Икер Касиљас
Икер Касиљас | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Икер Касиљас Фернандес | ||
Роден на | 20 мај 1981 | ||
Роден во | Шпанија | ||
Висина | 1.82 м[1] | ||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Реал Мадрид | ||
Број | 1 | ||
Младинска кариера | |||
1990–1998 | Реал Мадрид | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1998–1999 | Реал Мадрид Ц | 26 | (0) |
1999 | Реал Мадрид Б | 4 | (0) |
1999– | Реал Мадрид | 457 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1996 | Шпанија U15 | 1 | (0) |
1996–1998 | Шпанија U16 | 19 | (0) |
1997–1999 | Шпанија U17 | 10 | (0) |
1999 | Шпанија U18 | 4 | (0) |
1999 | Шпанија U20 | 2 | (0) |
1999–2000 | Шпанија U21 | 5 | (0) |
2000– | Шпанија | 137 | (0) |
* Ажурирано на: 18:02, 13 May 2012 (UTC) ** Ажурирано на: 18:42, 1 July 2012 (UTC) |
Икер Касиљас Фернандес (роден на 20 мај 1981 во Мадрид, Шпанија) — Шпански фудбалски голман кој настапува за Порто и Шпанската репрезентација
Реал Мадрид
[уреди | уреди извор]Икер Касиљас потекнува од подмладокот на „Реал“. Тој играл за јуниорите во „Реал“ за сезоната 1990/1991, но тој не дебитирал во првиот состав на „Реал“ дури до сезоната 1998/1999 кого го замени Бодо Илгнер и беше во почетниот состав на Реал следната сезона. Тој станал најмладиот голман кој играл во финале на Лигата на шампионите, кога Реал Мадрид ја победил Валенсија со резултат од 3-0, со само 19 години и 4 дена.
Касиљас ја загубил почетната позиција од Цезар Санчес по лошата игра во сезоната 2001/2002. Но Санчес се здобил со повреда во последните минути во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2001/02, во кое Реал победил со 2-1 над Баер Леверкузен. Санчес бил заменет од Касиљас, кој пак си ја зацврсти почетната позиција во „Реал“. Во февруари 2008, Касиљас склучил нов договор со „Реал“, со кој потпишал дека ќе остане во Реал до 2017.[2][3]
Агентот на Касиљас се сретнал со претставниците на Манчестер Сити и ја одбил нивната понуда, со што се покажала верноста на Касиљас кон својот градски клуб.[4]
На 4 ноември 2014 година, со настапот против ФК „Ливерпул“, Касилјас го одиграл 144. натпревар во Лигата на шампионите, со што станал рекордер според бројот на одиграните натпревари во ова натпреварување.[5]
Порто
[уреди | уреди извор]Во сезоната 2015/2016, Касилјас потпишал за португалската екипа ФК „Порто“. Притоа, на 16 септември 2015 година, на натпреварот против „Динамо“ од Киев, тој го остварил својот 151. настап во Лигата на шампионите, со што го изедначил рекордот на Чави.[6]
Репрезентација
[уреди | уреди извор]Касиљас дебитираше за Шпанската репрезентација на 16 години, и тој настапуваше за Шпанската репрезентација под 17 години. И беше најмлад играч кога Шпанската репрезенатција под 17 години кога беа вице-прваци на Светското првенство во Египет за помлади од 17 години.
Тој моментално е втор голман по бројот на настапи за репрезентацијата, веднаш зад Андони Зубизарета, кој има 126 настапи.[7] Тој ги освои UEFA-CAF Мердиајан Купот и Светското првенство за јуниори со Шпанија во 1999 година. Тој беше замена на ЕУРО 2000 и Светското првенство во 2002 за одличниот Сантјаго Кањизарез. Касиљас стана прв избор во Шпанската репрезентација, кога Кањизарез се здоби со повреда на Светското првенство. Тој стана прв избор за голманското место за светското првенство на само 21 година. Тој стана херој кога фати 2 пенали против Ирска во осмина-финалето.
Касиљас играше во сите осум натпревари во квалификационата група 6 за ЕУРО 2004, примајќи само 4 гола. Исто така не прими ниту еден гол на двата натпревари во плеј-офот против Норвешка. И стартуваше во сите натпревари за Шпанија во ЕУРО 2004, и беше капитен на тимот на два натпревари.
Со тоа што Раул не беше избран за ЕУРО 2008 на Касиљас му беше доделена капитенската лента за Европското првенство. Тој стартуваше во првите два натпревари во групата Д против Шведска и Русија. На третиот натпревар тој беше заменет од Пепе Реина. Касиљас одбрани два пенали од Антонио Ди Натале и Даниеле Де Роси со што Италија беше елиминирана уште во четврт-финалето, со оваа победа Шпанците го разбија малерот поврзан со 22 јуни. Шпанија подоцна победи во финалето на ЕУРО 2008 против Германија со 1-0. Касиљас не прими гол во четврт-финалето,полуфиналето и во финалето. Последниот гол што го прими на ова првенство беше во групата, а последен кој на ова првенство му даде гол на Касиљас беше Златен Ибрахимович. Од 82 настапи за Шпанската репрезентација тој без примен гол има изиграно 42 натпревари.
