Прејди на содржината

Граматика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Граматика — јазичен поим со кој се опфаќаат структурните правила со кои се добиваат дел-реченици, реченици, фрази или зборови кај било кој даден јазик. Овој поим се однесува и за науката која ги проучува таквите правила и таа ги опфаќа морфологијата, синтаксата и фонологијата, често проследени со фонетиката, семантиката и прагматиката. Често како дел од граматиката се сметаат и правописот и правоговорот.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Зборот „граматика“ потекнува од старогрчката фраза „γραμματικὴ τέχνη“ (grammatikē technē), што во превод значи „уметност на буквите“. Старогрчката фраза е составена од зборот „γράμμα“ (gramma, „буква“),кој пак потекнува од зборот „γράφειν“ (graphein, „црта“, „пишува“).[1]

Употреба на поимот

[уреди | уреди извор]

Поимот „граматика“, од страна на луѓето кои не се јазичари, често се користи за да се означат поголем број различни значења. За разлика од нив, јазичарите го користат поимот за поспецифични работи. Говорниците на еден јазик во своите глави имаат сет правила за користење на јазикот. Ова е граматиката, и барем кај мајчините јазици, поголемиот дел од информациите се присвоени од мали години, а не преку пат на учење. Учењето други јазици побарува свесно учење на граматичките правила во подоцнежните периоди на животот.[2]

Поимот „граматика“ исто така може да се користи да се означат правилата кои го управуваат јазичното однесување на говорниците. Така на пример, поимот „англиска граматика“ може да има неколку значења. Тој може да ја означи целосната граматика на јазикот, односно, граматиките на говорниците на јазикот, каде поимот опфаќа поголем број варијации.[3] Исто така, поимот може да се однесува на тие граматички правила кои се заеднички за сиоте говорници или пак граматичките правила на поедини јазични регистри. Истото важи и за македонскиот јазик.

Видови граматики

[уреди | уреди извор]

Низ историјата, особено за време на 20 век, се појавиле различни видови граматики, познати и како „граматички рамки“.Често видовите биле под силно влијание на идеите на „универзалната граматика“, која како концепт се појавила во САД. Главните видови граматики се:

Граматички дисциплини

[уреди | уреди извор]

Морфологија

[уреди | уреди извор]

Морфологијата е јазична дисциплина која се занимава со идентификација, анализа и опис на структурата на морфемите на еден јазик. Покрај морфемите, морфологијата може да изучува и останати елементи како што се зборови, афикси, зборовни групи, интонација или акцент.

Морфолошката типологија е метод за класификација на јазиците според тоа како морфемите се употребуваат во јазиците. Така, класификацијата на јазиците според упoтребата на морфемите може да се движи од аналитички јазици, кои користат одреден број морфеми, преку аглутинативните и фузионалните јазици кои користат сврзани морфеми, па сè до полисинтетички јазици кои вклучуваат голем број морфеми во еден збор. Науката која се занимава со проучување на промените на гласовите во рамките на морфемите се нарекува морфофонологија.

Синтакса

[уреди | уреди извор]

Синтаксата е јазична дисциплина која се занимава со проучување на правилата и процесите според кои речениците во еден јазик се создаваат.[4]

За синтаксата постојат одреден број теоретски пристапи. Една школа или теорија е основана во делата на Дерек Бикерток,[5] ја гледа синтаксата како дел од биологијата, бидејќи ја подразбира синтаксата како проучување на јазичното знаење како што е отелотворено во човековиот ум. Други јазичари имаат платонски погледи, бидејќи тие ја сметаат синтаксата како проучување на апстрактен формален систем.[6] Други пак, како што е Џозеф Гринберг, ја сметаат граматиката како таксономски уред за да се достигне поширока генерализација низ јазиците. Тезите на Андреј Корсаков го објаснуваат филозофското сфаќање на морфологијата и синтаксата.[7]

Фонологија

[уреди | уреди извор]

Фонологија (од старигрчките „φωνή“, фоно, „глас“, „звук“ и „λόγος“, логос, „збор“, „говор“, „предмет на разговор“) — дел од науката за јазикот која ги проучува звучните облици во јазикот. Таа го проучува јазикот како елемент кој има функција во јазикот да прави разлика меѓу две јазични единици. Таа се дели на историска и описна.

Фонетика

[уреди | уреди извор]

Фонетика (од старогрчките φωνή [фоне́] - „звук“, „глас“) — науката која ги изучува физичките гласови (звуци) на човечкиот говор. Таа се занимава со физичките својства на говорните (гласови) и сето она што физиолошки се одвива при нивната изведба, слушниот прием на гласовите, како и нивното неврофизиолошко восприемање (перцепција).

Фонетиката се изучувала уште пред 2,500 години во древна Индија. Напредокот во фонетиката ззапочнал со делото на индискиот јазичар Панини (V век п.н.е.) во кое тој расправа за местото и начинот на артикулација на согласките. Најзначајните индиски азбуки денес го следат редоследот воспоставен со класификацијата на Панини.

Семантика

[уреди | уреди извор]

Семантиката е дел од лингвистиката што се занимава со значењето на зборовите и нивната функција во реченицата. Генерално гледано, семантиката — гранка на лингвистиката која го проучува означеното. Зборот семантика бил измислен кон крајот на XX век од страна на францускиот јазичар Мишел Бреал, авторот на првиот семантички трактат.

  1. Harper, Douglas, „Grammar“, Online Etymological Dictionary, Посетено на 8 April 2010
  2. O'Grady, William; Dobrovolsky, Michael; Katamba, Francis (1996). Contemporary Linguistics: An Introduction. Harlow, Essex: Longman. стр. 4–7, 464–539.
  3. Holmes, Janet (2001). An Introduction to Sociolinguistics (second. изд.). Harlow, Essex: Longman. стр. 73–94.; for more discussion of sets of grammars as populations, see: Croft, William (2000). Explaining Language Change: An Evolutionary Approach. Harlow, Essex: Longman. стр. 13–20.
  4. Chomsky, Noam (2002) [1957]. Syntactic Structures. стр. 11.
  5. See Bickerton, Derek (1990). Language and Species. University of Chicago Press. ISBN 0-226-04610-9. and, for more recent advances, Derek Bickerton; Eörs Szathmáry, уред. (2009). Biological foundations and origin of syntax. MIT Press. ISBN 978-0-262-01356-7.
  6. Ted Briscoe, 2 May 2001, Interview with Gerald Gazdar Архивирано на 22 ноември 2005 г.. Retrieved 2008-06-04.
  7. The use of tenses in English. Korsakov, A. K. (Andreĭ Konstantinovich). 1969. Korsakov, A. K. Structure of Modern English pt. 1. oai:gial.edu:26766 at http://www.language-archives.org/item/oai:gial.edu:26766 Архивирано на 13 април 2021 г.

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • American Academic Press, The (ed.). William Strunk, Jr., et al. The Classics of Style: The Fundamentals of Language Style From Our American Craftsmen. Cleveland: The American Academic Press, 2006. ISBN 0-9787282-0-3.
  • Rundle, Bede. Grammar in Philosophy. Oxford: Clarendon Press; New York: Oxford University Press, 1979. ISBN 0-19-824612-9.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]