Прејди на содржината

Маори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маори
Маори изведувајќи хака во 2012 година
Подрачја со значајно население
Нов Зеланд775.836 (2018)[1]
Австралија142.107 (2016)[2]
Обединето Кралство~ 8.000 (2000)[3]
САД3.500 (2000)[4]
Канада2,500 (2016)[5]
Други региони~ 8.000[3]
Јазици
маорски, англиски
Вероисповед
Главно христијани или нерелигиозни
Ратана
религија маори
Сродни народи
Други полинезијски народи

Маори (маорски јазик- Māori) се полинезијски народ, домородно население на Нов Зеланд, етнолингвистички сродни на Тахиќаните и Хавајците, кои на подрачјето на Јужниот остров и Северниот остров, допловиле со кануа, населувајќи се помеѓу 9-от и 13-от век од подрачјето на Полинезија.[6] Првиот судир со Европејците го имале веќе во 1642 година со доаѓањето на холанѓанецот Абел Тасман, а во битката биле убиени четворица припадници на неговата посада. Во 1769 година, британскиот истражувач Џејмс Кук воспоставува пријателски односи со Маорите. Од 1800-тите посетите на европските бродови биле се почести. Со доаѓањето на европските населеници, популацијата на Маорите започнала да опаѓа, поради војните и увезените болести и бројката им била сведена на околу 100.000. Претставниците на маорските поглавари и британците се состанале во 1840 година и потпишале договор во Вајтангу по кој тие стануваат британски граѓани и им се признаваат правата на земја. Со новозеландскиот попис од 2006 година, под маорски етнички имиња се изјасниле 565.329 лица.

Историја

[уреди | уреди извор]
Доселувањето на Маорите во Нов Зеланд како завршна точка на долга низа од последователни островски преселби.
  1. „Māori Population Estimates: At 30 June 2017 – tables“. www.stats.govt.nz (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-02-04. Посетено на 2018-11-17.
  2. „2016 Census Community Profiles: Australia“. www.censusdata.abs.gov.au. Архивирано од изворникот на 2017-08-05. Посетено на 2017-10-28.
  3. 3,0 3,1 Walrond, Carl (4 March 2009). „Māori overseas“. Te Ara: The Encyclopedia of New Zealand. Посетено на 7 December 2010.
  4. New Zealand-born figures from the 2000 U.S. Census; maximum figure represents sum of "Native Hawaiian and Other Pacific Islander" and people of mixed race. United States Census Bureau (2003).„Census 2000 Foreign-Born Profiles (STP-159): Country of Birth: New Zealand“ (PDF). (103 KB). Washington, D.C.: U.S. Census Bureau.
  5. Government of Canada, Statistics Canada (25 October 2017). „Ethnic Origin (279), Single and Multiple Ethnic Origin Responses (3), Generation Status (4), Age (12) and Sex (3) for the Population in Private Households of Canada, Provinces and Territories, Census Metropolitan Areas and Census Agglomerations, 2016 Census – 25% Sample Data“. www12.statcan.gc.ca.
  6. Walters, Richard; Buckley, Hallie; Jacomb, Chris; Matisoo-Smith, Elizabeth (7 October 2017). „Mass Migration and the Polynesian Settlement of New Zealand“. Journal of World Prehistory. 30 (4): 351–376. doi:10.1007/s10963-017-9110-y.