Прејди на содржината

Конзул

Од Викип��дија — слободната енциклопедија
Конзулат на Данска во Хамбург

Титулата Конзул се употребува за официјални претставници на владата на една земја на територијата на друга земја, вообичаено во функција на помагање и заштита на граѓаните од земјата на Конзулот, и за олеснување на економските односи и пријателството помеѓу народите на земјата кајшто е назначен и земјата која ја претставува. Ова го разликува конзулот од амбасадорот: додека амбасадорот е претставник на шефот на државата од земјата која го испраќа во земјата домаќин и е единствен и главно се грижи за дипломатските односи, конзули и конзулати може да има повеќе, на пример во поголемите градови, и се грижат за помош на сопствените и граѓаните на земјата домаќин за патувања, соработка, размена итн.

Почесен конзул

[уреди | уреди извор]

Институцијата почесен конзул своите корени ги има уште од дамнешни времиња. Некои автори, за современи почетоци на почесните конзули, ја посочуваат институцијата на грчките проксени, коишто за разлика од другите лица во трговските колонии на европските земји, имале јавна функција на заштита на своите граѓани. За разлика од редовните, односно кариерните конзули, почесниот конзул не е во служба на државата којашто го именува и не се наоѓа на платниот список на министерството за надворешни работи. Кариерниот конзул, задолжително е државјанин на земјата што го именува, додека почесниот конзул може да биде и државјанин на државата на приемот, па дури и државјанин на трета земја. Неговите функции се поограничени во однос на кариерните конзули, а тие обично се сведуваат на стопанска соработка, како и помош на државјаните на државата на именување. Во современата практика, институтот почесен конзул некои земји не го прифаќаат и поради тоа не пристапуваат кон именување на оваа категорија конзули. Ваквата практика произлегува од Виенската конвенција за козуларни односи, во која е нотирано дека секоја држава самостојно одлучува дали ќе именува и ќе го прифати институтот почесен конзул.