба да си остане како што си е...--Еден Македонец ? (разговор) 02:27, 27 април 2010 (UTC) Разговор


ВМРО Автономистичка

[уреди извор]
  • Не може работите да се гледаат црно и бело.-Точно така.Р��ботите треба да се гледаат во природна боја во која е обоена нивната појава,па и во црно-бела ако не се розови,од тоа нема бегање.
  • Бугарските архиви се отворени.- Но од нив се сервира онаа историографија што одговара на бугарската државна политика.
  • Точно е сите појавни облици на револуционерното организирање го сочинуваат МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ и тоа не беше предмет на дискусијата,но;
Точно е и тоа дека проблемот нее дали Врховниот комитет и ВМРО (автономистичка) се бугарски,-тоа никој него тврди
меѓутоа точно е, тоа со целиот последен разговор го потврдуваш, дека Македонскиот комитет или Врховниот македонски :комитет или ВМОК,е исцело формирана,раководена ,финансирана и под директна контрола на бугарскиот кнез надворешна :организација ,наспроти БМОРК,односно ТМОРО-Тајна македонско-одринаска револуционерна организација со вообичаено :именување со придавката само внатрешна или МРО.Секако никој не го порекнува фактот дека и двете ги сочинуваат :припадници од народот во Македонија.
Тоа нее црно бело гледање на фактот за постоење истовремено на две паралелни наречени македонски револуционерни организации.Се поставува прашање зошто биле потребни две органицации,имало ли разлики помеѓу нив и во што се состоеле? Имало разлика тоа е непобитно, и тоа не само во финасирањето ,туку како најважна и нерешлива разлика била во целта што си ја поставувале пред себе за остварување.А,таа за Македонскиот комитет најдобро ја објаснува Татaрчев во своите спомени ,а за ТМОРО усвоена девизата „Автономна Македонија на Македонците“.Додуша терминот автономна Македонија го користи и ВМК,но според Татарчев од стратегиски причини.
Идејата за слободата на Македонија се појави кај македонско-бугарскиот народ по силата на оној неминовен универзален закон во животот на народите, за развивање и конкретизација на мислата и вољата како народносно самосознание и историска реалност. Македонско-бугарскиот народ, откако се ослободи од духовно-културниот терор, за што тој дал најсветли фигури, како бр. Миладиновци, Жинзифов и др. не можеше да остане повеќе индеферентен. Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент.Не можевме да го прифатиме ставот за директно присоединување на Македонија кон Бугарија, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи (Татарчев).


  • Зошто и двете настојуваат да ја имаат контролата едната врз онаа другата и таа борба трае.
Поголем успех во таа борба има Врховниот македонски кмомитет,кога на чело со Иван Гарванов го превзема раководењето на :ТМОРО.Понатаму сите одлуки се донесувани под влијание и директни иниџијативи на Бугарскиот двор и големобугарската политика :–тоа е врховизмот,кого несакаш воопшто во твоите разговори да го спомнеш.На тој начин настанува не една ,како што :велиш,организација, туку со ДВЕ ОРГАНИЗАЦИИ во едно МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ,но со задржани свои крајни :цели за остварување.
Врховниот македонски комитет е македонска револуционерна организација (надворешна м.з) која се борела за Македонија.-Tоа јас не го спорам.Добро е што се согласуваме дека и тој е организација, како и ТМОРО.Но во целото трансформирање и постоење нејзино таа не ја губи бугарскската компонента.Таа нее прекината ниту по Илинденското востание,ниту по Младотурската револуција ниту после Првата светска војна- тоа е мојата теза. Таа компонента треба да се гледа во црна или бела боја како кој милува но е наспроти интересите на другата, македонската компонента во национална смисла, -тоа не може да се побива со ниаккви бугарски архиви..
Македонската компонента или струја што се спомнува во Врховниот комитет е малцинство во опозиција и секогаш надгласувана. Зошто, Гоце Делчев нее избран за претседател на ВК за два гласа, иако ,како што велиш, „СИТЕ МАКЕДОНЦИ во Врховниот комитет, застанале зад Гоце Делчев“ .Наравно во тој комитет имало МАКЕДОНЦИ но имало и МАКЕДОНСКИ БУГАРИ ,или како што би рекол Татарчев преставници од МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИОТ НАРОД.
  • И се така до конечниот раскол помеѓу двете струи на Рилскиот конгрес.Од тогаш тие не се заедно во иста организација.Секоја струја си го продолжила својот пат на свој начин. Но користењето на минатото и стратегиското камуфлирање заради придобивање на народните македонски маси продолжило со ВМРО, а од 1919 со ВМРО (автономистичка),име кое не зборува дека ја одразува чистата македонска компонента,зошто нејзиното име не асоцира на нејзината крајна цел,со оглед на влијанието и контролата што ја имала од страна на Бугарската држава.---Ucitelot (разговор) 05:51, 28 април 2010 (UTC)

