Едвалд Боасон Хаген
Хаген на Омлоп Хет Ниувсблад 2015 | ||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Едвалд Боасон Хаген | |||||||||||||||||||||||
Прекар | Еди Бос[1] | |||||||||||||||||||||||
Роден | 17 мај 1987 Лилехамер, Норвешка | |||||||||||||||||||||||
Висина | 1,81 м | |||||||||||||||||||||||
Маса | 73 кг | |||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Тим Кубека Асос | |||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | |||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||
2006–2007 | Тим Максбо Бјанки | |||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
2008–2009 2010–2014 2015– | Тим Хај Роад Тим Скај МТН Кубека | |||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
Последна промена 31 мај 2019 |
Едвалд Боасон Хаген[2] (норвешки: Edvald Boasson Hagen; р. 17 мај 1987) — норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[3]
Тој е норвешки хрометриски првак и се смета за еден од најголемите таленти во најава во овој спорт, станувајќи трет најдобар во светот според UCI на 31 август 2009, со само 22 години.[4] Познат е како универзален возач, освојувајќи го националното друмско првенство во 2012 година и во 2015 година, а воедно е и десеткратен победник на националното хронометарско првенство.
Кариера
[уреди | уреди извор]2006–2007
[уреди | уреди извор]Боасон Хаген се придружил на норвешкиот континентален тим Тим Максбо Бјанки во 2006 и во неговата прва сезона во континенталните трки, имал осум победи, вклучувајќи три етапи на Тур де л’Авенир.[5]
Во 2007, имал успешна сезона и забележал 15 победи, завршувајќи втор по бројот на победи зад ProTour спринтерот Алесандро Петаки. Но, по дисквалификацијата на Италијанецот во мај 2008 поради допинг, Алесандро Петаки загубил 5 етапни победи во 2007, освоени на Џиро 2007, Боасон Хаген избил на првото место по број на победи. Боасон го освоил генералниот пласман како и етапи на Париз-Корез, Рингерике ГП и Пролетниот трофеј Истар. Исто така, освоил етапи на Трка околу Ирска, Тур де Норманди и Трка околу Бретања, како и националното норвешко првенство во хронометар. Како резултат на овие постигнувања, завршил петти во пласманот со поединечни бодови во Европската турнеја. Во почетокот на 2007 било најавено дека во сезоната во 2008, тој би го напуштил Тим Максбо Бјанки за германскиот UCI ProTeam Т-Мобајл Тим.[6] Во почетокот на 2007 беше најавено дека Дојче Телеком ќе го прекине спонзорството за Т-Мобајл тимот. Тимот продолжил под името „Тим Хај Роад“.[7]
2008
[уреди | уреди извор]Боасон Хаген ја започнал сезоната во 2008 со петто место на прологот на Трката околу Калифорнија, пред докажаните хронометарските специјалисти, како што се Дејвид Милар и Густав Ларсон. Подоцна, го освоил и поединечниот хронометар на Критериум Интернационал пред неговиот колега Тони Мартин и ГП де Денен. Исто така, завршил и втор на Ри��инг Класик и станал норвешки национален хронометарски првак вторпат по ред. Подоцна, во истата година на Летните олимписки игри во Пекинг, завршил 71. и учествувал на ProTour трката Енеко Тур Бенелукс, натпреварувајќи се за крајниот пласман. Тој завршил трет на прологот и добро се пласирал на следните етапи, кога на петтата етапа групата била погодена од силни крстоносни ветрови и го оставил 14 минути позади водачите. Боасон Хаген ја загубил секоја шанса за победа во генералниот пласман, но ја освоил следната етапа во Брисел поминувајќи го Џими Енгулвент во последните 15 метри на трката.[8] На Трката околу Британија освоил три етапи и бодовниот пласман.
2009
[уреди | уреди извор]Во 2009 го освоил класикот на калдрма Гент-Вевелгем во спринт со двајца против возачот на Ликвигас Александар Кушински. Исто така, возел и на Џиро д’Италија 2009, неговиот прв воопшто Гранд Тур, каде Тим Колумбија победи на екипниот хронометар, Боасон Хаген победи на седмата етапа во спринт и завршил втор на шестата и осмата етапа. На трката околу Полска ги освоил 4. и 6. етапа и завршил трет во генералниот пласман и ѝ обезбедил на Норвешка десет возачи на претстојното Светско друмско првенство UCI. Хаген, исто така, ја освоил неговата прва етапна трка во 2009, Енеко Тур, потврдувајќи го неговиот огромен талент и издигнувајќи се во трет во генералниот пласман во Светски ранкинг на UCI 2009, 31 август 2009.
