Прејди на содржината

Ивана Кобилца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивана Кобилца
Автопортрет во бело, околу 1910
Роден(а)Ивана Кобилца
декември 20, 1861(1861-12-20)
Љубљана, Крањско Војводство, Австроунгарија
Починал(а)декември 4, 1926(1926-12-04) (возр. 64)
Љубљана, Кралство Југославија
НационалностСловенка
ОбразованиеШкола за уметност и занаети Минхен
студирала кај уметникот - портретист Алоиш Ерделт
Познат(а) поСликарство, цртеж, фотографија
Значајни делаХоландска девој��а (1886)
Цитрист (околу 1887)
Дамата со кафе (1888)
Портрет на сестрата Фани (1889)
Лето (1889-90)
Жени (1891)
Деца на тревата (1892)
Парижанката што продава зеленчук (1892)
Автопортрет (1894-95)
Автопортрет со палета (1914)
ПравецРеализам
ИзбранНационалната асоцијација за Убави уметности

Ивана Кобилца (словенечки: Ivana Kobilca), (Љубљана, 20 декември 1861Љубљана, 4 декември 1916) — една од најистакнатите словенечки сликарки.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ивана Кобiлца (20 декември 1861 - 4 декември 1926) е една од најистакнатите словенечки сликарки[1]. Нејзиниот уметнички опсег се движел во доменот на реалистичкото сликарство.

Учела, студирала и работела во Виена, Минхен, Париз, Сараево, Берлин и Љубљана.

Нејзиниот творечки опус опфаќа поголем број на дела создаени во маслена техника и пастели.

Тематски, воглавном: мртви природи, портрети, жанровски предели, алегории, верски сцени.

Во текот на нејзиниот живот, повеќе била критикувана отколку прифаќана.

Во современото сфаќање на словенечката уметност е констатирано дека нејзината творечка улога и влијание е една од клучните во развојот на современото словенечко сликарство а и пошироко.

Ретроспелтивната изложба на најголемиот дел од нејзиното творештво, поставена во 2019 година, во Народната галерија во Љубљана, во целост ја потврдува нејзината творечка исклучителност и придонес во развојот на современата словенечка ликовна уметност[2].

Ивана Кобилица е родена во е Љубљана во семејството на имотен занаетчија. Родителите одиграле голема улога во нејзиното образование и воспитување. Рано почнала да црта а исто така научила добро да зборува француски и германски јазик.

Средно училиште - Уршуланската гимназија јазавршила во Љубљана. На 16 години, со својот татко, заминала за Виена, каде што ги добила првите насоки во сликарството - под инспирација на старите мајстори особено од делата изложени во галеријата на Академијата за уметност.

Од 1880 до 1881 година била во Минхен. Од 1882 до 1889, продолжила да студира во класата на Алоис Ердтелт.

Првота нејзина изложба била во 1888 година.

Првата самостојна изложба на Ивана Кобилца во Љубљана во 1889 година

На следната изложба во 1889 година, во Минхен, нејзиното дело било забележано и најпозитивно оценето од од истакнатиот германски уметник и историчар на уметноста Ричард Мутер. Во 1890 година се вратила во Љубљана а наскоро, потоа заминала во Загреб каде што една година сликала и работела. Во 1891 и 1892 година заминала во приватното училиште на Анри Гербокс во Париз. Набргу по тоа, во Париз била примена во (Националниот Сојузот за сликарство) а работела и во тогаш познатата Барбизонска ликовна колонија.

Во 1893 година се вратила во во Љубљана. Подоцна ја посетила Фиренца во 1894 година а живеела и во Сараево од 1897 до 1905 година. Од 1906 до 1914 година живеела во Берлин, а потоа се враќала во Љубљана.

Пред крајот на својот животот, најпосле ги добила заслужените признанија, според кои, била ценета како еден од најголемите сликари во тогашното Кралство Југославија[3]. Починала во Љубљана во 1926 година.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Нејзината стилска определба, низ целокупниот творечки пат, била целосно посветена кон реалистичкото сликарство. Творечкото созревање и зрелост, ги стекнала во странство. Мотивските определби во нејзиното творештво воглавном се: портрети, фигурални претстави, мртви природи.

Сликарската поетика најчесто била врзана за урбаното и интимата, психологијата и уметничката опсервацијата на поединците во тоа опкружување. Иако без големи стилски промени, сепак забележливи биле одредени изразни нијанси низ севкупниот нејзин творечки опус[4].

Во првите декади нејзиното творештво имала апсобирано одредени позитивни поуки и влијанија од сликарството кое го проучувала и од кое се инспирирала ��о Виена и Минхен. Подоцна, со престојот во Берлин, се променува нејзиниот колорит, станал по интензивен и по прочистен а мотивки најмногу се определила за мртвите природи.

Со престојот и работата во Париз, нејзиното сликарство станало уште по прознрачно, по воздушесто, со светлосини нијанси, кои биле типични за париското сликарство од тој период. Оваа нејзина суптилна колористичка и композициска промена е всушност основата, почетокот во развојот или во создавањето на словенечкиот инпресионизам[5].

Госпоѓата што пие кафе (1888)
Ивана Кобилца - Парижанката со писмо
Лето, 1889

Попознати нејзини слики:

„Портрет на жена со кафе“, 1888 година, „Цитаристка“, „Холандско девојче“, „Лето“. Портретите на Отон Жупанчич, Јосип Штосмаер како и илустрации на поезијата на Симон Јенко[6].

Нејзините дела се изложени низ сите поголеми европски центри а се дел од колекциите на низа европски музеи и приватни колекции[7].

Библиографија

[уреди | уреди извор]

„Ивана Кобилца : 1861 -1928“, Народна галерија, Љубљана, 1979[8].

Матеја Брешчак - „Словенечкиот импресионизам 1890-1920“, народна галерија, Љубљана, 2008[9].

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]