Зенона
Елија Зенона Aelia Zenonis | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиска царица | |||||
Приказ на Зенона на една од монетите ковани од нејзиниот сопруг Василиск | |||||
Роден(а) | 5 век | ||||
Починал(а) | 476/477 Кападокија | ||||
Сопружник | Василиск | ||||
Деца | Марко | ||||
| |||||
Династија | Лавова династија |
Елија Зенона (латински: Aelia Zenonis, починала 476-477) била византиска царица, сопруга на царот Василиск.
Потеклото на Елија Зенона е непознато. Таа се омажила за Флавиј Василиск, брат на царицата Елија Верина, сопругата на царот Лав I (457-474). Елија Зенона и Флавиј Василиск имале еден син - Марко.
Царица
[уреди | уреди извор]Василиск успеал да дојде до власт во 475 година, искористувајќи ја непопуларноста на цар Зенон. Во јануари 475 година Василиск, брат на Елија Верина - тешта на Зенон, го узурпирал престолот со нејзина помош и Зенон бил принуден да побегне од Цариград во Анадолија[1]. По ова, Елија Зенона станала августа, додека нејзиниот син за цезар и август. Во чест на Елија Зенон била пуштена нова емисија на златни и бронзени монети[2]. Елија Зенона и сопругот активно ги поддржувале монофизитите, спротивно на масовно прифатената Халкидонска вера. Според некои извори, Зенона имала љубовник, нејзиниот внук Армат кој благодарение на неа тој успеал да се издигне до највисоките позиции во дворот, добивајќи ја титулата magister militum praesentialis.
Детонација
[уреди | уреди извор]Набргу по издигнувањето на својата власт, Василиск го испратил Ил и неговиот брат Трокунд против Зенон, кој бил во своите имоти во Мала Азија. Василиск сепак не ги исполнил ветувањата што ги направил на двајцата воначалници; освен тоа, тие добиле писма од некои од главните министри во дворот, со кои биле поттикнати да обезбедат враќање на Зенон, бидејќи сега градот претпочитал да има исаврјанин за цар, пред монофизитот чија непопуларност растела паралелно со алчноста на неговите министри[3]. За време на операциите во Исаврија, Ил го зел како заложник братот на Зенон, Лонгин, и го држел во една исавријска тврдина. Бидејќи мислел дека би имал поголемо влијание, доколку Зенон се врати престолот, тој поминал на другата страна и тргнал на поход кон Цариград, заедно со Зенон во летото 476 година. Кога Василиск дознал за опасноста која следува, тој побрзал да го реформира едиктот кој претходно го објавил и да ги добие на своја страна патријархот и населението, но веќе било предоцна[3].
Армат, како magister militum, бил испратен со сите расположливи сили во Мала Азија, за да се спротивстави на нападот, но тајната пораки од Зенон, кој му ветил дека ќе му ја остави титулата magister militum до крајот на неговиот живот и дека ќе го прогласи за цезар неговиот син, го убедило да го предаде својот господар. Така Армат побегнал од маршрутата по која се движела царската армија, со кое била запечатена судбината на Василиск[3].
Во август 476 Зенон го ставил под опсада Цариград[4]. Сенатот ги отворил градските порти, овозможувајќи им на соборениот цар да го поврати престолот. Василиск побарал азил во една црква, но бил предаден од Акакиј Цариградски. Така Василиск, неговата сопруга Елија Зенона и неговиот син Марко биле испратени во една тврдина во Кападокија, каде Зенон ги затворил во празен резервоар во кој тие починале од глад,[5].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Croke, pp. 188–190.
- ↑ [1] Монетите го имаат натписотAVGGG, трите 'G' се тројцата Augusti. Види: Yonge Akerman, John (2002) [1834]. A Descriptive Catalogue of Rare and Unedited Roman Coins. Adamant Media Corporation. стр. . 383. ISBN 1-4021-9224-X.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеbury
. - ↑ Heather, Peter (1998). Goths. Blackwell Publishing. стр. 158–159. ISBN 0-631-20932-8.
- ↑ Елтон пишува дека името на тврдината е Limnae, додека Смит говори за Cucusus, а Евагриј Схоластик за Acusus.
Претходник Елија Аријадна |
Византиска царица 475–476 |
Наследник Елија Аријадна |