Прејди на содржината

Портал:Темплари

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди   

��ЕМПЛАРИ

Редот на сиромашните витези на Исус и на Соломоновиот храм, попознат како Редот на витезите Темплари, основан е околу 1119 година во Светиот град Ерусалим. Според преданијата, витезите колку што биле храбри, толку во почетокот биле и сиромашни, па најчесто на сликите се прикажани како двајца витези јаваат еден коњ. Набргу Темпларите со одобрение на Папата ќе станат најмоќната воена сила во средниот век. Темпларите имале голема финансиска и политичка моќ и се сметаат за основоположници на првите банки во Европа. Својата моќ ја задржале сѐ до XIV век кога конечно ги уништил кралот Филип IV убавиот. За името на Темпларите поврзани се многубројни легенди меѓу кои и легендата дека тие биле чуварите на најголемата црковна тајна – што е и каде се чува Светиот грал. Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана статија

Опсадата на Арка била едно од најважните настани во текот на третата крстоносна војна која траела од 28 август 1189 година до 12 јули 1191 година, и за прв пат во историјата на крстоносните походи кралевите од двете страни учествувале (или поконкретно со свои очи ја гледале) заштитата на својата земја. Друго по кое се одликува оваа битка е и дека една од најсмртоносните односно битка во која погинале најмногу војници.

По решителната победа која ја издвојувал Саладин над противниците во 1187 година, тој се здобил со уште поголема моќ за завладување на кралството на Ерусалим, заедно со градовите Акра и самиот Ерусалим. Прочитајте повеќе


уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека се смета дека темпларите биле првите банкари во западна Европа, а своевремено тие финансиски го помагале и францускиот крал?
  • ... дека во времето кога Голем мајстор бил Бертран де Бланшфор, Големиот мајстор имал 4 коња и придружба од двајца витези, војник, капелан, туркополар, ковач, готвач и секретар, кој бил Сарацен?
  • ... дека темпларите биле укинати со булата Vox in excelso, која ја донел папата Климент V на 22 март 1312?


уреди   

Категории

уреди   

Избрана биографија

Жак де Молеј (се проценува околу 1244–5/1249–50 – 18 март 1314) бил 23-ти и официјално последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1292, па сѐ до укинувањето на редот од страна на папата во 1312. Тој е најпознатиот темплар по основачот на редот Иг де Пајен (1070-1136). Неговата цел како Голем мајстор била да изврши реформи во редот и да ги усогласи со состојбата во Светата земја за време на намалувањето на влијанието по Крстоносните војни [се бара извор]. Без преостанати крстоносни држави на кои им била потребна заштита, и со голем број на други проблеми, прашање било дали витешкиот ред на темпларите ќе опстои. Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана слика

Темпларскиот крст - препознатлив симбол на темпларите. Овој крст се наоѓалл на грбот на основачот на редот Иг де Пајен.


уреди   

Поврзани портали

уреди   

Темплари на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)