Википедија:Категоризација
Изглед
Оваа страница за ја обработува темата Напатствија за уредување на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредниците да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрава логика и да се прават повремени исклучоци. Содржајните промени на оваа страница мора да бидат поткрепени со консензус. Кога не сте сигурни, најпрвин продискутирајте ја проблематиката на разговорната страница. |
Упатство за правење категории
[уреди извор]Главни начела
[уреди извор]- Ако на Википедија постојат десет или повеќе статии од некоја област кои не припаѓаат на ниедна категорија, тоа е доволна причина за правење на нова категорија. Така на пример, има 12 хороскопските знаци и сосема исправно е да се создаде посебна категорија за нив.
- Ако некоја постоечка категорија надмине 50, 100 или 200 статии, време е да се размисли за нејзино делење/создавање нови категории. Некои категории лесно може да се поделат, некои не. Пример, ако пишувате статија за фудбалер од некоја земја, ставете го во општа категорија Категорија:Фудбалери, но ако пишувате за некоја репрезентација или клуб и сакате да опишете повеќе играчи во посебни статии, сосема е оправдано да направите категорија како Категорија:Фудбалери (Англија), а неа (категориајта) ја ставите во категорија Фудбалери. Со тоа, категоријата Фудбалери (Англија) ќе стане поткатегорија на категоријата Фудбалери, која би ги обединила сите фудбалери по земји.
- НЕ создавајте категорија ако во неа треба да има помалку од пет статии.
- НЕ создавајте бесмислени категории.
Подредување во самите категории
[уреди извор]Доколку сакате статиите да се подредат само по името нема да имате проблем ако ја додадете на следниот начин [[Категорија:Име_на_категорија]]. Сепак, ако сакате некои текстови да бидат полесно достапни, тогаш применете го следниот трик: [[Категорија:Име_на_категорија|!]]. Обрнете внимание на значок извичник: по името на категоријата оди вертикална црта па знакот извичник. Тоа автоматски ја издвојува статијата на почетокот на страницата. Наместо извичник може да стои и друг знак. Тие се подредуваат по следниот редослед:
- !"#$%&'()*+,-./0123456789:;<=>?@ABCDEFGHIJKLMNOPQRSTUVWXYZ[\]^_'abcdefghijklmnopqrstuvwxyz{|}~
- Како што можевте да приметите, прво доаѓа знакот извичник. Сепак, мора да се напомене дека пред него во подредувањето оди празно место, значи ако по вертикалната црта ставите празно место, па ја затворит загрдата, статијата ќе биде на прво место пред сите останати.
- Постојат разни комбинации за подредување, но препорачуваме да користите само * (ѕвезда) и ! (извичник) како основни знаци за подредување.
Најчести грешки во користењето на категории
[уреди извор]- Најновиот википрограм не дозволува некоја категорија да припаѓа на самата себе.
Поврзано
[уреди извор]- Помош со категории — опширно на викито на МедијаВики (македонски)
- meta:Help:Category — страница на Мета за категории (англиски)
Каде да прашате
[уреди извор]- Википедија:Портал/Помош е вистинско место за поставување прашања за категории.
|