На 29 јуни 2008 Касиљас стана првиот голман-капитен кој го кренал трофејот од Европското првенство, со победата над Германија од 1-0.[8] Една од одбраните во четврт-финалето против Јужна Кореја на 2002 ФИФА Светско Првенство според ФИФА е една од најдобрите 10 одбрани во светот.[9]
Касиљас беше прогласен за 4врт најдобар играч во светот според ФИФА зад Роналдо, Меси и Торес.
Статистика
[уреди | уреди извор]Според 9 декември 2008
Клупски перформански | Лига | Куп | Континтално | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Сезона | Клуб | Лига | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови |
Шпанија | Лига | Копа дел Реј | Европа | Вкупно | ||||||
1999-00 | Реал Мадрид | Ла Лига | 27 | 0 | 5 | 0 | 12 | 0 | 46 | 0 |
2000-01 | 34 | 0 | 0 | 0 | 11 | 0 | 45 | 0 | ||
2001-02 | 25 | 0 | 5 | 0 | 9 | 0 | 39 | 0 | ||
2002-03 | 38 | 0 | 0 | 0 | 15 | 0 | 53 | 0 | ||
2003-04 | 37 | 0 | 2 | 0 | 9 | 0 | 48 | 0 | ||
2004-05 | 37 | 0 | 0 | 0 | 10 | 0 | 47 | 0 | ||
2005-06 | 37 | 0 | 4 | 0 | 7 | 0 | 48 | 0 | ||
2006-07 | 38 | 0 | 0 | 0 | 7 | 0 | 45 | 0 | ||
2007-08 | 36 | 0 | 0 | 0 | 8 | 0 | 44 | 0 | ||
2008-09 | 14 | 0 | 0 | 0 | 5 | 0 | 17 | 0 | ||
Вкупно | Шпанија | 323 | 0 | 16 | 0 | 93 | 0 | 432 | 0 | |
Вкупно во Кариерата | 323 | 0 | 16 | 0 | 93 | 0 | 432 | 0 |
Награди
[уреди | уреди извор]Реал Мадрид
[уреди | уреди извор]- Ла Лига 2000-01, 2002-03, 2006-07, 2007-08
- Суперкопа де Еспања: 2001, 2003, 2008.
- Лига на Шампиони: 1999-00, 2001-02
- УЕФА Супер Куп: 2002
- Интерконтинентален Куп: 2002
Интернационални
[уреди | уреди извор]- УЕФА У-15 првенство[10]: 1995
- УЕФА У-15 Светско првенство : 1997
- UEFA-CAF Меридиан Куп: 1999
- Светско првенство за младинци: 1999
- Европско првенство: 2008
Поединечно
[уреди | уреди извор]- Награда Браво: 2000
- Премио Дон Балон (најдобар млад играч во Ла Лига): 1999-00[11]
- УЕФА Тим на Годината: 2007[12]
- ЕСМ Тим на Годината: 2007-08
- Трофеј Самора: 2007-08
- ЕСМ Тим на Месецот: Април-Мај 2000, јануари 2001, мај 2002, Февруари-Март 2004, Октомври-Декември 2007, јануари 2008, април 2008
- Тим на ЕУРО 2008[13]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ „Iker Casillas Fernandez“ (player profile). Real Madrid. Посетено на 20 July 2010.
- ↑ Скај Спорт - Касиљас и Реал му се доверија на Реал
- ↑ „Засекогаш Бели - Касиљас и Раул потпишаа животен договор со Реал“. Realmadrid.com.
- ↑ http://www.skysports.com/story/0,19528,11095_4581884,00.html
- ↑ „Касилјас ороводец по бројот на настапите во ЛШ“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 24.
- ↑ „Меси со јубилеен 100. двобој, Венгер го претрпе 50. пораз“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 28.
- ↑ Source: http://www.as.com/futbol/articulo/capitan-casillas-todo-empezo-suecia/dasftb/20061007dasdaiftb_25/Tes?print=1
- ↑ Германија 0 Шпанија 1 Архивирано на 12 април 2012 г., Soccernet.
- ↑ FIFA Fever Centennial Anniversary (1904–2004) DVD
- ↑ „Икер Касиљас Фернандес - Профил на играчот“. Realmadrid.com. (See Honours section)
- ↑ Don Balón Premio Don Balón
- ↑ „УЕФА Тим на годината 2008“. UEFA.com.
- ↑ „Шпанија доминираше во тимот на првенството“. UEFA.com.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Икер Касиљас Архивирано на 6 ноември 2012 г.
- Фудбалска архива на кариери,статистики и профили
Претходник Теодорос Загорaкис |
Капитен на победничката репрезентација на ЕУРО 2008- |
Наследник Непознат |
Претходник Раул Гонсалес |
Капитен на Шпанија 2006 – |
Наследник Непознат |
|