Меѓународни води
Меѓународни води или отворено море — водна површина која се наоѓа вон управната надлежност на било која поединечна земја. Такви површини можат да бидат океаните, големи морски екосистеми, затворени или полузатворени регионални мориња и естуари, реки, езера, подземни води и моклишта.[1]
Бидејќи отвореното море не припаѓа на ниедна земја, тоа се нарекува и „слободно море“ (латински: mare liberum). На овие слободни пространства, државите имаат право на стопански риболов, пловидба, прелет, поставање на кабли и цевководи, како и да вршат научни истражувања.
Според Конвенцијата за отвореното море од 1958 г. (63 потписнички), под поимот „отворено море“ се подразбираат „сите делови од морето кои не се опфатени од територијалните и внатрешните води на државата“ и каде „ниедна држава нема право да ја наметнува својата сувереност на било кој дел од нив.“[2] Оваа спогодба е земена како појдовен документ при изготвувањето на Конвенцијата на ООН за морското право, потпишана во 1982 г., со која е уредено дека крајбрежните држави имаат право на исклучив стопански појас од 200 морски милји од појдовната линија, со суверено право врз сета вода во него, морското дно, како и природните ресурси во нив.[3]
Отвореното море зафаќа 50 % од површината на Земјата и сочинува две третини од океаните.[4]
Бродовите што пловат по отворено море се водат под надлежноста на државата на знамето (ако ја има);[5] но доколку пловилото се занимава кривични дејства (на пр. со пиратство),[6] било која земја има право да се справува со него, согласно начелото на сеопшта надлежност. Меѓународните води особено се разликуваат од внатрешните води, територијалните води и исклучивите стопански појаси.
Меѓународни водни патишта
[уреди | уреди извор]Слободната пловидба по полузатворени мориња е пропишана со неколку меѓународни договори.
- Копенхашка конвенција од 1857 г. овозможува пристп до Балтикот укинувајќи ги давачките за сообраќање низ данските протоци, со што тие станале меѓународен воден пат слободен за сите стопански и воени пловила.
- Неколку договори овозможуваат пристап низ Босфорот и Дарданелите за товарните пловила. Со Монтрејската конвенција турските протоци станале меѓународни водни патишта.
Други меѓународни договори овозможуваат слободен пристап по реките, кои традиционално не се сметаат за меѓународни водни патишта.
- Дунав е прогласен за меѓународен воден пат, со цел да им се осигура пристапот до Црното Море на земјите без излез на море како Австрија, Молдавија, Србија, Словачка и Унгарија.
Спорови
[уреди | уреди извор]Еве некои поважни спорови каде постои несогласување за тоа дали дадената водна површина треба да се смета за меѓународна:
- Северноледен Океан: Канада, Данска, Русија и Норвешка имаат свои делови од овој океан кои ги сметаат за државни или внатрешни води, иако највеќето земји од ЕУ и САД официјално го сметаат целиот регион за меѓународни води. Друг позначаен пример е Северозападниот Премин низ Канадскиот Арктички Архипелаг, кој Канада го смета за свои внатрешни води, додека пак САД и ЕУ го сметаат за меѓународен премин.[7]
- Јужен Океан: Австралија полага право на исклучив стопански појас (ИСС) околу своите антарктички територии. Бидејќи териториите се признаени само од неколку други земји, правото ИСС исто така е спорно.
- Подрачјето околу Окинотори: Јапонија се повикува на островче Окинотори како своја сопственост, и затоа смета дека истото треба да има ИСС околу него, но некои соседни земји го сметаат за атол, што би значело дека не му следува ИСС.
- Јужнокинеско Море: Некои земји го сметаат ова море (или барем негов дел) за меѓународни води, но овој став не е општоприфатен. НР Кина се противи на идејата исклучивиот стопансики појас да се дели со други со сили кои некогаш се занимавале со риболов во тие води, иако се повикува на свои историски права врз исклучивите стопански појаси на сите други држави што излегуваат на морето.[8]
Покрај формалните спорови, владата на Сомалија не ја наметнува контролата врз нејзините територијални води. Како последица од тоа, на подрачјето цвета пиратството, бесправното исфрлање на отпад и бесправниот стопански риболов.