За крај

[уреди извор]
  • На крајот , виe сте тие што ги имате инструментите што ви стојат на располагање за непослушни корисници на страниците на Википедија и јас тука неможам ништо.Моето го кажав и ќе повторрам;
Дејствувањето на ВМК од формираето до и после Ќустендилскиот конгрес,особено и на водачот на ВМРО (автономистичка), не кореспондираат со ИДЕАЛИТЕ НА ТМОРО, за да бида таа продолжувач на истите.Продолжувач на истите по Рилскиот конгрес е левото крило на ТМОРО-ВМОРО,со Јане Сандански и други асоцијации на револуционери-социјалисти,синдикалисти,комунисти и тн. Од тие причини насловот и текстот според мене можат да останат но да се изостави-избришат зборовите „НА ИДЕАЛИТЕ “.А ДА ОСТАНЕ САМО „ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА“.
  • П.С. На крајот јас се извинувам што на технички неук начин и можеби за некого, неприфатливо мое размислување за оваа страница ве предизвикав да вложите толку голем труд и време за да се обидете да ми појасните некои работи од нашето револуционерно минато за кои имаме различни сознанија и мислења.Моите укажувања беа со цел корисникот на страницата да добие прецизна и точна претстава за некои не толку видливи ,ама камуфлирани моменти од нашето историско минато.--Ucitelot (разговор) 05:51, 28 април 2010 (UTC)

Избришав

[уреди извор]

Се согласувам... сакав да истакнам дека сепак има македонска компонента во ВМРО (Автономистичка) и Македонскиот комитет.... Ќе избришаам ИДЕАЛИТЕ со што останува само ВОЗБНОВУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА.... --Еден Македонец ? (разговор) 02:51, 28 април 2010 (UTC)

Врховниот македонски комитет е македонска револуционерна организација (надворешна м.з) која се борела за Македонија.-Tоа јас не го спорам.Добро е што се согласуваме дека и тој е организација, како и ТМОРО. Но во целото трансформирање и постоење нејзино таа не ја губи бугарскската компонента.Таа нее прекината ниту по Илинденското востание,ниту по Младотурската револуција ниту после Првата светска војна- тоа е мојата теза не е теза тоа е ФАКТ

Забелешка

[уреди извор]
  • Најдобро е оваа секција да биде избрижана,затоа што она што го кажува ,натамошниот тека на постоењето на таа организација не го потврдува фактот дека навистина треба да се смета за прдолжувач на Македонското националноослободително дело.Вистински продолжувачи се плеада револуционери кои не припаѓаат и не делуваат во таа револуционерна организација,а чио подоцнежно делување докажува дека тие биле вистинските продолжувачи на ДЕЛОТО.Мислам дека треба да се согласиш,
Јас предложив да се изостави само на идеалите од насловот,но го препрочитувам и гледам дека иако велиш си се согласил,се уште останува,па затоа го сметам за исправно ова што го предлагам. Или пак, да се каже за сите оние струкрути што навистина биле продолжувачи на македонското национално-ослободително дело,не само за оваа организација.
Инаку ВМРО ( обединета) како организација е надвор и не заживува во Македонија,Нејзиното основање е идеја на Коминтерната заради обид да се обединат сите прогресивни сили во движењето во едно,Но познато е дека во тоа не се успева.Поздрав,--Ucitelot (разговор) 06:40, 28 април 2010 (UTC)