Подоцна во 2009 Боасон Хаген ја завршил неговата сезона со победа на 4 од 8 етапи на Трката околу Британија и победувајќи во генералниот пласман.
По неколку месеци на гласини, беше официјализирано на 10 септември 2009, дека Боасон Хаген ќе се придружи на Тим Скај од сезоната во 2010, заедно со другите Норвежани Ларс Петер Нордхауг и Курт Асле Арвесен.[9]
2010
[уреди | уреди извор]Боасон Хаген ја започна неговата прва трка со Тим Скај со изданието во 2010 на Трка околу Катар. По импресивниот напор и етапна победа на воведниот екипен хронометар, Боасон Хаген обезбедил трето и шесто место на наредните етапи како негови најдобри резултати. На Трката околу Оман една недела подоцна, Боасон Хаген освоил две етапи, вклучувајќи ја и последната етапа, каде го победил Фабијан Канчелара со 17 секунди во поединечниот хронометар. Со оваа победа Боасон Хаген го обезбедил второто место во генералниот пласман, земајќи ја маичката за млади возачи и победувајќи во бодовниот пласман. Боасон Хаген ја освоил седмата етапа на Критериум ду Дофине. Исто така, ја задржал титулата национален хронометриски првак.
2011
[уреди | уреди извор]Во 2011, Боасон Хаген повторно завршил втор на Трката околу Оман, исто така, победувајќи во бодовен пласман втора година по ред.[10] Боасон Хаген ја освоил и првата етапа на Трка околу Баварија,[11] и замина да освојува бодови за зелената маичка, како и да му помага на неговиот колега Герајнт Томас да победи во генералниот пласман на трката.[12] Го освоил норвешкото хронометриско првенство петта година по ред во јуни, но тогаш се појави болест, која го стави под прашање неговото учество на Тур де Франс.[13]
Боасон Хаген успеал да се поврати и му било дадено зелено светло за учество на Тур де Франс.[14] Тој ја освои шестата етапа на Трката, прва победа на британски регистриран професионален велосипедски тим на Тур де Франс.[15][16] Боасон Хаген заврши втор по сонародникот Тор Хушовд на етапата 16, откако беа двајцата во бегство заедно со Рајдер Хесједал.[17] Следниот ден, тој беше повторно во бегство и успеа да биде прв на последното искачување да ја однесе втората етапна победа на Тур.[18] Боасон Хаген завршил втор по Марк Кевендиш на етапата 21 на Трката, која се одржуваше на Шанзелизе.[19] Во август, Боасон Хаген ги освои скоро сите маички на Енеко Тур, победувајќи во крајниот пласман на трката, како и во бодовен и во пласманот за млад возач и завршувајќи прв на последната етапа.[20]
2012
[уреди | уреди извор]Боасон Хаген ја започнал сезоната 2012 со второто место зад Андре Грајпел на класикот Даун Андер.[21] По трите пласмани во најдобрите пет, го презел водството во бодовниот пласман по четвртата етапа на Тур Даун Андер[22] и ја задржал маичката до крајот на трката. Боасон Хаген го презел водството на Волта ао Алгарве по победата на втората етапа. Тој го загубил водството на трката од неговиот совозач Ричи Порт на следната етапа, откако Порт бил посилен на последното искачување, но тој го освоил бодовниот пласман. Исто така, освоил етапа на Тирено-Адријатико и бил еден од главните помошници на Марк Кевендиш. Боасон Хаген имал разочарувачка сезона на класиците, не успевајќи да забележи некаков поголем успех. Сепак успеал да ја поврати формата за домашната трка, Трка околу Норвешка 2012, каде го освоил крајниот пласман, бодовниот и пласманот за млад возач и победил на четвртата етапа, која завршувала во неговиот роден град, Лилехамер.