Иако ваквата проблематика неретко е повод за конфликт, управувањето со водите дава можност за соработка помеѓу земјите, како поттикнувач на поопфатен социоекономски развој.[9] На пример, земјите од сливот на реката Сенегал кои соработуваат преку Организацијата за развој на реката Сенегал (ОМВС) имаат достигнато поголем социоекономски развој и совладано предизвиците поврзани со земјоделството и другите проблеми.[10]
Меѓународни договори за водите
[уреди | уреди извор]Светски договори
[уреди | уреди извор]- База на меѓународни договори за слатките води.[11]
- Годишник на меѓународната соработка за животната средина и договори за развојните профили за морската средина, живите морски и слатководни ресурси.[12]
- Конвенција за спречување на загадувањето на морињата со фрлање отпад и други материи (Лондонска конвенција од 1972 г.).[13]
- Меѓународна конвенција за спречување на загадувањето од бродови, Лондон, 1973 г. (МАРПОЛ)
- Конвенција на ООН за морското право од 1982 г. (особено одделите XII–XIV).[14]
- Конвенција на ООН за правото на непловидбена употреба на меѓународните водни патишта од 1997 г. (CIW) – нератификувана.[15]
- Прекуграничен договор за подземните води, Белаџовски нацрт — предложен, но непотпишан.[16]
- Други светски конвенции и договори кои ги засегаат меѓународните води:
- Рамсарска конвенција за моклиштата од 1971 г.[17]
- Конвенција за биоразновидноста од 1992 г.[18]
Регионални договори
[уреди | уреди извор]Во Регионалната програма за морињата на УНЕП се опфатени барем десет договори,[19] меѓу кои:
- Атлантскиот брег на Западна и Средна Африка;[20]
- Североисточен Тихи Океан (Антигванска конвенција);
- Средоземно Море (Барселонска конвенција);
- пошироките Кариби (Картахенска конвенција);
- Југоисточен Тихи Океан;[21]
- Јужен Тихи Океан (Нумејска конвенција);
- Источноафрикански брег;[22]
- Кувајтски регон (Кувајтска конвенција);
- Црвено Море и Аденскиот Залив (Џедска конвекција).
Регионалните прашања во врска со слатките води се покриени со Хелсиншката конвенција од 1992 г. за заштита и исползување на прекуграничните водни патишта и меѓународните езера (УНЕЦЕ/Хелсиншка конвенција за водите)[23]
Договори за поединечни водни површини
[уреди | уреди извор]- Балтичко Море (Хелсиншка конвенција за заштита на морската средина на Балтичкото Море, 1992 г.)[24]
- Црно Море (Букурешка конвенција)[25]
- Касписко Море (Рамковна конвенција за заштита на морската средина на Каспиското Море)[26]
- Тангањика (Договор за одржлив развој на езерото Тангањика)[27]
Меѓународни организации за водите
[уреди | уреди извор]Слатководни
[уреди | уреди извор]- Меѓународна хидролошка програма (ИХП) на УНЕСКО
- Меѓународна здружена комисија — Канада и САД (ИЈЦ-ЦМИ)
- Меѓународна мрежа на сливни организации (ИНБО)
- Меѓународен проект за управување со заеднички водоносници
- Меѓународна комисија за водните граници меѓу Мексико и САД
- Меѓународен институт за управување со водите (ИВМИ)
- Иницијатива за води и природа (ВАНИ) на Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП)
Морски
[уреди | уреди извор]- Меѓународна поморска организација (ИМО)
- Меѓународна управа за морското дно
- Меѓународна китоловна комисија
- Регионална програма за морињата на УНЕП
- Меѓувладина океанографска комисија (ИОЦ) на УНЕСКО
- Меѓународен океански институт
- Глобална поморско-поларна програма (ГМПП) на МСЗП
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Појдовна линија
- Континентален праг
- Исклучив стопански појас
- Хуго Гроциј
- Внатрешни води
- Територијални води
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ International Waters Архивирано на 27 јануари 2009 г., United Nations Development Programme
- ↑ CONVENTION ON THE HIGH SEAS Архивирано на 22 февруари 2019 г. (U.N.T.S. No. 6465, vol. 450, pp. 82–103)
- ↑ „What is the EEZ“. National Ocean Service. Посетено на 8 September 2016.
