Василие Трбиќ
Василие Трбиќ | ||
Роден | 1881 Биело Брдо, Хрватска | |
---|---|---|
Починал | 1962 ? |
Василие Трбиќ (српски: Василије Трбић) бил војвода на Српскиот комитет на четничката акција
Животопис
[уреди | уреди извор]Василие Трбиќ бил српски четник со потекло од Славонија, роден во Биело Брдо кон крајот на 19 век.
Учел во родното место, а потоа продолжил во Србија. Сакал да се замонаши во манастирот Хилендар, но по убиството на неколку грчки монаси, во 1902 година, избегал од Света Гора и се вклучил во четништвото.
Бил строг и суров човек и учествувал во сите поголеми четнички битки. Во 1906 година пукал во еден свој сочетник и тешко го ранил, но сепак останале пријатели.
За време на Првата светска војна се занимавал со шпионажа на австриските, германските и бугарските војски [1][2], за што бил одликуван со орден од страна на српскиот регент Александар Караѓорѓевиќ. После Балканските војни се населил во Велес.
Василие Трбиќ е познат во македонската историја како предводник на српската војска при задушувањето на Тиквешкото востание во 1913 година, заедно со Јован Бабунски и Јован Долгачот и башибозукот на Јаја-ага.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Владимир Стојанчевић, „Трбићеви мемоари као историјски извор о српској народности у Маћедонији“[мртва врска]
- ↑ „Биография на Василие Търбич“. Архивирано од изворникот на 2015-11-06. Посетено на 2010-12-20.