Бриџит Фонда
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Резиме
[уреди | уреди извор]Бриџит Фонда (27 јануари 1964), е една од најактуелните филмски глумци и една од повлијателните глумци кои се наоѓаат на просторите на САД. Таа има играно многу битни улоги во привлечни филмови и серии... Живее нормално во кругот на своето семејство - глумци. И покрај тоа што потекнува од семесјтво глумци, глумечки вештини ги стекнала на студиите во New York . Славатa и популарноста не ги смеета за битни компоненти во нејзиниот живот, поучена од примерот на нејзините родители (кои се развеле кога таа била мала) сака да живее нормален живот во мир и хармонија. Во неколку збора, навидум прилагодлива личност за секој карактер, кој на платното многу лесно се претвора во личносткоја ја решава работата, во чии раце глумата тлее или едноставно публиката се восхитува со нејзините творештва.
1. Основни биографски податоци
[уреди | уреди извор]Фонда е родена во Лос Анџелес - Калифорнија, во семејство на глумци, вклучувајќи го нејзиниот дедо Хенри Фонда, нејзиниот татко Питер Фонда и нејизната тетка Џејн Фонда. Нејзината мајка Сузан Џејн Бревер е артистка. Таа го добила името по Бриџит Хауард, ќерката на Маргарет Силиван со која нејзиниот татко бил вљубен во минатото. Питер и Сузан Бревер се разведоа и тој се ожени со Портиа Ребека Крокет (ака Беки МекГуан), која ги донесе Бриџит и нејзинот брат Џастин во населбата Coldwater Canyon во Лос Анџелес. Фонда учеше во Вестлејк училиштето за девојки во Лос Анџелес. За време на тој период Бриџит и Џастин имале мал контакт со нивниот татко и со сите останати од фамилијата, откривајќи во едно интервју: “Кога бев дете, најважното нешто за мене беше мојот дом...Луѓето доаѓаат и си одат, и работите се менуваат, но тоа место нема да се промени. Го обожував. Сакам да го имам тоа до остатокот на мојот живот.Сакам да имам дом.”
2. Творештво
[уреди | уреди извор]Во 1972 година Питер и Сузан се разведоа и нивната мајка ги згрижила Бриџит и нејзиниот брат Џастин во населбата Coldwater Canyon во Лос Анџелес. За време на овој период децата имале мал контакт со нивниот татко и со било кој член од фамилијата. Бриџит открива во едно интервју: “Кога бев дете, најважното нешто за мене беше мојот дом...Луѓето доаѓаат и си одат, и работите се менуваат, но тоа место нема да се промени.Го обожував.Сакам да го имам тоа до остатокот на мојот живот.Сакам да имам дом.” Иако доаѓа од фамилија во која има многу глумци, Бриџит го одбива мислењето дека глумата и е во крвта. Таа не само што одби какви било совети во врска со глумата од нејзините роднини, туку таа и работеше многу за да ја “научи” професијата.Таа студираше на глумечки методи на Њујоршкиот универзитет, татарски институт кој го слави Ли Стразберг, четири години.За време на првите две години во театарот, таа страдаше од сериозен проблем,плашејќи се од сцената, а за да биде ситуацијата полоша таа беше свесна за дополнителното внимание што го добиваше поради нејзиното презиме.”Кога сите очи се вперени во тебе, луѓето велат ’Па таа и не е толку добра’, почнуваш да мислиш дека си никој”, изјавила Фонда за People во 1990 година.Како и да е во третата година од студиите, таа научи да ја занемарува нејзината грижа за тоа што велат другите, и да ја следи нејзината желба да прави што таа смета дека е најдобро.Таа вели “Еднаш кога научив како да изигрувам будала пред другите, не бев повеќе исплашена”.”Откако се здобива со искуство во неколку театарски продукции и во една мала антологиска опера “Aria”(1987), таа е почестена со улогата во “Scandle” во 1989. Во преглед во New Yorker објавено е дека таа била”...провокативна, подбивачка, забележителна…”, додека Rolling Stone напишаа дека Фонда е “комично восхитување”.Фонда брзо најде работа истата година и се појави во уште два други филмови, “Shag” и “Strapless”. Таа исто така се појави и во три телевизиски проекти: Fox’s 21 Jump Street, HBO’s The Edge, и PBS’s Wonder Works tale “Jacob Have I Loved”. Во наредните неколку години Бриџит прави повеќе филмови кои немаат некое големо значење. Во 1992 година таа учествува со една од главните улоги во шоуто на Барбет Скродер “Single White Female”.Критиките ја оценија нејзината изведба како најдобрата изведба до тогаш.Таа станува една од најзафатените Холивудски глумици.Таа одбива многу филмови во годините што доаѓаат и го игра секој лик со невидена уверливост.Во “Point of No Return”, во 1993 година, таа убедливо го донесува виртуелно неизводливиот карактер на политички атентатор во вечерна тоалета.Таа исто така ги снима и филмовите “Singles” (1992), “It Could Happen to You” (1994), и “The Road to Wellville” (1994). Нејзиниот татко, Питер Фонда , верува дека неговата ќерка е најталентираниот член на нивното семејство, вклучувајќи го и неговиот татко, чии вештини Бриџит има изјавено дека сака да ги придобие.”Никогаш не сум доволно среќна со тоа што го приказувам на екранот ”, таа признава во Њујорк Тајмс.”Резултатот што произлегува никогаш не е доволно добар, како што мислам дека ќе биде, или како што се надевам дека ќе биде”.Исто така таа објаснува дека “Не можеш да сметаш на славата и популарноста”.”Има луѓе што работат цел живот така што се форсираат себеси, и таква сакам да бидам и јас”. Со таков став се чини дека ќе гледаме уште повеќе од Бриџит Фонда во месеците и годините што доаѓаат.