Ako se izbrise se negira makaedoskata kompnonenta....--Еден Македонец ? (разговор) 07:25, 28 април 2010 (UTC)


  • Значи според тебе и тие што мислат исто, во Македонија не постоеле и не се појавиле други продолжувачи на националоослободителното движење!!Со самото посочување дека ВМРО (обединета)е продолжувачот на Оеганизацијата,а е познат нејзиниот проврховистички карактер вие му давате боја на движењето. Аферим.Не се надевав дека упорно ќе опстојувате на негаторскиот однос према се левоориентирано и прогресивно во Македонското национално револуционерно движење,што доведе до благодетите што денес ги користиш како „еден македонец“.Ucitelot (разговор) 11:21, 28 април 2010 (UTC)

ВМРО (АВ), ВМРО (ОБ), сите други организации се македонски, за кои сметатш дека треба да се допишаат... допишиги јас осрганизациите не ги делам на леви или десни... таква идеолошка обоеност немало сите тие се патриоти да не речаам македонски националисти минус бугарите... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 12:40, 28 април 2010 (UTC)

  • Многу грешиш што работите во македонското револуционерно минато ги гледаш во идеологии и им даваш идеолошка обоеност која воопшто не постои.Во него нема идеологии од проста причина што има конкретни цели една што ја нарекле лева во смисла напредна што носи нешто ново и другата ја нарекле ( историчари) десна, што влече назад кон статускво,не менува ништо.

Ќе се обидам да ја формулирам оваа секција и се надевам дека нема да те разочара.--Ucitelot (разговор) 13:33, 28 април 2010 (UTC)

Не те рзбираам, јас не збораам за идеолошка обоеност... ниту ги двојам организациите... што сакаш да кажеш и што конкретно ти пречи во статијата... даде предлог да се избрише иделите се избриша сега ти смета и остатокот од текстот, што е проблемот...--Еден Македонец ? (разговор) 13:53, 28 април 2010 (UTC)

Да појаснам

[уреди извор]
    • Правењето дисктинција помеѓу лева и десна ориентација на нештата мислам дека не преставува нивна идеолошка поделба. Идеологии има во философијата,општествените системи и тн. но кога на пр. една револуционерна партија си постави конкретна цел да се бори за ослободување на својата земја тоа нее преставува идеолошка обоеност.
Проблемот е во необјективноста што ја содржи таа секција.Имено не се само двете организации што ги продолжиле идеалите на ТМОРО,дури едната кардинално отстапува од тие идеали,имало и други организации или партии и други структури што ги продолжиле идеалите на ТМОРО но нив ги нама.Тоа мене ми пречи,не добивам целосна информација во однос на идеалите на ТМОРО или МРО.
Мислам дека на Википедија секој треба да се труди да има објективен однос за нештата,не би требало таа да се користи за манипулации ,дискриминирање и игнорирање или наспроти нив фаворизирање.Во случајов се прави неправда према плеада револуционери и патриоти кои не припаѓале на двете организации ами на други, а дале допринос и со своите животи за идеалите на ТМОРО, но тие нема да се сретнат во оваа секција,што зборува за продолжување на делото.Ете нека нема ни збор за неговата реализацијаДа не должам,поздрав --Ucitelot (разговор) 22:10, 28 април 2010 (UTC)

Втор Илинден

[уреди извор]

Те разбрав...

