Дафт Панк
На оваа страница е потребен превод на македонски. Оваа страница (или пасус) не е напишана на јазик којшто е македонски. Ако е наменета за читателите од тој јазик, треба да биде преместена на јазичното издание на Википедија на тој јазик. Видете го целосниот список на јазични изданија. Ако страницата (или пасусот) не е преведена на македонски во рок од една седмица, содржината која е на друг јазик ќе биде избришана. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Дафт Панк | |
---|---|
Дафт Панк на премиерата на филмот Престол: Наследство во 2010 г. Од лево Томас Бангалтер, Ги-Мануел де Омем-Кристо | |
Животописни податоци | |
Потекло | Париз, Франција |
Жанрови | Француски хаус[1] |
Период на активност | 1993 – 2021[2] |
Издавачи | Soma, Virgin, Columbia |
Соработници | Darlin', Stardust, Together, Le Knight Club, Crydajam |
Мреж. место | daftpunk.com |
Членови | |
Тома Бангалтер Ги-Мануел де Омем-Кристо |
Дафт Панк (англиски: Daft Punk) — е француска музичка група која изведува електронска музика, формирана во Париз.[3] Активни од 1993 година, Тома Бангалтер и Ги-Мануел де Омем-Кристо, двајцата членови на групата, ги поврзале нивните електро, хаус и техно звуци со рок, фанк и диско призвуци. Тие се можеби едни од најпознатите француски уметници во светот. Една од оригиналностите на Дафт Панк e нивниот специфичен стил (носење кациги во нивните јавни настапи и музички видеа).
Во 2015 година, списанието Ролинг Стоун ја ставило групата на 12-то место на списокот од „Најдобри музички дуети на сите времиња“, а албумите Discovery и Random Access Memories ги ставило на списокот од „500 најдобри албуми на сите времиња“. Во 2021 година, Daft Punk објавиле дека се разделуваат.
Историја
[уреди | уреди извор]Почетоци (1987-1993)
[уреди | уреди извор]Toма Бангалтер и Ги-Mануел де Омем-Кристо се сретнале во 1987 година во Париз[4]. Во 1991 година, заедно со Лоран Бранковиц (идниот член на групата Phoenix), основаат рок-група под име Дарлин (Darlin') и го снимаат првиот сингл, Darlin' за независната издавачка куќа од Англија Duophonic Records. Без значаен успех, синглот се продал во околу 1.500 примероци и групата нема речиси никакво влијание на француската музичка сцена. Во мај 1993, критичар од британскиот магазин Meлоди Мејкер музиката на групата ја нарекува daft punk[5] (што може да се преведе како бесчувствителен, глупав панк). Во 1993 година, Tома и Ги-Мануел, во Париз ја основаат Дафт Панк[6].
Истата година, во тек на една rave забава во паркот Дизниленд Париз, Дафт Панк се среќаваат со претставници на шкотската издавачка куќа Soma. Во меѓувреме, Toмa и Ги-Mануeл почнуваат да работат на електронски материјал. Една година подоцна, дуото, под името Дафт Панк, издава макси сингл со 3 композиции, насловен како The New Wave. Со огромниот успех, „француското адолесцентно техно“ на Дафт Панк го привлекува вниманието на неколку англиски новинари и критичари. Годината 1995 e значајна поради нивниот прв успех, издавањето на електро-рок макси синглот Da Funk / Rollin' & Scratchin'. Тој има успех и полека се шири низ клубовите во Европа[7]. Истата година, Toма основа своја издавачка куќа, Roulé, и го издава синглот Trax On Da Rocks. Во Франција групата е под етикетата на издавачката куќа Вирџин (Virgin).
