Зоотропола
„Зоотропола“ | |
---|---|
Режисер | |
Продуцент | Кларк Спенсер |
Главни улоги | |
Музика | Мајкл Џакино |
Кинематографија |
|
Монтажа |
|
Студио | |
Дистрибутер | Walt Disney Studios Motion Pictures |
Премиера | 11 февруари 2016(Данска) 4 март 2016 (САД) |
Времетраење | 108 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $150 милиони[2] |
Бруто заработка | $1.024 милијарда[3] |
Зоотропола (англиски: Zootopia) — американска компјутерски-анимирана авантуристичка-комедија во 3D од 2016 година[4] продуцирана од Walt Disney Animation Studios и издадена од Walt Disney Pictures. Тоа е 55. анимиран долгометражен филм на Дизни. Филмот е во режија на Бајрон Хауард и Рич Мур, а на главните улоги гласовите ги позајмуваат Џинифер Гудвин, Џејсон Бејтман, Идрис Елба, Џени Слејт, Нејт Торенс, Бони Хант, Дон Лејк, Томи Чонг, Џ. К. Симонс, Октавија Спенсер, Алан Тудик и Шакира. Филмот го следи необичното пријателство меѓу зајче полицаец и лисица измамник кои заедно откриваат голема завера која вклучува исчезнување на животни грабливци од животинскиот град Зоотропола.
Зоотропола премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал за анимација во Брисел на 13 февруари 2016 година,[5] а во САД бил издаден во 2D, Disney Digital 3-D, RealD 3D и IMAX 3D формати на 4 март 2016 година.[6][7] Филмот се здобил со универзално критичко признание, и од многумина бил пофален за анимацијата, гласовните улоги, хуморот и темите за дискриминација и социјални стереотипи.[8][9] Филмот остварил рекорден успех на кино благајните во неколку земји и остварил заработка од преку една милијарда долари во светски рамки, правејќи го четврти најпрофитабилен филм за 2016 година и 26. најпрофитабилен филм на сите времиња. Филмот бил вброен во најдобрите десет филмови на годината од американскиот филмски институт.[10] Зоотропола добил Оскар за најдобар анимиран филм, Ени награда и Златен глобус,[11] како и номинација за БАФТА награда.
Содржина
[уреди | уреди извор]Од најголемиот слон до најмалото глувче, градот Зоотрополис е прекрасна метропола во која сите животни живеат сложно меѓусебно. Џуди Хопс (Џинифер Гудвин) е мало зајаче на кое ѝ е кажано дека не може да биде полицајка во градот бидејќи никогаш претходно немало зајак полицаец, и дека таа работа треба да ја вршат големите животни грабливци. Сепак Џуди верувајќи во себе успева да ја помине полициската академија и добива работа во градската полиција, но од началникот Бого (Идрис Елба) добива задача да запишува казни за паркинг. Кога четиринаесет животни грабливци мистериозно ќе исчезнат од градот, Џуди веднаш го презема случајот во свои раце. Соработувајќи со лисецот Ник Валјд (Џејсон Бејтман), таа мора да ги состави зеедно сите траги за да открие што се случило со грабливците и кој стои зад тоа.
Музика
[уреди | уреди извор]Придружната музика во филмот била создадена од Мајкл Џакино.[12] Ова било негов прв проект на долгометражен филм за Walt Disney Animation Studios,[12] откако претходно тој соработувал со компанијата за неколку краткометражни филмови. Покрај гласовната улога во филмот, поп ѕвездата Шакира исто така учествувала со оригинална песна насловена „Try Everything“, која била напишана од Сиа и Stargate.[13] Филмската музика била исполнета од оркестар од осумдесет челенови во ноември 2015 година, под диригентската палка на Тим Симонек.[14]
Заработка
[уреди | уреди извор]Зоотропола остварил заработка од 341.3 милиони долари во САД и Канада и уште 682.5 милиони долари во останатите земји за вкупна заработка од 1.024 милијарда долари, наспроти буџетот од 150 милиони долари.[2][3] Филмот станал вториот изненадувачки хит во годината, по Дедпул.[15] На 18 март 2016 година, Зоотрополис ја достигнал границата од заработени 500 милиони долари, станувајќи трет последователен филм на компанијата Walt Disney Animation Studios на кој тоа му успеало, по Снежно кралство (2013) и Екипа за 6 (2014).[16][17] На 5 април, тој станал прв филм во 2016 година кој достигнал заработка од 800 милиони долари преку продажба на билети,[18] а на 24 април, станал првиот филм во годината со заработка од 900 милиони долари.[19] На 5 јуни, Зоотропола ја преминал границата од заработени една милијарда долари, станувајќи втор филм во 2016 година на кој тоа му успеало (по Капетан Америка: Граѓанска војна, кој бил исто на Дизни), четврти анимиран филм (по Приказна за играчките 3, Снежно кралство и Мињони), единаесетти филм на Дизни (трет анимиран), и 26. филм вкупно кој ја достигнал таа граница.[20]
Во светски рамки, Зоотропола е четврти најпрофитабилен филм за 2016 година (зад Капетан Америка: Граѓанска војна, Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите и Барајќи ја Дори),[21] втор најпрофитабилен анимиран филм во 2016 година,[21] втор најпрофитабилен филм на Walt Disney Animation Studios (втор најпрофитабилен вкупно) на сите времиња во оригинално објавување (по Снежно кралство),[18] втор најпрофитабилен оригинален филм на сите времиња (зад Аватар),[15] петти најпрофитабилен анимиран филм на сите времиња и 26. најпрофитабилен филм на сите времиња.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Zootropolis (PG)“. British Board of Film Classification. February 17, 2016. Архивирано од изворникот на 2016-02-25. Посетено на February 17, 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „'Zootopia' Tops the Box Office“. The New York Times. Посетено на March 13, 2016.
