Жозеф Пуларт
Изглед
Жозеф Пуларт Joseph Poelaert | |
---|---|
Роден(а) | 21 март 1817 Брисел, Белгија |
Починал(а) | 3 ноември 1879 Брисел, Белгија |
Националност | Белгиец |
Зданија | Бриселска судска палата |
Жозеф Пуларт (хол. Joseph Poelaert; 21 март 1817 – 3 ноември 1879) — белгиски архитект. Неговите најистакнати дела се Судската палата во Брисел, Столбот на конгресот, црквата „Св. Катерина“ во Брисел, Богородичната црква во Лакен.
Пулард ја предводел и реставрацијата на Кралскиот театар на ковницата во Брисел по пожарот во 1855 г. Негово дело е и величествената сала на овој театар, која се користи и денес.
Занимливости
[уреди | уреди извор]Жителите на Маролен, соседство веднаш до судската палата го нарекувале Пуларт „расипаниот архитект“ (Skieven Architect) бидејќи неретко со полиција ги истерувал луѓето од нивните куќи за да направи место за судската палата.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Жозеф Пуларт на Ризницата ?
- Градежни планови од Судската палата во Брисел Архивирано на 13 февруари 2011 г. — портал „Градежна управа“ (холандски)
Дела
[уреди | уреди извор]-
Судската палата на стара разгледница
-
Црквата „Св. Катерина“
-
Богородичната црква во Лакен
-
Кралскиот театар на ковницата
Оваа биографска статија за личност од Белгија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|