Македонската Илинденска генерација го најави вториот македонски Илинден. Нивниот идеал за независна македонска држава стана реалност само на еден дел од територијата на Македонија

пропустот е направен од невнимание и насоченост кон други други работи, додади дополнително тоа што сметаш дека треба поздрав...--Еден Македонец ? (разговор) 06:02, 29 април 2010 (UTC)

ПРОМЕНА НА СТАТИЈАТА

[уреди извор]

Со цел подобрување на статијата за македонската организација остранив дел од темите, меѓутоа не ги избришаав туку ги преместив како посебни помали статии кои се наоѓаат во поткатегоријата ВМОРО... Дополнително со тоа направив простор за создавање на други содржини кои воопшто не се опфатени во оваа сттија, а станува збор за односите на МРО со:

  • Егзархијата и егзархиската групација во Македонија
  • Бугарската влада
  • Пропагандите во Македонија

овие прашања се особено значајни и треба дополнително да им се посвети простор и време, од друга страна статијата ни од далеку не е идеална и ги поканувам сите кој би можеле да помогнат во уредувањето на статијата таа да се подобри... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 14:42, 29 април 2010 (UTC)

референци

[уреди извор]
  1. П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979
  2. К. Битовски, Македонија и кнежеството Бугарија
  3. Решения на I - и македонски конгрес, Право, I / 25, София, 9.05.1893.3; В. Георгиев и С. Трифонов, История на българите ...., 360-361
  4. Решения на I - и македонски конгрес, Право, I / 25, София, 9.05.1893.3
  5. Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција...,118.
  6. Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција...,120.
  7. Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција...,117
  8. Пандев К.,Националноослободително движење...,229
  9. 9,00 9,01 9,02 9,03 9,04 9,05 9,06 9,07 9,08 9,09 9,10 9,11 9,12 9,13 9,14 9,15 9,16 П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „ht“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  10. Гоце Делчев, Писма и други матерјали
  11. 11,0 11,1 Гоце Делчев, Писма и други документи
  12. Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за Историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003


  • Составив нова секција под наслов „продолжување на национало ослободителната борба “ и ја подигнав по постоечката за истото прашање, така да сега се девете останати. На вас е да кажете кој од двете треба да остане на страницата на МРО.--Ucitelot (разговор) 12:00, 30 април 2010 (UTC)

Предлог

[уреди извор]

Предлагам нов текст за секциите;„Борба со пропагандите“ и „ Раскол“, кои се дополнети и ќе даваат поцелосни информации на корисникот за случувањата по Илинденското востание до конечното распаѓање на МРО и Младотурската револуција. Се надевам дека ќе бидат прифатени и од твоја страна по што постоечките текстови ќе бидат симанати од странизата. Поздрав од --Ucitelot (разговор) 15:34, 9 мај 2010 (UTC)

Македонисти

[уреди извор]

ок.... само мала забелешка.... Јане Сандански /македонисти/.... не е правилно македонисти.... македонист може да биде лице кое не е припадник на македонскиот народ... србин, бугарин и така натаму може да бидаат македонисти.... јане сандански може да биде само македонец... укажувам жошто терминот македонисти се злоупотребува од бугарската историографија и има значење на отпадници од бугарскиот народ и изроди на општеството.... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 18:59, 9 мај 2010 (UTC)


Учество на бугарите во МРО

[уреди извор]

Недостасува за официрскиот бугарски кадар и младите бугарски интелектуалци во организацијата... Најголем дел од членовите се Македонци, меѓутоа најголемиот дел од првиот војводски кадар на МРО се родени бугари... Христо Чернопеев, Михаил Герџиков, Михаил Апостолов Попето, Крсто Асенов, Мерџанов, Јулиј Розентал... треба дополнително да има објаснување за нивното учество во македонското националноослободително движење и како тие се нашле во организацијата...

МРО егзистира до 1908 година

[уреди извор]

Организацијата постои до 1908 година, после оваа година не треба да има настани од македонското националноослободително движење... пр. Последен конгрес е Рилскиот... не треба да ги има Ќустендилскиот и Мајскиот... тие не се однесуваат на МРО првиот се однесува на ВМРО Авт. а вториот на Санданистите... Треба да има јасна динстикција... --Еден Македонец ? (разговор) 13:27, 11 мај 2010 (UTC)


Овој дел од текстот на се однесува на стаијата

[уреди извор]