Во јуни 2012, Боасон Хаген го освоил норвешкото национално друмско првенство, каде по првпат го зел националниот дрес; меѓутоа ја загубил својата титула на националното хронометарско првенство од возачот на Тим Џокер Мерида Рајдар Боргерсен. Боасон Хаген бил избран во составот на Тим Скај за Тур де Франс. Завршил петти на воведниот пролог во Лиеж, потоа трет на етапата 1, окако им се приближил на Петер Саган и Фабијан Канчелара во последните метри, но не можел да им се спротивстави во спринтот. Исто така, завршил втор зад Саган на третата етапа, на уште една завршница на мало искачување. На крајот на август, Боасон Хаген ја однел победата на еднодневната трка од Светската турнеја ГП Уест-Франција. Се одвоил од големата група на помалку од два километри до целта, ги достигнал и одминал преостанатиот бегалец напред, Руј Кошта (Мовистар Тим) на последниот дел нагорнина и се спуштил до целта сам. Ги спречил спринтерите во групата да ја бркаат шансата за победа со здобивањето предност од 5 секунди.[23]
2013
[уреди | уреди извор]Боасон Хаген ја започнал сезоната со амбиција за освојување на еден од пролетните класици,[24] но не успеал да постигне некој позначаен резултат.[25] Меѓутоа, Боасон Хаген се вратил да ја одбрани својата титула на Трката околу Норвешка. По завршувањето како второпласиран на две од претходните пролетни етапи, Боасон Хаген бил во бегство со Серхио Паулињо и ја освоил четвртата етапа, а со тоа и генералниот и бодовниот пласман.[26] Боасон Хаген ја освоил третата етапа во спринт на Критериум ду Дофине.[27]
2014
[уреди | уреди извор]2014 била најлошата година на Боасон Хаген во неговата кариера, во која не забележал ниту една победа. На 14 август, Боасон Хаген најавил дека ќе го напушти Тим Скај на крајот на сезоната 2014.[28] На 27 август, Боасон Хаген објавил дека ќе се приклучи на африканската професионална континентална екипа Тим Кубека Асос, со која потпишал д��егодишен договор.[29]
2015
[уреди | уреди извор]Откако завршил втор на Трката околу Норвешка,[30] Боасон Хаген дошол до првата негова победа во две години на Трката на Фјордовите, на последната етапа на трката. Ја претекнал малата водечка група од четири членови за да го доврши подвигот.[31] Во јуни, Боасон Хаген го освоил националното хронометарско првенство и националното друмско првенство откако нападнал од групата да се приклучи на водечката група во последниот километар. Ја освоил титулата во близок спринт.
Во последните километри на Светското друмско првенство, Боасон Хаген одбил да соработува со Грег ван Авермат да ја достигнат разликата од 10 секунди на подоцнежниот победник Петер Саган. Најверојатна причина за ова било што неговиот сонародник и спринтер Александер Кристоф кој бил во главната група бил само неколку секунди зад нив. Хаген на крајот завршил 20., само 3 секунди зад победникот.
2016
[уреди | уреди извор]Боасон Хаген се вратил во форма во првиот дел од сезоната 2016; освојувајќи три етапи на Трката околу Катар и Трката околу Оман, носејќи ја водечката маичка на обете трки. Потоа завршил петти на Париз-Рубе откако бил дел од групата од петмина кои спринтале за победа. Кон крајот на сезоната бил шести на Светското првенство во Катар откако не ги следел наредбите од неговиот колега Александер Кристоф, кој завршил седми во спринтот.
2017
[уреди | уреди извор]На Тур де Франс 2017 ја освоил деветнаесеттата етапа со доцен напад од бегство.
2018
[уреди | уреди извор]Во јануари, Боасон Хаген морал да ја отстрани својата жолчка.[32] Ја започнал сезоната со учество на Волта ао Алгарве.
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2004
- 1. Национален друмски првак под 19 години
- 2005
- 1. Национален друмски првак под 19 години
- 1. Национален хронометарски првак под 19 години
- 2006
- 1. Скандинавиан Опен Друмска Трка
- Тур де л’Авенир
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 7
- Трка околу Тирингија под 23 години
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 3 Рингерике GP
- 1. Етапа 4 Рона-Алпи-Изер Трка
- 2. ГП Орхус
- 2. Национално друмско првенство
- 2007
- 1. Национален хронометарски првак
- 1. Краен пласман Истарски пролетен трофеј
- 1. Пролог
- 1. Краен пласман Париз-Корез
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Бодовен пласман
- 1. Краен пласман Рингерике ГП
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- Трка околу Бретања
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 7
- 7. Краен пласман Тур де Норманди
- 1. Етапа 8
- 1. Етапа 4 Трка околу Ирска
- 2008
- 1. Национален хронометриски првак
- 1. Етапа 3 Критериум Интернационал
- 1. ГП де Денен
- 1. Етапа 6 Енеко Тур Бенелукс
- Трка околу Британија
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 7
- 2. Класик Ридинг
- 2009
- 1. Национален хронометриски првак
- 1. Гент-Вевелгем
- 1. Краен пласман Енеко Тур Бенелукс
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 7 (ITT)
