Китан Петров
Китан Петров | |
---|---|
Роден(а) | 1793 Папрадиште, Велешко |
Починал(а) | 1866 Папрадиште, Велешко |
Националност | Македонец |
Занимање | градител, копаничар, иконописец |
Познат(а) по | цркви и манастири |
Значајни дела | во текстот |
Деца |
Китан Петров Ангелков (1793 - 1866) — македонски градител и копаничар, претставник на Дебарската школа.[1]
Живот и дела
[уреди | уреди извор]Роден е во 1793 г. во мијачкото велешко село Папрадиште, во големиот градителско-зографски род Ангелковци. Татко му Петар и дедо му Ангелко исто така биле градители и копаниачри. Китан предводел своја тајфа од 50-60 лица и градел цркви, манастирски конаци и други градби. Се занимавал со копаничарство, а потоа станал и иконописец. Негово дело се разни цркви во Бер и Воден и една од црквите во Сер. Црквите „Св. Ѓорѓи“ во Шемолтос, „Св. Троица“ во Муклен и „Сретение Господово“ во Јениџе исто така се негови дела. Автор е на црквата „Св. Димитриј“ во Крива Паланка. Му помагал на Дамјан Јанкулов Рензовски при изградбата на црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп, завршена во 1838 г. Китан Петров е автор на градбата, иконостасните резби и иконите во Слепченскиот манастир.
Починал во 1866 г. во родното село.[1]
Родословие
[уреди | уреди извор]Анѓелко | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Петар | Илија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Китан | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Андон | Петар | Никола | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Димитар | Анѓелко | Велјан | |||||||||||||||||||||||||||||||||