Homework (1993–1999)
[уреди | уреди извор]По излегувањето на синглот Da Funk, Дафт Панк го издаваат својот прв албум Homework, кој се одликува со хаус и техно ритмите, инспирирани од електронската сцена во Чикаго. Албумот доживува огромен светски успех: 2 милиони примероци се продадени во 35 различни земји во период од само 2 месеци[8]. И општиот и специјализираниот печат го воспева албумот, кој ја освојува младата публика ширум светот. Композицијата Around the World се искачува на американските и европските музички топ листи. Музичкото видео, во кое што се гледаат повеќе лица како танцуваат на ритамот на различни инструменти, e потпишано од режисерот Мишел Гондри, а кореографијата е на Бланка Ли[9].
Оттогаш групата се здобива со меѓународна слава и ја почнува првата светска турнеја со четириесет датуми. Понекогаш концертите траеле дури и пет часа. Успехот на овој албум бил отскочна штица за други групи од француската и светската електронска сцена. 1997 била годината во која Ги-Мануел де Омем Кристо лансирал сопствена музичка етикета Crydamoure[10].
Discovery (1999-2004)
[уреди | уреди извор]Во 2001, четири години по Homework, издаден е вториот албум насловен Discovery. И фален и критикуван, на почетокот, повлекува контроверзии и кај обожавателите и кај новинарите. Оринетиран повеќе кон поп, дури и диско, албумот содржи бројни семплови[11] и се инспирира од некои културни наводи од 1980-те години. Tома и Ги-Mануел пробале и пеење во повеќе наслови како Digital Love и Harder, Better, Faster, Stronger. Комерцијалниот успех бил забележителен. Групата добива две номинации на Греми наградите во 2001. Малку подоцна, критиките се смируваат и албумот е прифатен речиси едногласно.
Во 2003 излегува Daft Club, албум со ремикси од албумите Homework и Discovery, реализирани од различни уметници како Basement Jaxx и Slum Village, или пак од самите Дафт Панк. На почетокот, идејата за Daft Club дошла по излегувањето на Discovery, на обожавателите им се делеа картички за членство во Дафт Клубот кој содржи личен код со кој се повлекувале различни предмети од старото мрежно место на Дафт Панк.
Human After All (2004-2008)
[уреди | уреди извор]Во март 2005 година во продажба излегол третиот албум на Дафт Панк, Human After All. Додека дуото преку насловот на албумот си ја бара „човечноста“, самиот албум потсетува на итањето на нашето општество кон целосна дехуманизација. Некои наслови, како The Prime Time of Your Life, Television Rules the Nation или пак Technologic, откриваат клучни елементи од концептот на Human After All, кои пак двајцата музичари одбиваат да ги коментираат: „Нашиот албум самиот зборува“ e единствената кратка изјава[12]. Ceпак, албумот добива различен прием и одново предизвикува критики на дел од обожавателите кои жалат по Homework. Некои мислат дека премногу се повторуваат, дека албумот нема свежина, додека пак други го гледаат како иноваторски и волшебен концепциски албум.
Во 2006, групата ја издава својатa првa компилација хитови од трите претходни студиски албуми, во две верзии: Стандард и Делукс. Дискот cодржи единаесет композиции од трите студиски албуми, три ремикси на Дафт Панк од времето на Homework, како и парче од почетоците кое претходно не било објавено на албум. Во Делукс изданието има CD и DVD со дванаесет видеа.
Паралелно, почнува и светска турнеја. Предвидени се само девет датуми за оваа турнеја. Групата се појавува скриена во пирамида среде сцената, облечена во роботски костими, опкружена со светлосни, дантеовски ефекти.