3. Филмографија
[уреди | уреди извор]Фонда за првпат се вклучи во театарот кога беше учесник во екипата на училишната продукција на Harvey.Таа одби да побара помош и совети за глумата од нејзините познати роднини, и студираше глумечки методи на Њујорк Универзитетот Tisch School of the Arts и Lee Strasberg Theatre Institute. Фонда дебитираше на филм со улога без текст во комедијата Partners во 1982 година. Дури во 1988 година таа ја доби првата улога со текст, глумејќи со глумецот Џон Харт во Scandal според Profumo affair. Истата година се појаби и во филмовите You Can't Hurry Love и Shag. Првата голема улога во филм Фонда ја имаше во The Godfather, Part III, глумејќи привлечна новинарка. Откако се стекнува со дополнително искуство во неколку театарски продукции и малу филмдки улоги, таа беше дел од екипата на Single White Female. Во интервју New Yorker објавено е дека таа била”...провокативна, подбивачка, забележителна…”, додека Rolling Stone напишаа дека Фонда е “комично восхитување”. Исто така на Фонда и беше понудена улогата на Али МегБил, пред да и биде на Калиста Флокхарт, но таа ја одби за да се фокусира на нејзината филмска кариера. Табела 1: Филмографија година Филм режија 1982 Partners 1987 Aria 1988 You Can’t Harry Love 1989 Scandal 1989 Shag 1989 Strapless 1990 Frankenstein Unbound 1990 The Godfather Part III 1991 Drop Dead Fred 1991 Out of the Rain 1991 Doc Hollywood 1991 Iron Maze 1992 Leather Jackets 1992 Single White Female 1992 Singles 1992 Army of Darkness 1993 Bodies, Rest & Motion 1993 Point of No Return 1993 Little Buddha 1994 It Could Happen to You 1994 The Road to Wellville 1994 Camilla 1995 Rough Magic 1995 Balto 1996 City Hall 1996 Grace of My Heart 1997 Touch 1997 Mr. Jealousy 1997 Jackie Brown 1998 Break Up 1998 A Simple Plan 1998 Finding Graceland 1999 Lake Placid 2000 South of Heaven, West of Hell 2001 Delivering Milo 2001 Monkeybone 2001 Kiss of the Dragon 2001 The Whole Shebang 2002 Snow Queen
4. Литература
[уреди | уреди извор]• Камерон Кров ја имал предвид за сценариото за филмот Singles (1992) • (1999) Била во врска со пејачот/глумецот Двајт Јоакам • (1986-1989) Живеела со Ли Драјсдел • И била понудена улогата на “Али МегБил” (1997) но ја обила за да фокусира на снимање филмови. Всушност таа дури не го ни прочитала сценариото стравувајќи дека ќе и се допадне. • (1990-1998) Живеела со Ерик Столц • Братучетка со Трој Гарити • Внука на Хенри Фонда (дедо), Џејб Фонда (тетка). • Ќерка на Питер Фонда. • Сестра од Џустин Фонда • (1995) Прогласена во топ 100 за најсекси ѕвеѕда во филмот History од Empire магазинот (#85). • Братучетка со Ванеса Вадим. • Ќерка на Сузан Бревер.
|