Прејди на содржината

Нацуме Сосеки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нацуме Сосеки

Нацуме Сосеки (9 февруари 18679 декември 1916), роден како Нацуме Киносуке е еден од најреномираните јапонски писатели од Меиџи периодот (1868–1912). Негови најпознати романи се Кокоро, Бочан, Вагахај ва неко деару и неговото незавршено дело Мејан. Исто така, тој компонирал песни, а пишувал и Кинеска поезија и бајки.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Сосеки е роден под името Нацуме Киносуке, во Бабашита, Токио, како шесто и најмладо дете. Од многубројни економски причини, неговото семејство одлучило да го предаде на друго кое немало деца. Со новите старатели останал до деветтата година од животот, но по разводот на новите старатели тој бил принуден да се врати кај поранешното семејство. Неговата мајка била радосна за Сосековото доаѓање, но неговиот татко тоа го сметал за бесмислица. Кога имал четирнаесет години, неговата мајка умрела, а потоа, во текот на 1887 година, умреле и неговите двајца најстари браќа.

Нацуме своето школување го започнал во средното училиште во Токио, каде што се запознал со кинеската поезија и добил голема желба за пишување. Иако неговото семејство се противело, тој сепак се запишал на Токискиот царски универзитет каде, наместо кинеска поезија, студирал англиски јазик, мислејќи дека тоа би му било од корист.

Во текот на 1887 година, Нацуме се запознал со Масаока Шики, која му помагала да стане одличен писател. Шики најмногу го научила на Хаику поезијата, па оттогаш Нацуме почнал да се потпишува како Сосеки (кинески збор кој во превод значи тврдоглав или упорен). Три години подоцна (1890), тој се префрлил на катедрата за книжевност на Обединетото Кралство и брзо го совладал англискиот јазик. Во 1893 година, Нацуме дипломирал и се вработил како учител во едно училиште во Токио. Две години подоцна (1895), почнал да предава во Мацујама, средно училиште во Шикоку. Покрај работата во училиштето, Нацуме редовно објавувал кинеска поезија во разни весници, како што е Хототогису. Во 1896 година дал отказ и преминал во петтата гимназија во Кумамото. Истата година, на 10 јуни, се оженил за Накана Кјоко.

Работата во Велика Британија (1901-1903)

[уреди | уреди извор]

Во текот на 1900 година, јапонската влада го испратила Нацуме на студии во Обединетото Кралство, како прв јапонски стручњак за англиска книжевност. Нацуме заминал во Кембриџ, меѓутоа се откажал од идејата да студира таму, бидејќи стипендијата што му ја дала јапонската власт биал мала. Наместо тоа, тој се запишал во Лондонски универзитетски колеџ. За време на престојот во Велика Британија, Сосеки вкупно четирипати го променил своето место на живеење, а најмногу се задржал кај Присила и Елизабет Лејл од Клапхајм. Пет години подоцна, во воведот на својот роман Бунгакурон, го опишал тој период од својот живот со зборовите:

Двете години поминати во Лондон беа две најнепријатни години во мојот живот. Помеѓу тогашните англиски господа јас бев само еден човек кој живееше во беда.

Нацуме добро се согласувал со сестрите Лејл кои, исто така, имале љубов кон книжевноста, особено кон Вилијам Шекспир, а зборувале течно и Француски јазик. Тие му помагале во совладувањето на неговата несигурност. Иако бил сиромашен, осамен и имал ментални проблеми, тој успеал да ја совлада англиската книжевност, но во 1903 година се вратил во Јапонија. Таму се вработил во Првата гимназија, а подоцна станал биде професор на Универзитетот во Токио, каде предавал теорија на книжевноста и книжевна критика.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Најпознати дела на Нацуме се: „Јас сум мачка“, романотКокоро“, „Слатко момче“, „Кусамакура“, „Зимско невреме“, „Рудари“ и „Шенширо“. Нацуме пишувал под влијание на англиската и на модерната европска книжевност, а во своите дела ги застапувал современите книжевни ставови. Под негово влијание се развивале бројни јапонски писатели, меѓу кои и Рјуносуке Акутагава кој бил еден од најверните ученици и следбеници на Нацуме.[1]

  1. Vera Ilić, „Riunosuke Akutagava“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 216.