Прејди на содржината

Герасим Огнанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Герасим Огнанов
Роден 1885 година
Банско, Пиринска Македонија, Отоманска Империја
Починал октомври, 1912 година
Убиен од страна на Тодор Александров

Герасим Огнанов-Петканчин (Банско, Пиринска Македонија, Отоманска империја, 1885Арџан, Кукуш, 1912) — македонски револуционер, учител, најпрво врховистички четник, а потоа се префрлил во МРО.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Четата на Петар Самарџиев, во која се наоѓал и Герасим Огнанов (втор ред, прв од лева страна).

Се школувал во Военото училиште во Софија, кое го напуштил и го завршил Американското училиште во Самоков. За време на Илинденското востание учествувал во четата на врховистичкиот војвода Јурдан Стојанов. Преминал во ТМОРО во четата на Пешо Самарџиев во Тиквешко. Станал малешевски околиски војвода во 1907 година. Во времето по Младотурската револуција се занимавал со трговија во Солун.[1]

Меѓу тогаш позабележителните жртви на веќе започнатите меѓусебни истребувања на кадрите во ВМРО, кои нешто подоцна ќе добијат грозоморни размери, бил и Герасим Огненов. Тој бил убиен во 1912 година во Аржинското блато, по наредба на Тодор Александров.[2]

  1. 1,0 1,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 1069. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
  2. Ачкоска, Виолета; Жежов, Никола (2004). Предавствата и атентатите во македонската историја. Скопје: Макавеј. стр. 146. ISBN 978-9989-922-53-4.CS1-одржување: датум и година (link)