Овен Виланс Ричардсон
Сер Овен Виланс Ричардсон | |
---|---|
Нилс Бор и Ричардсон (десно) на Солвајската конференција од 1927 | |
Роден(а) | 26 април 1879 Девсбру, Јоркшир, Англија |
Починал(а) | 15 февруари 1959 Алтон, Хемпшир, Англија | (возр. 79)
Националност | Британец |
Полиња | Физика |
Установи | Кембрички универзитет Универзитет Принстон Кралски колеџ (Лондон) |
Образование | Кембрички универзитет Универзитетски колеџ во Лондон |
Докторски ментор | Џозеф Џон Томсон |
Докторанди | Карл Тејлор Комптон Клинтон Дејвисон |
Познат по | Закон на Ричардсон |
Поважни награди | Кралски медал (1930) Нобелова награда за физика (1928) Хјузов медал (1920) |
Сер Овен Виланс Ричардсон (англиски: Sir Owen Willans Richardson 26 април 1879 - 15 февруари 1959) — британски физичар кој добил Нобелова награда за физика во 1928 „за неговата работа на термоелектронскиот феномен и особено за откривањето на термоелектронскиот закон наречен по него“.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Ричардсон се родил во Девсбру, Јоркшир, Англија, единствениот син на Џошуа Хенри и Шарлот Марија Ричардсон. Се образовал во „Бетли“ школото за граматика и колеџот „Тројство“ во Кембриџ, каде што добил првокласни почести по природни науки. Тогаш тој станал доктор на науки во Универзитетскиот колеџ во Лондон во 1904.
По дипломирањето во 1900, почнал да истражува за емисијата на електрична енергија од вжештени тела во Кевендишката лабораторија во Кембриџ, и во 1902 станал член на колеџот „Тројство“. Во 1901, демонстрирал дека вредноста од вжештена жица зависи експоненцијално од температурата на жицата со математичка форма слична на Равенката на Арениус. Ова станало познато како „Закон на Ричардсон“: „ Ако негативното зрачење се должи на честичките кои произлегуваат од металите, вредноста на заситеност (s) треба да го почитува законот “.[2]
Ричардсон бил професор во Универзитетот Принстон од 1906 до 1913, и се вратил во Велика Британија во 1914 за да стане „Витстоун“ професор по физика во Кралскиот колеџ (Лондон), каде подоцна бил главен истражувач. Се пензионирал во 1944 и починал во 1959.
Тој исто така го проучувал и фотоелектричниот ефект, гиромагнетниот ефект, емисијата на електрони при хемиски реакции, слаби Х-зраци, и спектарот на водородот.
Ричардсон се оженил со Лилијан Вилсон, сестра на негов колега од Кевендиш, Херолд Вилсон, во 1906, и заедно имале два сина и една ќерка. Сестрата на Ричардсон се омажила за американски физичар и нобелист Клинтон Дејвисон, студент на Ричардсон. По смртта на Лилијан во 1945, повторно се оженил во 1948 со Хенриет Рап, физичар.
Овен Виланс Ричардсон имал син Херолд Овен Ричардсон кој бил специјалист за јадрена физика и исто така бил директор, оддел на физичари, колеџ „Бедфорд“, Лондонски универзитет и подоцна станал „емиритус“ професор во Лондонскиот универзитет.
Почести
[уреди | уреди извор]Ричардсон станал член на кралското друштво во 1913, и бил награден со Хјузовиот медал во 1920. Ја добил Нобеловата награда по физика во 1928, „за неговата работа на термоелектронскиот феномен и особено за откривањето на термоелектронскиот закон наречен по него“.[3] Бил прогласен за витез во 1939.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Nobel Foundation (1928). „Owen Willans Richardson: The Nobel Prize in Physics 1928“. Les Prix Nobel. Посетено на 2007-09-17.
- ↑ O. W. Richardson (1901) "On the negative radiation from hot platinum," Philosophical of the Cambridge Philosophical Society, 11 : 286-295; see especially p. 287.
- ↑ Nobel prize citation, Nobel foundation website
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Richardson, OW (1921), „Проблеми на физиката“, Science (објав. 30 September 1921), 54 (1396): 283–91, Bibcode:1921Sci....54..283R, doi:10.1126/science.54.1396.283, PMID 17818864
- Richardson, OW (1913), „Емисија на електрони од волфрам на висока температура: Експериментален доказ дека електричната вредност на металите зависи од електроните.“, Science (објав. 11 July 1913), 38 (967): 57–61, Bibcode:1913Sci....38...57R, doi:10.1126/science.38.967.57, PMID 17830216
- Richardson, OW (1912), „Законите на фотоелектричната акција и унитарната теорија на светлината (Ликтквантенска теорија)“, Science (објав. 12 July 1912), 36 (915): 57–8, Bibcode:1912Sci....36...57R, doi:10.1126/science.36.915.57-a, PMID 17800821
- Richardson, OW; Compton, KT (1912), „Фотоелектричниот ефект“, Science (објав. 17 May 1912), 35 (907): 783–4, Bibcode:1912Sci....35..783R, doi:10.1126/science.35.907.783, PMID 17792421
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
- Родени во 1879 година
- Починати во 1959 година
- Британски нобеловци
- Англиски физичари
- Членови на Кралското друштво
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Носители на Кралскиот медал
- Теориски физичари
- Витези-бакалауреати
- Англиски нобеловци
- Членови на Кралската шведска академија на науките
- Апсолвенти на Кембричкиот универзитет
- Членови на Пруската академија на науките