- ↑ 3,0 3,1 „Zootopia (2016)“. Box Office Mojo. IMDb. Посетено на October 3, 2016.
- ↑ McNary, Dave (June 11, 2015). „Watch: Disney's 'Zootopia' Trailer Introduces Animal-Run World“. Variety. Посетено на July 25, 2015.
- ↑ Hazelton, John (February 13, 2016). „'Zootopia': Review“. ScreenDaily. Посетено на October 4, 2016.
- ↑ Yamato, Jen (November 10, 2014). „Disney Dates 2016 Animated Pics 'Zootopia' & 'Moana'“. Deadline.com. Посетено на November 10, 2014.
- ↑ Newswire, PR (February 3, 2016). „Disney's Zootopia To Be Released In IMAX® 3D Theatres Domestically And In Select International Markets Including China“. Deadline.com. Посетено на February 3, 2016.
- ↑ Travers, Peter (March 3, 2016). „Zootopia“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на March 4, 2016.
- ↑ Matt Pressberg. „Anti-Racist 'Zootopia' Is Crushing It In Countries Where Diversity Often Doesn't Play“. International Business Times.
- ↑ Hipes, Patrick (December 8, 2016). „AFI Awards: Best Of 2016 Film List Includes 'Silence', 'Hacksaw Ridge' & More“. Deadline.com. Посетено на December 8, 2016.
- ↑ „Golden Globes 2017: The Full List of Winners“. The Hollywood Reporter. January 8, 2017. Посетено на January 8, 2017. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ 12,0 12,1 Truitt, Brian (November 16, 2015). „Michael Giacchino to score Disney's 'Zootopia'“. USA Today. Посетено на November 16, 2015.
- ↑ „This News Don't Lie: Shakira is Coming to a Disney Movie Near You“. Disney Playlist. August 14, 2015. Посетено на August 15, 2015.
- ↑ ComingSoon.net (16 ноември 2015). "Disney’s Zootopia Lands Composer Michael Giacchino". Соопштение за печат.
- ↑ 15,0 15,1 Scott Mendelson (May 30, 2016). „Box Office: Disney's 'Zootopia' Is Now The Second-Biggest Original Movie Ever“. Форбс. Посетено на May 30, 2016.
- ↑ Anita Busch (March 18, 2016). „'Zootopia' To Cross $500M Globally Today“. Deadline.com. Посетено на March 19, 2016.
- ↑ Scott Mendelson (March 18, 2016). „Box Office: Disney's 'Zootopia' Tops $500M Worldwide“. Форбс. Посетено на March 19, 2016.
- ↑ 18,0 18,1 Nancy Tartaglione and Anita Busch (April 5, 2016). „'Zootopia' Hops To $800M+ Global; Top 2016 Grosser Still Has Play To Come“. Deadline.com. Посетено на April 6, 2016.
- ↑ Nancy Tartaglione (April 24, 2016). „'Jungle Book' A $337M Offshore Beast As 'Huntsman' Musters $80M; 'Zootopia' Tops $900M Global – Intl B.O. Update“. Deadline.com. Посетено на April 25, 2016.
- ↑ Nancy Tartaglione (June 5, 2016). „'Zootopia' Hops Past $1B Global Box Office; Disney's 11th Time Over The Mark“. Deadline.com. Посетено на June 5, 2016.
- ↑ 21,0 21,1 „2016 WORLDWIDE GROSSES“. Box Office Mojo. IMDb. Посетено на January 29, 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Зоотропола на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Зоотропола на филмската база TCM
- Зоотропола на Big Cartoon DataBase (англиски)
- Зоотропола на Metacritic
|