Прејди на содржината

Девица (суперјато)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Девица
Растојанија од Месната Група до некои групи и јата во Месното Суперјато
Податоци од набљудување (епоха J2000)
Матична структураЛанијакеја
Црвено поместувањеДоплерово
Врзивна маса~1,48 × 1015[1] M
Сјајност3×1012 L[1] (вкупно)
Други назнаки
Месно Суперјато, LSC, LS

Девица или Месно Суперјато — масовна концентрација на галаксии во која спаѓа јатото Девица и Месната Група, која пак ги содржи галаксиите Млечен Пат и Андромеда и разни други. Барем 100 галактички групи и јата се наоѓаат во полупречник од 33 мегапарсеци (110 милиони светлосни години). Суперјатото Девица е едно од околу 10 милиони суперјата во видливата вселена и се наоѓа во суперјатниот комплекс Риби-Кит кој е галактичка нишка.

Во 2014 г. е утврдено дека суперјатото Девица е само еден дел од поголемото суперјато Ланијакеја, кое исто така се нарекува Месно Суперјато сосредоточено во Големиот Привлекувач.[2]

Структура

[уреди | уреди извор]

Во неговиот опширен труд од 1982 г. Р. Брент Тали ги претставил заклучоците од неговото истражување за основната структура на Месното Суперјато. Се состои од два дела: забележително зарамнетиот диск во кој се наоѓаат две третини од сјајни галаксии и топчест ореол во кој е останатата третина.[3] Самииот диск е тенок (~1 Мпс) елипсоид со сооднос на долгата и кратката оска од барем 6 на 1, а можеби и 9 на 1.[4] Податоците изанализирани во јуни 2003 г. од петгодишното набњудување им овозможиле на астрономите да го споредат Месното Суперјато со другите суперјата. Месното Суперјато е типично сиромашно суперјато (т.е. нема големогустинско јадро) и прилично мали димензии. Има едно богато галактичко јато во средината, опркужено од нишки од галаксии и сиромашни групи.[1] Месната Група е сместена по крајот на Месното Суперјато во мала нишка која се протега од јатото Печка до јатото Девица.[5] Зафатнината на суперјатото Девица е приближно 7000 пати поголема од онаа на Месната Група или 100 милијарди пати од таа на Млечниот Пат.

Распределба на галаксиите

[уреди | уреди извор]

Бројната густина на галаксиите во Месното Суперјато опаѓа со квадратот на растојанието од неговото средиште близу јатото Девица, што покажува дека местоположбата на ова јато не е произволна. Општо земено, огромен дел од сјајните галаксии (помалку од апсолутна величина −13) се поврзани во мал број облаци (групи од галактички јата). Од нив, 98 % се сместени во следниве 11 облаци (наведени по надолен редослед по бројот на сјајни галаксии): Ловечки Кучиња, јатото Девица, Девица II (јужен продолжеток), Лав II, Девица III, Пехар (NGC 3672), Лав I, Мал Лав (NGC 2841), Змеј (NGC 5907), Пумпа (NGC 2997) и NGC 5643. Од сјајните галаксии сместени во дискот, една третина се во јатото Девица, а остатокот се во облаците Ловечки Кучиња и Девица II, како и во незначајната група NGC 5643.

Сјајните галаксии во ореаолот исто така се сосредоточени во мал број на облаци (94 % во 7 облаци). Распределбата покажува дека „највеќето од зафатнината на супергалактичката рамнина е една голема празнина“.[4] Оваа распределба е нешто налик на меури од сапуница. Зрамнети јата и суперјата се среќаваат во пресекот на меури, кои се големи и приближно топчести празнини (со големина од 20–60 Мпс во пречник).[6] Преовладуваат долги кончести структури. Пример за ова е суперјатото Водна Змија-Кентаур, најблиското до Месното Јато, кое почнува на растојание од 30 Мпс и се протега до 60 Мпс.[7]

Космологија

[уреди | уреди извор]

Големоразмерна динамика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1980-тите се покажало дека не само Месната Група, туку сета материја на далечина од барем 50 Мпс претрпува масовен тек од 600 км/с во правец на јатото Рамнило (Ејбел 3627).[8] Причината за ова е таканаречениот „Голем Привлекувач“. Тој денес се смета за тежиште на уште поголема структура од галактички јата наречена Ланијакеја, која го опфаќа суперјатото Девица, но и суперјатата Водна Змија-Кентаур, Паун-Индијанец и групата Печка.

Големиот Привлекувач, заедно со целото суперјато се движи кон Шеплиевото Суперјато чие средиште е Шеплиевиот Привлекувач.[9]

Темна материја

[уреди | уреди извор]

Месното Јато има вкупна маса M ≈ 1015 M и вкупна оптичка сјајност L ≈ 3×1012 L.[1] Ова дава сооднос маса-светлина околу 300 пати поголема од Сончевиот сооднос (M/L = 1), што одговара на резултатите добиени за други суперјата.[10][11] За споредба, соодносот маса-светлиан за Млечниот Пат изнесува 63,8 поретпоставувајќи сончева апсолутна величина од 4,83,[12] а апсолутна величина на Млечниот Пат од −20,9,[13] и маса на Млечнит Пат од 1,25×1012 M.[14] Овие соодноси се еден до главните аргументи во полза на присуството на големи количества темна материја во вселената; кога не би постоела темната материја, би се очекувале многу помали соодноси маса-светлина.