. Прогресивното крило - Санданисти во младотурскиот период 1909 год. одржало конгрес во Банско на кој организацијата ја именувана без одредницата „внатрешна“- МОРО , а покасно формира граѓанска партија под името Народна федеративна партија за парламентарно делување за решавање на макеоднското прашање додека врховистичкото крило делувало под името Бугарски конституциони клубови (Христо Матов) Сто години од основањето на ВМРО и 90 години од Илинденското востание, Скопје МАНУ, Иван Катарџиев 1994 Сто години од формирасњето на ВМРО, сто години револуционерна традиција, Скопје1993, сто години ВМРО, Златна книга, Скопје 1993 год. . По забраната на македонските граѓански партии , револуционерната активност на една страна е предводена од Јане Сандански , а од средината на 1910 година, десното крилo предводено од Тодор Александров ги обновило врховистичките методи на провокации и терор во служба на шовинистичките интереси на бугарската држава... го избришаав --Еден Македонец ? (разговор) 14:03, 11 мај 2010 (UTC)


Каков е завршетокот на Орхганизацијата

[уреди извор]

Сметам дека воопшто не и сметаат на статијата ако до крај ги содржи информациите како е таа трансформирана после Рилскиот конгрес. Ако остане за крај одржувањето само на Рилскиот конгрес ,дали читателот ќе има информација што се случувало по него со Организацијата.Конечното разијдување и распаѓање на Организацијата настанува после Рилскиот конгрес.И ако се каже дека таа постоела до 1908 година,значи ли дека некој со декрет ја укинал и тн.Сметам дека тие информации се апсолутно потребни и мислам дека грешиш ако не дозволуваш да постојат. Знам дека сакаш да остане дека континуитетот на ТМОРО ,како што дискутиравме порано го продолжил Александров 1919 годиаа, али тоа се невиситини не одговара на историските факти кои се случувале после Рилскиот конгрес.Тука јас сум немоќен,мое беше да придонесам за да бидат работите што појасни и толку. И оној текст што си го избришал, сметам дека си грешил и тоа е исто така за целосна информирање на корисниците,секако во колку ,а верувам дека сето тоа ќе ги интересира да го прочитаат.Но очигледно некои работи сметаат, за жал тоа се вистините..--Ucitelot (разговор) 14:56, 11 мај 2010 (UTC)

  • Може ли на главната страница посебмо со реченица да се каже дека по Рилскиот конгрес двете струи на поделената Организација одржале ,непосредно пред Младотурската раволуција свои конгреси,едниот под името Ќустендилски , а другиот Мајски ,одржан во Банско,конгрес, астраниците за ниов да си останат јако што се поставени или пак со корекции,но минимални.Ти во главно се базирани на Историјата на македонскиот народ,од 1972 и 1978 како и други изданија што и ти ги наведуваш,а јас ги имав во видф при пишувањето на содржините.?поздрабвв--Ucitelot (разговор) 15:37, 11 мај 2010 (UTC)

Предлог

[уреди извор]
  • ,,Во текот на 1908 год.двете крила на поделената Организација одржале засебни
    конгреси .Десното крило го одржало својот конгрес во с.Жабот крај Ќустендил,наречен Ќустендилски конгрес, а македонското национално крило во с. Банско,наречен Мајски конгрес(Банско)."

Сметам дека со една ваква реченица ќе се согласиш да бидат заменети долните формулации за двата конгреса кои исто така припаѓаат на Организација и го означуваат нејзинато дефинитивно дезорганизирање и непостоење како еднинствена организацвија.Тоа ќе биде можност секој заинтересиран корисник да може ,ако посака, да ја види и содржината на посебните страници за двата конгреса.

