Инсула
Кај римската архитектура, инсула била голема станбена зграда каде живееле за римјаните од ниска и средна класа (плебејците). На приземјето на зградата имало таверни, продавници и занаети, а на спратовите се наоѓале станови.
Урбанизацијата на големите рисмки градови значела голема побарувачка на станови во релативна близина на центарот, и затоа недвижностите биле скапи. Затоа куќите биле луксуз кој само богатите можеле да си го дозволат. Поради ова најголемиот дел од луѓето во урбаниот Рим живееле во станбени згради наречени инсули.
Овие згради често биле градени со најмал можен трошок. Така, инсулите не биле многу квалитетно изградени и биле подложни на пожар и колапс, како што ги опишал Јувенал. Заради небезбедноста и поголемиот број на скалила, најгорните спратови биле најнепожелни, и затоа најевтини за изнајмување. Инсулата имала до 6-7 спрата (а некои дури и 8 и 9 пред ограничувањата).
Заради опасноста од пожар и колапс, Октавијан Август ја ограничил висината на инсулите на 70 стапки, а потоа Нерон ја ограничил на 60 стапки по големиот пожар во Рим. Во градот Рим имало околу 50,000 инсули, во споредба со само 2000 домуси во доцните 200-ти н.е., кога градот бил во опаѓање и бројот на жителите бил помал.
Меѓутоа не секоја инсула била со низок квалитет. Постоеле и инсули кои имале огромни раскошни станови и биле сместении во екслузивните делови од градот.
Речиси сите инсули имале водовод и санитарии.
Називот „инсула“ доаѓа од латинскиот збор за остров. Зградата била наречена така заради тоа што личела на остров гледано од птичја перспектива заради тоа што била опкружена со улици од сите четири страни.
Оваа статија поврзана со архитектурата е никулец. Можете да помогнете ��о тоа што ќе ја проширите. |