Западен Тимор
Западен Тимор (индонезиски: Timor Barat) — западниот дел на островот Тимор, дел од индонезиската покраина Источна Нуса Тенгара. Источниот дел на островот е независната држава Источен Тимор. Западен Тимор е доминантно христијански регион.
За време на колонијалниот период, Западен Тимор бил познат како Холандски Тимор и бил центар на холандските лојалисти за време на Индонезиската национална револуција (1945–1949).[1][2]
Географија
[уреди | уреди извор]Западен Тимор има вкупна површина од 15.850 км2 и го зазема западниот дел на островот Тимор. Највисоката точна во Западен Тимор е Мутис со 2.427 метри. Најјужниот остров во Индонезија, Роте, е југозападно од Западен Тимор. Најголем град во Западен Тимор е Купанг.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Западен Тимор е дел од покраината Источна Нуса Тегара. Порано бил поделен на Град Купанг и четири округа. Во 2012 година бил основан и петтиот округ. Околу 35% од населението на покраината живее во Западен Тимор.
име | адм. центар | проц. | статут | површина (км²) | население попис 2019[3] |
---|---|---|---|---|---|
Купанг | Оеламаси | 1958 | UU 69/1958 | 5.898,18 | 402.000 |
Јужноцентрален Тимор | Сое | 1958 | UU 69/1958 | 3.947,00 | 466.000 |
Северноцентрален Тимор | Кефаменану | 1958 | UU 69/1958 | 2.669,66 | 256.000 |
Белу | Атамбуа | 1958 | UU 69/1958 | 1.284,94 | 226.000 |
Малака | Бетун | 2012 | UU 69/2012 | 1.160,63 | 190.000 |
Град Купанг | 160,34 | 438.000 | |||
Западен Тимор | Град Купанг | 15.120,83 | 1.978.000 |
Демографија
[уреди | уреди извор]Населението на Западен Тимор е доминантно христијанско, односно 56% се Католици, 35% се Протес��анти и само 8% се Муслимани. Има околу 1.8 милиони жители во регионот според податоците од 2008. Доминантен јазик е индонезискиот јазик, но населението зборува и на други австронезиски јазици, меѓу нив тетумски, уаб мето, ндаонаски и др.[4] Познавањето на холандскиот е денес само меѓу постарите лица и е ограничено.
Економија
[уреди | уреди извор]Просечната невработеност на Западен Тимор е 2.39%.[5] 30% од населението живеат под линијата на сиромаштијата (според податоците од 1998 и 2012). Економијата е воглавно земјоделска.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Great Britain. Foreign Office. Historical Section (1920), Dutch Timor and the Lesser Sunda Islands, H.M.S.O, Посетено на 17 January 2014
- ↑ Allied Forces. South West Pacific Area. Allied Geographical Section (1943), Area study of Dutch Timor, Netherlands East Indies, The Section, Посетено на 17 January 2014
- ↑ „Indikator Strategis Nusa Tenggara Timur“. BPS (индонезиски). Архивирано од изворникот на 2021-02-25. Посетено на 2019-12-18.
- ↑ West Timor Island
- ↑ [1][мртва врска]
10°23′S 123°38′E / 10.383° ЈГШ; 123.633° ИГД
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |