Имам сон
Имам сон (англиски: I have a dream) — 17-минутен говор одржан од афроамериканскиот активист за граѓански права Мартин Лутер Кинг на 28 август 1963 година, во кој тој повикувал за расна еднаквост и крај на дискриминацијата во САД. Говорот што го одржал на Линколновиот меморијал во Вашингтон, бил еден од клучните моме��ти во борбата за еднаквост предводенa од афроамериканското движење за граѓански права. Говорот бил одржан пред околу 250.000 луѓе.[1]
Говорот познат денес како „Имам сон“ имал неколку различни верзии што биле напишани неколкупати. Немало подготвено ниту еден нацрт, но сепак говорот бил мешавина од различни верзии. Изворната верзија е насловена „Нормалност, никогаш повеќе“, а има и неколку други верзии со сличен наслов. Важен момент е самиот говор. На крајот од говорот, познатата афроамериканска евангелска пејачка Махалија Џексон, му викнала на Мартин Лутер Кинг: „Кажи им за сонот, Мартин!“ Кинг потоа го прекинал подготвениот говор и го одржал неговиот познат говор. Многумина го нарекле „најдобриот говор одржан во XX век“.[2][3]
Говор
[уреди | уреди извор]...
И иако денес се соочуваме со тешкотии и ќе се соочиме и утре, сепак имам сон. Овој сон е длабоко вкоренет во американскиот сон.
Имам сон дека еден ден оваа нација ќе се исправи и ќе живее во согласност со вистинското значење на нејзиното начело: „Сметаме дека е очигледно дека сите луѓе се создадени еднакви“.
Имам сон дека еден ден, во црвените ридови во Џорџија, синовите на поранешните робови и синовите на поранешните сопственици на робови ќе можат да седат заедно на братска маса.
Имам сон дека ќе дојде денот, дури и во државата Мисисипи, истоштена од жештините на неправдата и угнетувањето, која ќе се претвори во оаза на слободата и правдата.
Имам сон дека ќе дојде денот кога моите четири деца ќе живеат во земја во која ќе бидат судени не според бојата на кожата, туку според нивните црти на личноста.
Имам сон денес!
Имам сон дека еден ден во Алабама, со своите злобни расисти и гувернерот, од чии усни летаат зборови за „мешање“ и „поништување“ — еден ден, таму во Алабама, малите црни момчиња и девојчиња да се држат за раце со мали бели момчиња и девојчиња како сестри и браќа.
Имам сон!
...
— Од говорот на Мартин Лутер Кинг кај Линколновиот меморијал во Вашингтон, 28 август 1963 г.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hansen, D, D. (2003). The Dream: Martin Luther King, Jr., and the Speech that Inspired a Nation. New York, NY: Harper Collins. стр. 58.
- ↑ Stephen Lucas and Martin Medhurst (December 15, 1999). „"I Have a Dream" Speech Leads Top 100 Speeches of the Century“. The University of Wisconsin-Madison. Архивирано од изворникот на 2006-07-09. Посетено на 2006-07-18.
- ↑ Chang, Rachel. „How Mahalia Jackson Sparked Martin Luther King Jr.'s 'I Have a Dream' Speech“. Biography (англиски). Посетено на 2021-04-20.
- ↑ „Martin Luther King I Have a Dream Speech - American Rhetoric“. www.americanrhetoric.com (англиски). Посетено на 2021-04-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Full text at the BBC
- Video of "I Have a Dream" speech, од LearnOutLoud.com
- Lyrics of the traditional spiritual "Free At Last"
|