Портрет на мадам Рулен
Изглед
Портрет на мадам Рулен — слика масло на платно од Пол Гоген, којашто претставува портрет на Августина Рулен (моминско: Пелико; 1851-1930), сопруга на поштарот Жозеф Рулен (1841-1903). Денес, сликата се наоѓа во Музејот на уметност во Сент Луис.[1]
Насликана е во ноември 1888 година за време на заедничкиот престој на Пол Гоген и Винсент ван Гог во Арл, каде што уметникот го насликал и семејството Рулен.[2]