Лакис Пирзас
Лакис Пирзас | ||
Роден | 1880 Лерин, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 1947 Лерин, денес Грција |
Николаос Пирзас, познат како Никос и Лакис Пирзас (грчки: Νικόλαος Νίκος или Λάκης Πύρζας) бил деец на грчката вооружена пропаганда, член на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Пирзас е роден 1880 година в град Лерин, тогаш во Османлиското Царство, денес Флорина, Грција. ОД страна на грчкиот конзул бил придобиен за борба во име на грчката кауза, а зедно со Коте Христов и Павел Киров е меѓу пионирите на грчката вооружена пропаганда во Западна Македонија.
Пирзас ја пресретнал четата на Павлос Мелас и на терен работел како преведувач за да можат андартите да комуницираат со месното население [1]. Тој го придружувал Мелас при неговата последна обиколка во Македонија и бил во селото Статица кога Павлос Мелас бил убиен. По неговата смрт издал спомени за него [2].
По смрта на Мелас заминал за Атина и работел за Елиномакедонскиот комитет. Во Македонија се вратил со четата на Георгиос Цондос, но по судир со капетанот, откажал и заминал за Египет, каде останал сè до Првата балканска војна. По присоединувањето на Лерин кон грчката држава се вратил во родниот крај, каде умрел во 1947 година [3][4][5].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.137-139.
- ↑ Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.143-156.
- ↑ Modern Greek Visual Prosopography
- ↑ Πάνου Παπασταμάτη, Ο οπλαρχηγός καπετάν Λάκης Πύρζας. Φλώρινα 1960, Αριστοτέλης, έτ. Δ΄, τεύχ. 20ον, 8ον, σ. 80 υπό Στίλπωνος Π. Κυριακίδου
- ↑ Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, επιστημονική επιμέλεια Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σ. 179