Прејди на содржината

Леополд Кронекер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Леополд Кронекер
Леополд Кронекер во 1865 година.
Роден(а)7 декември 1823(1823-12-07)
Лиегниц, Провинција на Силесиа, Прусија
Починал(а)29 декември 1891(1891-12-29) (возр. 68)
Берлин, Германија
ЖивеалиштеПрусија
НационалностПрусијанин
ПолињаМатематика
Логика
УстановиБерлинска Академија
Универзитет на Берлин
ОбразованиеУниверзитет на Берлин
Докторски менторЈохан Енке
Густав Лежен Дирихле
Докторанди
Курт Хенсел
Адолф Кнесер
Ернст Кутер
Матијаш Лерх
Франц Мертенс
Пол Стакел
Познат поКронекерова делта
Кронекеров симбол
Кронекеров производ
Кронекер-Веберова теорија
Кронекерова теорема

Леополд Кронекер (германски: Leopold Kronecker; Лигниц, 7 декември 1823 — Берлин, 29 декември 1891) бил германски математичар и логичар кој сметал дека артиметиката и анализата мораат да бидат засновани врз „цели броеви“, тврдејќи дека „Господ Бог создал цели броеви, сè останато е дело на човекот!“.[1] Ова направило Кронекер да влезе во некои од математичките дела на Грегор Кантор, студент на Кронекер. Кронекер бил студент т.е. ученик и доживотен пријател на Енрст Кумер.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Леополд Кронекер е роден во Лигниц во Прусија (сегашна Легнеца, Полска). Во 1845 година, Кронекер ја напишал својата дисертација на Универзитетот во Берлин на темата теории на броевите, посебно формулирајќи ги единиците во одредени полиња на алгебарски броеви. Петер Густав Дирихлет му бил наставник.

Бидејќи дипломирал, Кронекер управувал со имотот и бизнисот на неговиот вујко, не посветувајќи се на математиката цели осум години. Во своите мемоари од 1853 година за решавањето на алгебарски равенки, Кронекер ја продолжил работата на Еварист Галоа во врска со теоријата за равенки. Прифатил да биде професор на Универзитетот во Берлин во 1883 година.

Кронекер исто така придонел кон концептот на непрекинатост, реконструкцирајќи го обликот на ирационални броеви во реални броеви. Во делото објавено во 1850 година, во кое се работи за решавање општи равенки од петти ред, Кронекер решил квинтна равенка применувајќи ја теоријата на групите.

По Кронекер името го добиле: Кронекорова делта, Кронекоров производ, Кронекер-Веберова теорема во теоријата на броеви, теоремата на Кронекер-Капелиј во линеарната алгебра и Кронекеровата лема.

Кронекер умрел на 29 декември 1891 година во Берлин. Закопан е на гробиштата Свети Матојс Крихоф во Шененберг во Берлин во близина на Густав Кирхоф.

  1. Gray, Jeremy (2008), Plato's Ghost: The Modernist Transformation of Mathematics, Princeton University Press, стр. 153
    Weber, Heinrich L. 1891-2. Kronecker. Jahresbericht der Deutschen Mathematiker-Vereinigung 2:5-23. (The quote is on p. 19.)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]