ДевицаКентаур A/M83M81МафејNGC 1023M101NGC 2997Ловечки Кучиња Iгрупа NGC 5033Голема МечкаЛав Iгрупа NGC 6744Златна РипкаДевица IIINGC 4697Лав IINGC 7582ПечкаЕриданМесна ГрупаВајар
Карта на околната вселена на 100 милиони светлосни години од Земјата, вклучувајќи дел од Јужното Суперјато долу-лево и суперјатото Девица десно во супергалактички координати (имињата се стисливи врски)
NGC 55Млечен ПатГолем Мегаланов ОблакNGC 3109Месје 31Месје 33NGC 247ШестарNGC 5128NGC 5253NGC 5102група NGC 5128IC 4662Месје 83ДевицаESO 274-01NGC 1313NGC 625NGC 7793NGC 4945NGC 45NGC 253ВајарМесна ГрупаNGC 1569NGC 300IC 342IC 342/МафејNGC 404NGC 784Мафеј IМафеј IIДвингело 1NGC 1560Месје 81IC 2574Месје 82NGC 3077NGC 2976NGC 4605NGC 6503NGC 5204NGC 3738NGC 4236NGC 2366NGC 2403NGC 4305NGC 5023Месје 94NGC 4244NGC 4214NGC 4449NGC 4395Кучиња IM81
Најблиските галактички групи претставени на супергалактичката рамнина (имињата се стисливи врски)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Einasto, M.; и др. (декември 2007). „The richest superclusters. I. Morphology“. Astronomy and Astrophysics. 476 (2): 697–711. arXiv:0706.1122. Bibcode:2007A&A...476..697E. doi:10.1051/0004-6361:20078037. S2CID 15004251.
  2. R. Brent Tully; Hélène Courtois; Yehuda Hoffman; Daniel Pomarède (2 септември 2014). „The Laniakea supercluster of galaxies“. Nature (објав. 4 септември 2014). 513 (7516): 71–73. arXiv:1409.0880. Bibcode:2014Natur.513...71T. doi:10.1038/nature13674. PMID 25186900. S2CID 205240232.
  3. Hu, F. X.; и др. (април 2006). „Orientation of Galaxies in the Local Supercluster: A Review“. Astrophysics and Space Science. 302 (1–4): 43–59. arXiv:astro-ph/0508669. Bibcode:2006Ap&SS.302...43H. doi:10.1007/s10509-005-9006-7. S2CID 18837475.
  4. 4,0 4,1 Tully, R. B. (15 јуни 1982). „The Local Supercluster“. Astrophysical Journal. 257 (1): 389–422. Bibcode:1982ApJ...257..389T. doi:10.1086/159999.
  5. Klypin, Anatoly; и др. (октомври 2003). „Constrained Simulations of the Real Universe: The Local Supercluster“. The Astrophysical Journal. 596 (1): 19–33. arXiv:astro-ph/0107104. Bibcode:2003ApJ...596...19K. doi:10.1086/377574. S2CID 1830859.
  6. Carroll, Bradley; Ostlie, Dale (1996). An Introduction to Modern Astrophysics. New York: Addison-Wesley. стр. 1136. ISBN 0-201-54730-9.
  7. Fairall, A. P.; Vettolani, G.; Chincarini, G. (мај 1989). „A wide angle redshift survey of the Hydra-Centaurus region“. Astronomy and Astrophysics Supplement Series. 78 (2): 270. Bibcode:1989A&AS...78..269F. ISSN 0365-0138.
  8. Plionis, Manolis; Valdarnini, Riccardo (март 1991). „Evidence for large-scale structure on scales about 300/h MPC“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 249: 46–61. Bibcode:1991MNRAS.249...46P. doi:10.1093/mnras/249.1.46.
  9. „What is the Great Attractor?“. 14 јули 2014.
  10. Small, Todd A.; и др. (јануари 1998). „The Norris Survey of the Corona Borealis Supercluster. III. Structure and Mass of the Supercluster“. Astrophysical Journal. 492 (1): 45–56. arXiv:astro-ph/9708153. Bibcode:1998ApJ...492...45S. doi:10.1086/305037. S2CID 119451873.
  11. Heymans, Catherine; и др. (април 2008). „The dark matter environment of the A901 abell A901/902 supercluster: a weak lensing analysis of the HST STAGES survey“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 385 (3): 1431–1442. arXiv:0801.1156. Bibcode:2008MNRAS.385.1431H. doi:10.1111/j.1365-2966.2008.12919.x. S2CID 59057342.
  12. Williams, D. R. (2004). „Sun Fact Sheet“. NASA. Посетено на 17 март 2012.
  13. Jerry Coffey. „Absolute Magnitude“. Посетено на 9 април 2010.
  14. McMillan, Paul J. (јули 2011), „Mass models of the Milky Way“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 414 (3): 2446–2457, arXiv:1102.4340, Bibcode:2011MNRAS.414.2446M, doi:10.1111/j.1365-2966.2011.18564.x, S2CID 119100616

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]