На крај една забелешка на табелата за организационата структура на Организацијата; дали навистина Демирхисарската револуц. организација припаѓала во Серескиот револуционерен округ, или е направена грешка што треба да се исправи ? --77.29.29.7 21:09, 11 мај 2010 (UTC)

Станува збор за Деми Хисар - Серски... ама не сум сигурен треба да провераам... --Еден Македонец ? (разговор) 12:18, 14 мај 2010 (UTC).... Демир Хисар (Валовишта) види Валовишта--Еден Македонец ? (разговор) 12:19, 14 мај 2010 (UTC)


Ќустендилски конгрес

[уреди извор]

Не те разбирам што сум избришаал... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 12:24, 14 мај 2010 (UTC)


Мислам дека мојот текст воглавно е заснован врз Истрторијата на македонскиот народ,што е сублимат на историски факти и документи,и преставува историска вистина за настанот и случувањата околу него.Јас ги употребив квалфикативите и термините ,со употреба на терминот „врховизам,врховисти и сл“ затоа што тие се вистински имиња за реалноста во тоа време.Тие јас не ги измислив и затоа ме чуди зошто некому сметаат нештата да се нарекуваат со вистинско име и презиме.Единството неможеме да го градиме со различно гледање на минатото.Тоа мора да биде најреално согледано и да не се замаглува,па да испаѓа црното и белото се нешто сиво и така слично. Не сум член на партија и немам партиски интереси.Поборник сум на вистината и само вистината.Поздрав--Ucitelot (разговор) 09:36, 15 мај 2010 (UTC)


Прилог;сменетиот текст.

  • Ќустендилскиот конгрес,е конгрес на Врховистичкото ( десното) крило во Македонската револуционерна организација-МРО.

Причини за одржување на конгресот

[уреди извор]

На Рлскиот конгрес,одржан 1905 година.настанала јасна поларизација на двете стури што постоеле во Организацијата.По победата на Македонското национално крило на конгресот,јасно било дека одлуките донесени на истиот врховистичкото крило нема да ги почитува и спроведува.Настанале долги и тешки дискусии помеѓу преставниците на пооделни окрузи.Најпосле за да се направи обид да се избегне расцепот се постигнал компромис, да се одржи втор конгрес исто така во Рилскиот манастир.Тој сепак не се одржал. Десното,врховистичкото крило барало револуционерното движење да дејствува во сообразност со политиката на бугарската држава и да се финансира со парите од бугарскиот буџет,нешто што македонското национално крило под никакви услови неможело да го прифати.На тој начин меѓу двете крила на револуционерното движење настанала безмилосна војна. Во интерес да ја заштити независноста и интегритетот на револуционерното движење,кон крајот на ноември 1907 год. биле ликвидирани Борис Сарафов и Иван Гарванов,како носители на сите заговори против Организацијата. Дошло и до формално санкционирање на расцепот-подвоеноста.

Одржување на конгресот

[уреди извор]

Под окрила на бугарската државна власт,десното-врховистичкото крило,во првите денови на март 1908 год.во селото Жабокрт-Ќустендилско, го одржала својот така наречен Ќустендилски конгрес,на кој е извршена ревизија на одлуките од Рилскиот конгрес.На когресот не присуствувале делегати -прреставници на македонското национално крило на Организацијата.На конгресот се собрале следните делегати;Христо Матов,д-р Христо Татарчев,Петар Ацев,Ефрем Чучков,Тодор черваров,Хр.Шалдев,Петко Пенчев,Петар Чаулев,Тане Николов,Добри Даскалов,Тодор Александров,Милан Гурлуков,Васил Чакаларов,Климент Шапкарев,Христо Силјанов,Илија Биолчев,Михаил Монев,Ангел Узунов. Конгресната работа протекла глатко во целосна согласност и завршила за десетина денови..

Одлуки на конгресот

[уреди извор]