- ↑ „THE HIGH SEAS“. Ocean Unite. Архивирано од изворникот на 9 јули 2021. Посетено на 2019-01-07.
- ↑ UNCLOS, член 92(1)
- ↑ UNCLOS, чл. 105
- ↑ Carnaghan, Matthew; Goody, Allison (26 January 2006). „Canadian Arctic Sovereignty“. Library of Parliament. Архивирано од изворникот на 2016-12-02. Посетено на 16 December 2016.
- ↑ 李侠. „学者:南海不存在公海 他国不能横行霸道_历史_环球网“. Архивирано од изворникот на 22 April 2017. Посетено на 1 April 2017.
- ↑ Waslekar, Selim Catafago, Fadi Comair, Paul Salem, Sundeep. „The Blue Peace: Rethinking Middle East Water“. Посетено на 1 April 2017.
- ↑ http://strategicforesight.com/publication_pdf/20795water-cooperature-sm.pdf
- ↑ „International Freshwater Treaties Database“. Transboundarywaters.orst.edu. Архивирано од изворникот на 2011-11-12. Посетено на 2011-11-08.
- ↑ „Yearbook of International Cooperation on Environment and Development“. Архивирано од изворникот на 12 February 2009.
Marine Environment
Marine Living Resources
Freshwater Resources - ↑ „International Maritime Organization“. Архивирано од изворникот на 26 October 2008. Посетено на 1 April 2017.
- ↑ „United Nations Convention on Law of the Sea“. Un.org. Посетено на 2011-11-08.
- ↑ „CIW“ (PDF). Посетено на 2011-11-08.
- ↑ „Bellagio Draft“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-09-07. Посетено на 2011-11-08.
- ↑ „Text of Ramsar Convention and other key original documents“. Ramsar.org. Архивирано од изворникот на 4 November 2011. Посетено на 2011-11-08.
- ↑ Text of the Convention on Biological Diversity especially Articles 12–13, as related to transboundary aquatic ecosystems
- ↑ „Regional Seas Program“. Unep.org. Архивирано од изворникот на 2011-11-06. Посетено на 2011-11-08.
- ↑ „Convention for Co-operation in the Protection and Development of the Marine and Coastal Environment of the West and Central African Region; and Protocol (1981)“. Sedac.ciesin.org. Архивирано од изворникот на 2004-01-09. Посетено на 2011-11-08.
- ↑ Lima Convention Архивирано на 17 април 2019 г., 1986)
- ↑ Nairobi Convention Архивирано на 26 мај 2013 г., 1985);
- ↑ „Convention on the Protection and Use of Transboundary Watercourses and International Lakes“. Unece.org. Посетено на 2011-11-08.
- ↑ „Convention on the Protection of the Marine Environment of the Baltic Sea Area“. Helcom.fi. Архивирано од изворникот на 28 September 2011. Посетено на 2011-11-08.
- ↑ „Commission on the Protection of the Black Sea Against Pollution“. Посетено на 1 April 2017.
- ↑ Framework Convention for the Protection of the Marine Environment of the Caspian Sea, 2003
- ↑ Convention for the Sustainable Management of Lake Tanganyika, 2003
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Библиографија за водните рересурси и меѓународното право — библиотека „Дворец на мирот“ (англиски)
- Ресурсен центар за меѓународни води (ГЕФ ИВРЦ) (англиски)
- TransCat — ингегрирано управување со прекуграничните води во Европа (англиски)
- Проект за меѓународно право на водите (англиски)
- Атлас на океаните (англиски)
- OneFish — истражен портал за риболовните места (англиски)
- Регионални тела за риболовни места Архивирано на 14 мај 2008 г. — светски портал (англиски)
- Тематски портал за прекугранични слатки води Архивирано на 31 март 2007 г. — УНЕП (англиски)
- Тематски портали на УНЕСКО за океани Архивирано на 11 јули 2006 г., вода, брегови и мали острови (англиски)
|