Прејди на содржината

Праисториска религија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Праисториската религија е општ поим за религиозните верувања и практики на праисториските народи. Во оваа група спаѓаат религиите на луѓето од каменото време, но, исто така, и религиите кои се појавиле во номадските и раноселските заедници, чии религиозни содржини не се во облик на пишани„ свети текстови“, туку се пренсени како раскажувачки митови. раноселските заедници, за кои денес се опстанати само непишани извори. Таму, познавањето во врска со настанокот на светот, како и одговорите на големите прашања за смртта и животот, се проткаени во приказни полни со фантазија.

Поконкретно, праисториската религија ги опфаќа: палеолитската, мезолитската, неолитската и религијата од бронзеното доба.

Палеолитска религија

[уреди | уреди извор]

Погребување

[уреди | уреди извор]
Слика на получовек полуживотно во една палеолитска пештера во Дордоња, Франција; археолозите веруваат дека сликите од овој тип се доказ за тоа дека луѓето можеби практикувале рани шамански ритуали за време на Палолитот.

Намерен погреб, особено со гробни добра можеби е еден од најраните забележливи форми на верска пракса затоа што, како што Филип Либерман забележува, може да означува „загриженост за мртвите која го надминува секојдневниот живот.“[1]

Обожување на животни

[уреди | уреди извор]

Голем број од археолозите забележуваат дека општествата од Средниот Палеолит како неандерталските општества исто така практикувале најрана форма на тотемизам или обожување на животни. Емил Бехлер особено напоменува (врз основа на археолошки докази од пештери од Средниот Палеолит) дека широко распространетиот среднопалеолитски неандерталски култ на мечката постоел. Дополнителен доказ во прилог на обожувањето животни од Средниот Палеолит потекнува од Ридовите Цодило (70.000 п.н.е.) во африканската пустина Калахари каде една гигантска карпа личи на питон кој е придружен со големи количини на обоени врвови од скршено копје и тајна соба е откриена во внатрешноста на една пештера. Врвовите од скршено копје биле најверојатно принесувани жртви и питонот исто така е важен за и обожуван од современите бушмански ловци-собирачи, кои се потомци на луѓето кои го измислиле ритуалот на Цодило Хилс и можеби го имаат наследено обожувањето на питонот од своите далечни предци од Средниот Палеолит. Дефинитивни докази за постоењето на култови од овој тип одрекуваат и самите откривачи на напомнатата карпа.[2][3] Животинските култови во следниот Горен Палеолитски период, како што е култот мечката, можеби имаат корени во овие хипотетички животински култови од Средниот Палеолит.[4]

Обожувањето животни во текот на Доцниот Палеолит бил испреплетен со ловџиски обреди.[4] На пример, археолошките докази од уметноста и мечкините остатоци откриваат дека култот на мечката очигледно имал еден вид на мечкин жртвен церемонијализам во која мечката била гаѓана со стрели, а потоа била довршена со истрел во белите дробови и ритуално погребана во близина на глинена статуа на мечка покриена со мечкино крзно, со черепот и телото на закопани одделно.[4]

Неолитска религија

[уреди | уреди извор]

Нема преживеани текстуални извори од ерата на неолитот, најновите достапни датираат од бронзеното време, а со тоа и сите изјави за било кои системи на верување што неолитските општества можеби ги поседувале се увидени од археологијата.

Според истражувањата на археологот Марија Гимбутас постојат докази за пред-индоевропски општества кои биле егалитарни но женско-центрирани, опколени со обожување на божица. Оваа теорија ја изложила во своите книги: Божиците и Боговите на Стара Европа (1974); Јазикот на Божицата (1989); и нејзината последна книга, Цивилизацијата на Божицата (1991), која врз основа на нејзините документирани археолошки наоди презентирала преглед на нејзините заклучоци за неолитските култури во Европа, за религијата, но и за моделите на домување, социјалната структура, уметноста, и природата на писменоста.

Бронзено доба

[уреди | уреди извор]

Реконструкции

[уреди | уреди извор]

Во раното Бронзено доба, пра-индоевропската религија (и самата реконструирана), како и претпоставените рани семитски богови се хипотетичен продолжеток на разни традиции на доцните неолитски луѓе.

Археологија

[уреди | уреди извор]

Европа во Бронзеното Доба

[уреди | уреди извор]

Железно доба

[уреди | уреди извор]

Иако средоземните религии од Железното доба, како и религиите од Блискиот Исток, Индија и Кина од овој период се добро проучени, голем дел од Европа, почнувајќи од 700 п.н.е. па до Периодот на Големите преселби, всушност, отпаѓа на предисторискиот период. Одвај малку се знае за не-средоземните религиски пракси, и најмногу ова знаење е посредно стекнато: преку проучувањето на римската и грчката етнографија.

Кога е во прашање религијата на поларните народи (шаманизмот во Сибир, Финската митологија), традиционалните африкански верувања, индијански верувања и тихоокеанските религии, праисторијата таму завршува дури со доаѓањето на раниот модерен период и европскиот колонијализам. Овие традиции за првпат се забележани или опишани дури во контекст на христијанизацијата.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Uniquely Human. 1991. ISBN 0674921836.
  2. World's Oldest Ritual Discovered -- Worshipped The Python 70,000 Years Ago, The Research Council of Norway (30 ноември 2006). ScienceDaily. Посетена на 12 јануари 2011.
  3. Robbins, Lawrence H.; AlecC. Campbell, George A. Brook, Michael L. Murphy (2007). „World's Oldest Ritual Site? The "Python Cave" at Tsodilo Hills World Heritage Site, Botswana“ (PDF). NYAME AKUMA, the Bulletin of the Society of Africanist Archaeologists (67). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-28. Посетено на 12 јануари 2011.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. 4,0 4,1 4,2 Karl J. Narr. „Prehistoric religion“. Britannica online encyclopedia 2008. Посетено на 2008-03-28.
  5. Christopher L. C. E. Witcombe, "Жените во Архивирано на 1 август 2010 г. Каменото доба," во есејот "Вилендорфската Венера".

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]