На конгресот е разгледата општата состојба во Македонија и одринско и состојбата на револуционерната организација..На конгресот е усвоен уставот без измени,но во општиот правилник биле направени значителни промени.Сето што било извлечено како поука по двегодишната примена на Рилското законодавство,било внесено во новиот правилник..Конгресот завзел став за натамошна врска со бугарската власт и примање на финансиската помошт од бугарската влада,задржан е ставот за борба против вооружените пропаганди,како и ставови во однос на четничкиот институт,односот кон младотурското движење,во однос на убиствата на Сарафов и Гарванв и ги определил насоките на идната револуционерна дејност. Бил избран централен комитет во состав; Павел Христов,Ефрем Чучков и Петко Пенчев.За членови на задграничното преставништво во Софија биле избрани; Михаил Дорев,Апостол Димков, а дополнителни;д-р Христо Татарчев,П.К.Јаворов и Христо Силјанов. За претседател бил избран Христо Матов, а з�� секретари К.Шапкарев и Петар Пенчев. Конгресот решил да објави дека дотогашниот весник во Софија „Илинден“ се прогласува за официјален орган на ВМОРО. Конгресот ја потврдил званичната цел на Организацијата за извојување на целосна, но само политичка автономија на Македонија и Одринско.

извори

[уреди извор]

-„Историја на Македонскиот народ“ изданија 1972 и 1988 година.Скопје.

-„Спомени “-Ѓорче петров

НИШТО НЕ Е ИЗБРИШАНО...

[уреди извор]

Станува збор за лапсус... има две статиии за Ќустендилскиот конгрес.... Ќустендилски конгрес и Ќустендилски конгрес 1908... Ќе ја избришам стаијат под наслов Ќустендилски конгрес... Има две статии за Мајскиот конгрес... имено Мајски конгрес и Мајски конгрес (Банско)1908 пак лапсус... бидејќи има две статиии се идентични ќе избришам една статија... --Еден Македонец ? (разговор) 10:44, 15 мај 2010 (UTC)

Почитуван „Еден Македонец

[уреди извор]

Мислам дека порано дојдовме до некаква согласност,во врска со ваа тема.Би сакал да потсетам; Ќустендилскиот конгрес не ги задоволува критериумите да се смета за конгрес на организцијата ВМОРО, на него не присуствуваат /ај да се служам со вообичаените изрази за да не се лути некој/ преставници на левото крило на Организацијата/мое-македонско национално крило/,и тие си држат свој конгрес во Банско. Се согласивме дека Рилскиот конгрес е последен конгрес на ВМОРО.Обидот на сите заедно да одржат втор конгрес во Рилскиот манастир ,не успеал,немало согласност на двете закарани -разединети страни.Затоа Ќустендилскиот конгрес е конгрес само на десното крило од Организаццијата/ според мене- врховистичкото крило./

Упорно се прикажува /некому така одговара/ дека Ќустендилскиот конгрес е последен на ВМОРО и дека ВМРО/ автономистичка/ од 1919 год. е континуитетот. Па тоа нее точно.ВМРО/автономистичка е континуитет на струјата од Ќустендилскиот конгрес,тоа е сосема јасно. Прогресивното крило /македонското национално крило/ се јавува 1924 год. во лицето на ВМРО /обединета/така наречена со единствена цел да се приклучи и десното крило /врховистичкото/,за заедно да делуваат ама за иста цел.До тоа не доаѓа и ВМРО/обединета/од 1929 год. престанува како таква да функционира, ане од 1939 како што стои некаде.

Ова е во главно на кратко историската вистина за која се залагам,без никакви идеолошки предрасуди.Можеби изгледа така, зошто сме навикнале да се замаглуваат историските факти,па и од страна на познати историчари. Сакам читателот на википедија од оваа статија да ја добива комплетно вистината за Македонската револуционерна организација МРО од почетокот до нејзиното нестанување.Двата когреси; Ќустендилскиот и Мајскиот во Банско го преставуваат нејзиниот крај и затоа тие треба да се на поддатотека на главната страница. Немам желба да те малтретирам,затоа се извинувам за моиве поопширни обраќања.поздрав --Ucitelot (разговор) 18:27, 15 мај 2010 (UTC)

Неутралност

[уреди извор]

Бидејќи сеуште трае спорот за НГТ ќе ги ставам следниве извори:

