Прејди на содржината

Кула (Калаузлија)

Координати: 41°46′47″N 22°19′53″E / 41.77972° СГШ; 22.33139° ИГД / 41.77972; 22.33139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кула

Карта

Местоположба 41°46′47″N 22°19′53″E / 41.77972° СГШ; 22.33139° ИГД / 41.77972; 22.33139
Основни податоци
Место Калаузлија
Општина Карбинци
Тип

 населба  утврдување


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Кулаархеолошко наоѓалиште во штипското село Калаузлија, Општина Карбинци. Претставува населба и утврдување од доцноантичко време.

Се наоѓа на 2 км јужно од селото, на издолжен гребен кој на западниот крај стрмно се издига над коритото на Козјачка Река, од нејзината десна страна. На врвот има зарамнета јазичеста висорамнинка, со димензии од 70 × 65 м, опкружено со остатоци од темели на бедем, широк 1,5-2 м, ѕидан од кршен камен и варов малтер. Во североисточниот дел на висорамнинката се гледаат контури од објекти кои зафаќаат простор од околу 10 м2.[1]

Селанецот Јашар Мемедов откопал ќоше од просторија ѕидана од кршен камен и вар, во кое нашол бронзена ногалка од свеќник што завршува во облик на лавовска глава. Надвор од габаритот на Кула, на североисточната страна, теренот продолжува во широко обработлива висорамнинка на кое се забележува расфрлен градежен материјал.

Во нивата на Блаже Јованов биле најдени монети со временски распон од I век до доцната антика, како и темели од ѕидови и градежен материјал. Наоѓалиштето е оддалечено околу 4 км југоисточно од доцноантичкиот град Баргала во Горни Козјак.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 435. ISBN 9989-649-28-6.