Прејди на содржината

Папа Јован VII

Од Википедија — слободната енциклопедија
Johannes VII
Ракоположен1 март 705
Службата завршила18 октомври 707
ПретходникПапа Јован VI
НаследникПапа Сисиниј
Лични податоци
Световно имеЈован VII
Роден?
Починал18 октомври 707
Други папи наречени Јован (појаснување)

Јован VII (лат. Johannes PP. VII; ? - 18 октомври 707) — римски папа од 1 март 705 до 18 октомври 707[1]. Византискиот цар Јустинијан II му ги испратил одлуките донесени на Трулскиот собор, со молба да ги искаже своите ставови по секоја одлука одделно. Но, срамежливиот папа се откажал од приговор. Заедно со тоа, нему му се нудело и да ги задржи добрите односи со Лангобардите. Освен тоа, папата Јован VII се поврзува и со декорацијата на црквата Санта Марија Антиква.