Сеќавањата за минатото потполно исчезнале и кај селаните останале само нејасни преданија за дамнешната слобода која тие ја уживале. Во едно зафрлено село во близината на Охрид, во кое нема ни учител ни свештеник, а неговите жители незнаат ниту да пишуваат ниту да читаат, говорев со неколку дечиња за да дознаам колку тие знаат за минатото. Ги однесов кај едно осамаено и необично закосено ридче на чиј врв се наоѓа руините на бугарскиот цар, тие се наоѓаат над езерото и долината. Кој го изградил ова? Ги запрашаав. Одоворот беше впечатлив: Слободните луѓе. А кој биле тие? Нашите дедовци. Да ама дали тие биле Срби, Бугари, Грци или Турци? Не, не биле Турци, тие биле христијани. И тоа беше изгледа се што тие го знаеа - Доживувањата на Х. К. Бреилсфорд, Во Македонија не се поистоветуваат со својата нација (1905)

Кнезот Фердинант на 16.04.1896 година во Цариград се сретнал со српскиот дипломатски преставник Владан Ѓорѓрвиќ и на оваа средба самиот бугарски кнез истакнал дека:

Во Македонија, главна маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или... подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик - АМФ. Ф. ПО. мф. 446, пов. бр. 228, Цариград, 26.03.1896.

Во 1899 година во Белград тогашниот бугарски дипломатски преставник Шишманов и главниот командант на српската војска кралот Милан имале разговор во кои Милан истакнал дека:

Македонците лесно се амалгамираат со бугарскиот или српскиот елемент, бидејќи разликата меѓу двата јазика била многу мала... Во Македонија можаат да се сретнат чисти Срби и чисти Бугари, но тие биле толку малку што неможел да се одреди карактерот на Македонија, која од своја страна била словенска област, ниту бугарска ниту српска и поради тоа Ма��едонија треба да се подели помеѓу Бугарија и Србија М. Миноски, Македонија во билатералните и мултилатерални договори... 365

Српските конзули во Македонија истакунуваат:

Дека кај Македонците не е развиенеа националната свест и оти нивниот двигател во приоѓањето на пропагандите главно е од материјален интерес, па затоа тие можат да бидат не само добри Бугари туку и добри Срби или Грци -Љ. Доклестиќ, цит. дело, 309.

Рускиот конзул од Солун Николај Гирс истакнува:

... (за б.н) српските училишта се трошат многу пари, зошто нивното нивното отворање и постоење без поткуп е невозможно, овие трошоци едвај се оправдуваат... нема сомнение дека без постојната матерјална подршка, оние што почнаа себеси, да се нарекуваат Срби, ќе бидат одново Бугари, какви што станаати веќе пред маногу години, благодареније на усилената бугарска пропаганда сред Македонските Словени - Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, т.1, 247

Во ноември 1898 година во Воден бил битолскиот руски конзул Ростовски и тој истакнал:

Најпосле треба да се откажат да и служат на една туѓа пропаганда, што е олицетворена во Егзархијата, дека Македонците се Славјани, а не Бугари, дека бугарската пропаганда ги исцрпела сите сили и веќе нема да има успех, дека тој се сретнал со Неговото Блаженство во Цариград,преставникотна таа пропаганда, и се убедил дека Егзархијата не била во состојаба да направи ништо, најпосле дека бугарската влада била многу слаба за да може да помогне да се засили таа пропаганда во каква било смисла... - Доверлив извештај на Атанас Шопов до бугарскиот премиер и министер за надворешни работи и вероисповест Константин Стоилов, АМ. мф. 99, Солун, 25.11.1898, No. 1086, вх. 1979, 28.11.1898.

Во писмото од 14. 04. 1901 година егзархот Јосиф I искажува стравување поради формулацијата обединување на сите без разлика на верата и народноста:

Јас мислам дека се гони тајна цел, имено : обединување на македонското население на македонска почва и остварување на поодамна замислената идеја за македонско словенска етничка група на Балканот. Во таков случај натамошната дејноста на Бугарската егзархија е непожелна, бидејќи во автономната македонска држава ќе се наметне потребата за од единствена црква - С. Димевски, Присуството на Теодосиј Гологанов во развојот на македонската национална мисла во епохата на национално - револуционерното движење, ГИНИ, XX/2, Скопје, 1976.