- 1. Бодовен пласман
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 7
- 1. Краен пласман Трка околу Британија
- 2. Трофео Солер
- 2. Трофео Калвија
- 3. Краен пласман, Трка околу Полска
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 6
- 4. Монте Паски Ероика
- 2010
- 1. Национален хронометриски првак
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар
- 1. Етапа 7 Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 7 Критериум ду Дофине
- 1. Холадски класик
- 2. Краен пласман Трка околу Оман
- 2. Ватенфал Класик
- 2. Хроно на Нациите
- 3. Краен пласман Енеко Тур
- 2011
- 1. Национален хронометриски првак
- Тур де Франс
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 17
- 1. Етапа 1 Трка околу Баварија
- 2. Краен пласман Трка околу Оман
- 1. Краен пласман Енеко Тур
- 1. Ватенфал Класик
- 2012
- 1. Национален друмски првак
- 1. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 1. ГП Уест-Франција
- 1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 3 Критериум ду Дофине
- 2. Светски друмски првенства - Друмска трка
- 3. Трка околу Пекинг
- 7. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2013
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 1. Етапа 3 Критериум ду Дофине
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Светско првенство во екипен хронометар
- 5. Кансер Кансил Хелплајн Класик
- 8. Краен пласман Трка околу Катар
- 9. Е3 Харелбеке
- 2014
- 2. Трофео Сера де Трамунтана
- 2. Јапонски куп
- 3. Омлоп хет Ниувсблад
- 6. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
- 2015
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 5 Трка на Фјордови
- 2. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 4. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
- 6. Краен пласман Трка околу Данска
- 1. Етапа 2
- 10. Милано-Санремо
- 2016
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Национално хронометарско првенство
- Критериум ди Дофине
- 1. Етапа 7 Енеко Тур
- 2. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 5
- 3. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
- 5. Краен пласман Трка околу Катар
- 1. Етапа 3
- 5. Париз-Рубе
- 6. Краен пласман Трка околу Оман
- 6. Светско друмско првенство
- 10. ГП Западна Франција
- 2017
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Трка на Фјордовите
- 1. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 1. Етапа 19 Тур де Франс
- 2. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 8
- 7. Европско хронометарско првенство
- 7. Класик Бретања
- 2018
- 1. Национално хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 1. Етапа 2
- 4. Краен пласман Трка на Фјордовите
- 4. Дварс дор Вландерен
- 8. Трка околу Франкфурт
- 10. ГП Монтреал
- 2019
- 1. Етапа 1 Критериум ди Дофине
- 3. Национално хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 1. Етапа 3
- 9. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 1. Етапа 1 (ITT)
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 82 | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНС-16 | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ |
Освоени етапи | 1 | — | — | — | — | 0 | — | — | — |
Планински пласман | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Бодовен пласман | 6 | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тур | ДНЕ | 116 | 53 | 56 | ДНФ-12 | ДНЕ | 82 | 109 | 78 |
Освоени етапи | — | 0 | 2 | 0 | 0 | — | 0 | 0 | 1 |
Планински пласман | — | 60 | 31 | 58 | — | — | 58 | НР | НР |
Бодовен пласман | — | 6 | 6 | 5 | — | — | 14 | 14 | 3 |
Вуелта | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | 84 | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ |
Освоени етапи | — | — | — | — | 0 | — | — | — | — |
Планински пласман | — | — | — | — | 24 | — | — | — | — |
Бодовен пласман | — | — | — | — | 8 | — | — | — | — |
1 | Победник |
2–3 | Топ три |
4–10 | Топ десет |
11– | Друго место |
ДНЕ | Не учествувал |
ДНФ-x | Не завршил (се повлекол на етапа x) |
ДСК | Диквалификуван |
Н/А | Трката/пласманот не беше одржана |
НР | Нерангиран во овој пласман |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тим Скај на Твитер: Едвалд Боасон Хаген - Еди Бос ја заврши Норвешка и екипата е горда. Без разлика на теренот, возеше силно. Ние сме среќни го имаме!“. Twitter. Twitter Inc. 22 јули 2012. Посетено на 13 октомври 2014.
- ↑ Во врска со неговото име и презиме, тој има изјавено: „Во мојот пасош, пишува дека Хаген е презиме, а Едвалд Боасон се имиња. Боасон е еден вид на средно име. Но, јас имам желба да ги користам двете како презиме.“ Cycle Sport (мај 2009, стр. 114)
- ↑ „NTT Pro Cycling Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 3 јануари 2020. Посетено на 3 јануари 2020.
- ↑ „Рангирање според UCI“. Меѓународен велосипедски сојуз. 31 август 2009. Посетено на 31 август 2009.
- ↑ „Крстарејќи во ProTour, норвешки стил“. www.cyclingnews.com. 24 август 2007. Посетено на 26 ноември 2007.
