Прејди на содржината

Правило за гол во гости

Од Википедија — слободната енциклопедија

Правилото за гол во гости е начин за одлучување на победник во нерешени спортски натпревари. Најчесто се применува во фудбалските натпревари, но и во останатите спортови, во кој се играат по два натпревари помеѓу некој екипи, каде секоја екипа е домаќин во еден натпревар. Со ова правило, екипата која ќе постигне повеќе голови во натпреварот игран на гостински терен, победува доколку вкупниот резултат е изедначен. Затоа често се вели дека гол во гости "вреди двојно".

Правилото за гол во гости најчесто се користи во натпреварувањата со по два натпревари, кои се играат на испаѓање, при што постигнатите голови на тие натпревари се собираат. Повеќето натпревари се одлучуваат со изведување на пенали, но кај некој натпреварувања, гол во гости е првиот елемент кој го одлучува победникот. Правилата често варираат од периодот на игра во кој е постигнат погодокот, зависно од тоа дали е постигнат во регуларниот дел од натпреварот или во продолженијата.

Целта на правилото гол во гости е да ги охрабри екипите да играат повеќе напаѓачки. Во фудбалот, правилото доведува до тоа во првите натпревари да се води сметка повеќе за одбрана на својот гол, како би се остварил што поповолен резултат пред реваншот. Таквата тактика го чини реваншот многу повозбудлив, затоа што тогаш екипите немаат многу простор за пресметка. Постојат многу дискусии околу тоа дали ова правило ги става екипите во неравноправна положба. Ова правило се применува во натпреварувања како нокаут фазата од Лигата на шампионите, Лигата на Европа, во квалификациите за Светското првенство или Европското првенство.

Еден од натпреварите во кој победникот бил одлучен со ова правило, а кој е најчесто споменуван од страна на критичарите на ова правило е полуфиналниот двомеч од Лига на шампиони во сезоната 2002/03 помеѓу Интер и Милан. Двата натпревари се одиграле на стадионот Сан Сиро, на кој двете екипи ги играат својте домашни натпревари. Натпреварите се завршиле со нерешени резултати 0-0 и 1-1, но Милан официјално бил гостин за време на вториот натпревар во кој се постигнати головите. Поради тоа Милан се пласирал во финалето.

Објаснување

[уреди | уреди извор]

Пример A

Во првиот натпревар, резултатот е: Team A (дома) 1–0 Team B (гости).

Во вториот натпревар, резултатот е: Team A (гости) 0–1 Team B (дома).

Во овој случај, вкупниот резултат е 1–1, но бидејќи ниту еден тим не постигнал гол во гости, натпреварот преминува во следната фаза, продолженија.

Пример Б

Во првиот натпревар, резултатот е: Team A (дома) 1–0 Team B (гости).

Во вториот натпревар, резултатот е: Team A (гости) 1–2 Team B (дома).

Во овој случај, вкупниот резултат е 2–2. Сепак, бидејќи Team A постигнал гол во гости во вториот натпревар, а Team B во првиот натпревар не, Team A ќе мине понатаму во натпреварувањето