На Канскиот фестивал во 2006 година, Tома Бангалтер и Ги-Мануел де Омем-Кристо на публиката ѝ го претставиле своето режисерско деби, долгометражниот филм Daft Punk's Electroma, кој не содржел нивна авторска музика. Комерцијалната особеност на овој филм била да се прикажува во само едно кино во Париз, во недела на полноќ, во текот на една година. Возилото искористено за овој филм било ставено за продажба на eBay во 2011 за да им се помогне на настраданите во Јапонија[13][14]
Random Access Memories (2013)
[уреди | уреди извор]После одредени гласини кои се појавиле во 2012 година[15], групата го променила издавачот, потпишувајќи договор со дискографската куќа Columbia Records, веќе следната година[16]. На 23 март 2013, најавен е новиот албум, кој се нашол во претпродажба на iTunes. Истиот ден, на официјалното мрежно место на групата се појавила кратка видео најава, која индицирала промоција на новиот албум на 21 мај истата година. Насловот на новиот албум бил Random Access Memories и содржел музика во траење од 74 минути[17]. Веќе на 19 април 2013, претставен е синглот Get Lucky[18]. Оваа композиција е создадена во соработка со Фарел Вилијамс и Најл Роџерс. За помалку од еден ден, синглот е рангиран како најпродаван на iTunes, на светско ниво. Со овој албум, на годишните Греми награди, во 2014 година, групата освојува пет награди : Албум на годината, Композиција на годината, Најдобра изведба на поп дуо / група (со Фарел Вилијамс), Најдобар денс / електронски албум и Награда за најдобро снимен албум[19].
Последни проекти
[уреди | уреди извор]Дафт Панк биле продуценти на четири композиции од албумот Yeezus на американскиот музичар Кање Вест од 2013 година. На 22 септември 2016 година, канадскиот музичар The Weeknd објавил композиција под наслов "Starboy" каде учествувале и Дафт Панк, која подоцна доаѓа и до првата позиција на Billboard Hot 100 музичката топ листа, станувајќи така првиот број еден сингл на оваа група во САД. На 17 ноември 2016 година, The Weeknd го објавил и следниот сингл "I Feel It Coming" каде исто така биле вклучени Дафт Панк. Двете композиции се појавиле на неговиот албум насловен Starboy. Во јуни 2017 година, австралиската група Parcels ја објавила песната "Overnight", каде како копродуценти и соавтори се јавуваат Дафт Панк.[20]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- 1997 : Homework
- 2001 : Discovery
- 2005 : Human After All
- 2013 : Random Access Memories
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Electro Music Ambassador's French Touch“. New York Times.
- ↑ „iTunes – Music – Daft Punk“. Itunes.apple.com. Посетено на 13 мај 2013.
- ↑ « Et puisqu'on parle de Wikipédia, si vous pouviez préciser que nous ne sommes absolument pas de Versailles… », Toмa Бангалтер во Телерама (Télérama).
- ↑ Rencontre de Daft Punk
- ↑ Scan de l'article du Melody Maker
- ↑ (англиски) Sean Cooper. „Daft Punk - biography“. Allmusic.
- ↑ Gaenic 2002, стр. 11
- ↑ rfimusique.com - Biographie - Daft Punk Архивирано на 1 февруари 2009 г., consulté en јули 2007.
- ↑ Gaenic 2002, стр. 13
- ↑ Gaenic 2002, стр. 35-36
- ↑ Samples| Samples
- ↑ Les Inrockuptibles, 5 декември
- ↑ eBay - EMI Music Daft Punk 1987 Ferrari 412 from Electroma
- ↑ „Directors' Fortnight | Daft Punk's Electroma“. Архивирано од изворникот на 2006-11-16. Посетено на 2014-02-14.
- ↑ (англиски)„No End To The Hype: Daft Punk's 4th LP“. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 2014-02-14.
- ↑ Daft Punk signe chez Columbia pour un nouvel album Архивирано на 2 април 2013 г., Le Nouvel Observateur, 28 јануари 2013.
- ↑ (англиски)Daft Punk's New Album is Called Random Access Memories, Out May 21, Listed on iTunes, Amy Phillips and Evan Minsker, Pitchfork Media, 23 март 2013.
- ↑ Daft Punk : le single "Get lucky" enfin envoyé aux radios Архивирано на 20 април 2013 г., Boris Tampigny, Metro, 19 април 2013.
- ↑ Emmanuelle Jardonnet (27 јануари 2014). „Grammy Awards : le sacre de Daft Punk“. lemonde.fr. Посетено на 27 јануари 2014.
- ↑ „Parcels Team With Daft Punk on New Song "Overnight": Listen | Pitchfork“. pitchfork.com (англиски). Посетено на 2017-10-23.
|