- ↑ „Норвешки младинец во Т-Мобајл“. www.cyclingnews.com. 26 мај 2007. Посетено на 8 декември 2007.
- ↑ „Т-Мобајл го завршува спонзорството во велосипедизмот“. ББС Спорт. 2007-11-27. Посетено на 2007-12-06.
- ↑ Енеко Тур 2008 – Етапа 6 Архивирано на 22 мај 2009 г.. Dailypeloton.com (2008-08-26). Посетено на 2011-08-18.
- ↑ „Повеќе ѕвезди за Тим Скај“. Sky News. 10 септември 2010. Посетено на 2009-09-10.
- ↑ Трка околу Оман 2011 – Клучни моменти. Paris-nice.fr. Посетено на 2011-08-18.
- ↑ Боасон Хаген победи на отворањето на Трката околу Баварија – Yahoo! Eurosport. Uk.eurosport.yahoo.com. Посетено на 2011-08-18.
- ↑ Вести: Томас ја освои Трката околу Баварија « Извештај «. Velouk.net. Посетено на 2011-08-18.
- ↑ Возачот на Тим Скај, Едвалд Боасон Хаген има дилема за Тур де Франс | Спорт. guardian.co.uk. Посетено на 2011-08-18.
- ↑ Боасон Хаген ја преброди болеста, доби зелено светло за Тур. Velonation.com. Посетено на 2011-08-18.
- ↑ „Тим Скај ја освои првата победа на Тур де Франс, давајќи му на Мурдок добри вести“. Гардијан. 7 јули 2011. Посетено на 7 јули 2011.
- ↑ „Тим Скај ја забележа првата победа по освојувањето на шестата етапа од норвешкиот возач Едвалд Боасон Хаген“. Дејли Телеграф. 7 јули 2011. Посетено на 7 јули 2011.
- ↑ Тур де Франс 2011: Тор Хушовд го победи Боасон Хаген на линијата|Спорт. Гардијан.
- ↑ Тур де Франс: Боасон Хаген победи за Скај, откако Воклер се мачеше. Индепендент (2011-07-21). Посетено на 2011-08-18.
- ↑ ИГ Маркетс возач на етапата 21 – Едвалд Боасон Хаген - Вести - Тур де Франс Архивирано на 17 октомври 2012 г.. ITV (2011-07-26). 18 август 2011.
- ↑ Чистка на Боасон Хаген | Скај Спортс | Велосипедизам | Вести. Скај Спортс. Посетено на 2011-08-18.
- ↑ „Андре Грајепл победи на класикот Даун Андер“. USA Today. Дејвид Ханк; Gannett Company. Associated Press. 15 јануари 2012. Посетено на 21 јануари 2012.
- ↑ Обри, Џејн (20 јануари 2012). „Фреир назад во победничкиот круг со победата на Тур Даун Андер“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2012-01-21. Посетено на 21 јануари 2012.
- ↑ „Боасон Хаген победи на ГП Плуе“. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 август 2012. Посетено на 31 август 2012.
- ↑ Velonation. 11 декември 2012 http://www.velonation.com/News/ID/13473/Edvald-Boasson-Hagen-to-lead-Team-Sky-in-the-Santos-Tour-Down-Under-once-again.aspx. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Not a classic time as Team Sky's training fails“. The Roar. 10 април 2013.
- ↑ „Boasson Hagen prevails on home soil“. Cyclingnews.com. Future plc. 18 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 2013-09-28.
- ↑ „Етапа 3“. Критериум ду Дофине. Amaury Sport Organisation. Посетено на 5 јуни 2013.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/edvald-boasson-hagen-to-leave-team-sky
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/report-boasson-hagen-signs-for-mtn-qhubeka
- ↑ Кене, Жан Франсоа (25 мај 2015). „Tour of Norway: Vangstad solos to victory on final day“. Cyclingnews.com. Посетено на 26 мај 2015.
- ↑ Жан Франсоа Кене (31 мај 2015). „Tour des Fjords: Boasson Hagen wins final stage“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 4 јуни 2015.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/boasson-hagen-to-delay-season-start-after-gallbladder-surgery/
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Едвалд Боасон Хаген“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Едвалд Боасон Хаген“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Едвалд Боасон Хаген“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Едвалд Боасон Хаген“. ProCycling.
- Достигнувања на cyclingbase.com Архивирано на 16 декември 2007 г. (француски)
- Родени во 1987 година
- Норвешки велосипедисти
- Луѓе од Лилехамер
- Норвешки етапни победници на Тур де Франс
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016
- Олимписки велосипедисти на Норвешка
- Норвешки етапни победници на Џиро д’Италија