Михаил Романов
Изглед
Михаил Романов | |
---|---|
Цар на цела Русија | |
На престол | 21 февруари 1613 - 14 јули 1645 |
Претходник | Време на неволји (Владислав IV) |
Наследник | Алексеј I |
Жени | |
Татко | Фјодор Романов |
Мајка | Ксенија Шестова |
Михаил Фјодорович Романов (руски:Михаи́л Фёдорович Рома́нов) (роден на 12 јули 1596 во Москва - починал на 14 јули 1645 во Москва) бил првиот руски цар од династијата Романови. Тој бил син на Фјодор Никитич Романов, кој подоцна станал патријарх на Москва и бил познат под името Филарет и Ксенија Шестова, подоцна позната како „големата калуѓерка“ Марта. Неговото владеење го означило крајот на времето на неволји.
Деца
[уреди | уреди извор]Од неговиот брак со Евдокија Стрешнева, Михаил имал 10 деца:
Име | Роден | Починал |
---|---|---|
Царевна Ирина | 22 април 1627 | 8 април 1679 |
Царевна Пелагија | 17 август 1628 | 25 јануари 1629 |
Цар Алексеј I | 19 март 1629 | 29 јануари 1676 |
Царевна Ана | 14 јули 1630 | 27 октомври 1692 |
Царевна Марта | 19 август 1631 | 21 септември 1632 |
Царевич Иван | 2 јуни 1633 | 10 јануари 1639 |
Царевна Софија | 30 септември 1634 | 23 јуни 1636 |
Царевна Татјана | 5 јануари 1636 | 24 август 1706 |
Царевна Евдокија | 10 февруари 1637 | 10 февруари 1637 |
Царевич Василиј | 14 март 1639 | 25 март 1639 |
|