Прејди на содржината

Горан Попов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горан Попов
Попов во македонскиот дрес во 2007 година
Лични податоци
Роден на 2 октомври 1984(1984-10-02)(40 г.)
Роден во Струмица, СР Македонија, СФРЈ
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Вардар Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2003 Беласица Беласица 6 (0)
2003 Продефтики 0 (0)
2004 АЕК АЕК Атина 8 (0)
2004 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 0 (0)
2004–2005 Одра 11 (0)
2005–2007 Егалео 44 (1)
2007–2008 Левадијакос 20 (0)
2008–2010 Херенфен Херенфен 51 (2)
2010–2014 Динамо Киев Динамо Киев 48 (2)
2012–2014Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 18 (0)
2014- Вардар Вардар 59 (6)
Репрезентација
2004–2014 Македонија Македонија 46 (2)
* Ажурирано на: 17 јули 2012
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Горан Попов (Струмица, 2 октомври 1984) — пензиониран македонски фудбалер, кој настапувал како играч од одбраната.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Горан Попов е помлад брат на Роберт Попов кој, исто така, е професионален фудбалер.

Попов со Динамо Киев во 2011 година.

Попов ја започнал својата кариера во Беласица, а оттаму преминал во грчкиот клуб Продефтики, каде играл една сезона како позајмен играч, а потоа потпишал за АЕК Атина. Истата 2004 година, Попов се преселил во редовите на Црвена Ѕвезда, но поради серијата на повреди, тој не одиграл ниту еден натпревар. Поради тоа, Попов се вратил во грчкиот фудбал, овојпат во редовите на Егалео, откако поминал сезона во Полска, играјќи како позајмен играч во Одра Водзислав. Кога Егалео испаднал од лигата во 2007 година, Попов му се приклучил на Левадијакос, пред да потпише со холандскиот прволигаш Херенфен во 2008 година. Во неговата прва сезона во клубот, тој го освоил КНВБ купот, постигнувајќи и еден погодок во финалето против Твенте. По две добри сезони во Херенфен, во 2010 година, Попов потпишал за Динамо Киев, со кого освоил уште еден трофеј, украинскиот Супер куп. Во Киев, Попов останал до 2012 година.[1]

Вест Бромвич Албион

[уреди | уреди извор]

На 10 август 2012 година, Попов потпишал најпрво за Стоук Сити, но трансферот пропаднал откако не му била издадена работна дозвола за играње во Англија. Сепак, во последниот ден од трансферниот прозорец, тој се преселил во Премиер лигата, потпишувајќи за Вест Бромвич Албион каде играл како позајмен играч. Своето деби во Премиер лигата, Попов го направил на 30 септември 2012 година, во шестото коло од сезоната, започнувајќи како стартер против Астон Вила во дербито на Бирмингем. Во следните два месеци од сезоната, Попов бил главно на клупата за резерви, бидејќи менаџерот на тимот Стив Кларк повеќе верувал во Лајам Риџвел кој играл на позицијата лев бек. Во текот на декември 2012 година, Попов бил во првиот тим во 4 од 6 натпревари, колку што одиграл неговиот клуб во тој месец. На 3 февруари 2013 година, Попов бил исклучен од страна на судијата Марк Клатенбург за плукање кон десниот бек на Тотенхем Кајл Вокер, во натпреварот кој завршил 1-0 за петлите.

На 18 септември 2014 година, Попов потпишал тригодишен договор со Вардар, со право да настапува од 1 јануари 2015 година. Претходно, Попов предвремено го раскинал договорот со Динамо Киев, кој имал важност до 2016 година.[1]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Попов бил член на македонската фудбалска репрезентација за која одиграл 46 натпревари и постигнал два гола. Својот прв погодок за Македонија, Попов го постигнал на 30 мај 2004 година, во победата над Естонија со 4-2.

# Датум Место на одржување Противник Резултат по голот Краен резултат Натпреварување
1. 30 мај 2004 Арена А. Ле Кок, Талин, Естонија  Естонија 0–2 2–4 Пријателски натпревар
2. 19 ноември 2008 Стадион под Горица, Подгорица, Црна Гора  Црна Гора 2–1 2–1 Пријателски натпревар[2]
Извор:[3]

Статистика

[уреди | уреди извор]

Согласно мај 2014 година[4]

Македонија
Година Наст. Гол.
2004 2 1
2005 6 0
2006 1 0
2007 5 0
2008 5 1
2009 10 0
2010 6 0
2011 6 0
2012 3 0
2014 2 0
Вкупно 46 2
  1. 1,0 1,1 „Горан Попов потпиша за Вардар“, Дневник, година XVIII, број 5570, петок, 19 септември 2014, стр. 27.
  2. „Montenegro 2-1 Macedonia“ (англиски). eu-football.info. Архивирано од изворникот 2015-01-04. Посетено на 12 мај 2023.
  3. Football PLAYER: Goran Popov
  4. „Popov, Goran“. National Football Teams. Посетено на 12 мај 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]