Прејди на содржината

Весекс

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кралството Весекс (староанглиски: Westseaxna rīċe; „Кралството на Западните Саксонци“) било англосаксонско кралство на југот од Велика Британија. Постоело од 519 година до обединувањето на Англија во 927 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според англосаксонската хроника, Весекс бил основан од Чердич и Кинрич, но можеби се работи за легенда затоа што главните извори за историјата на Весекс понекогаш се противречни. Весекс станало христијанско кралство откако Кенвал бил крстен, а за време на неговото владеење го проширил кралството. Подоцна Кедвала ги освоил Сасекс, Кент и Островот Вајт. Неговиот наследник, Ине, издал еден од најстарите сочувани англиски законски кодекси и основал втора западносаксонска епископија. По него со Весекс владееле низа кралеви со непозната генеологија.

Во 8 век, и покрај огромната моќ на Мерсија, Весекс во голема мера останал независно кралство. Во овој период бил воспоставен системот на шир. За време на владеењето на Егберт, биле освоени Сари, Сасекс, Кент, Есекс и Мерсија, и делови од Думнонија. Тој, исто така, станал наткрал на нортамбрискиот крал. Сепак, Мерсија во 830 година повторно станала независна. За време на владеењето на неговиот наследник, Етелвулф, на устието на Темза пристигнала данска војска но била поразена. Синот на Етелвулф, Етелбалд насилно го презел престолот, па за да се избегне војна кралството било поделено. Етелвулф го наследиле неговите четири сина, од кои најмладиот бил Алфред Велики.

Во 871 година Данците го нападнале Весекс, а Алфред бил принуден да ��м плати за да заминат. Тие се вратиле во 876 година, но биле принудени да се повлечат. Во 878 година го принудиле Алфред да побегне во рамнините во Сомерсет, но подоцна биле поразени во битката кај Едингтон. За време на своето владеење Алфред издал нов законски кодекс, собрал научници во својот двор и издвоил средства за изградба на бродови, организирање војска и воспоставување систем на бурхови (тврдини). Синот на Алфред, Едвард, за сметка на Данците ги освоил источен Мидлендс и Источна Англија, а во 918 година, по смртта на неговата сестра Етелфлед, станал владетел на Мерсија. Синот на Едвард, Етелстан, во 927 година ја освоил Нортамбрија и за прв пат Англија станала обединето кралство. Кнут Велики, кој ја освоил Англија во 1016 година, ја создал богатата и моќна грофовија Весекс, но во 1066 година Харолд Годвинсон повторно ја обединил грофовијата со круната и Весекс престанал да постои.

Весекс и областите под негова контрола во 871 г.
Весекс и областите под негова контрола во 886 г.
Весекс и областите под негова контрола во 897 г.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Библиографија

[уреди | уреди извор]